Советот на јавни обвинители треба да го разгледа предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски


 Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да го разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Предлогот е втора точка на дневен ред на 22. седница, која досега два пати се одложува. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, …

Советот на јавни обвинители треба да го разгледа предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски Read More »

Струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште, без вода дел од Карпош


Без вода во текот на денешниот ден ќе останат корисници од општина Карпош, струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, информираше Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, денеска ќе се санира дефект на водоводна мрежа на улицата „Копенхагенска“, крстосница со „Стокхолмска“ …

Струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште, без вода дел од Карпош Read More »

Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд


Времето во текот на денешниот ден се очекува да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 11 …

Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд Read More »

Нема веќе пиротехника во затворен простор: Донесени измените во Законот за прекршоци


Собранието на Северна Македонија, по двонеделна пауза, синоќа пред полноќ донесе девет закони по скратена постапка. Со 83 гласови „за“ и еден „против“ беа донесени измените на Законот за прекршоци против јавниот ред по скратена постапка, со којшто се забранува употреба на пиротехника во затворен простор. Со предложениот Закон, за кој не беа поднесени амандмани, …

Нема веќе пиротехника во затворен простор: Донесени измените во Законот за прекршоци Read More »

Зелен хумнан град: Институциите се слуги на крупниот капитал


Зелен хуман град порача дека институциите се слуги на крупниот капитал и дека Државниот пазарен инспекторат не си ја работи или ја ззлоупотребува улогата што му е дадена.   -Државниот инспекторат за животна средина – институцијата што во отруена и масакрирана Македонија би требало да чувствува најголема одговорност и да биде најголем сојузник на граѓаните – …

Зелен хумнан град: Институциите се слуги на крупниот капитал Read More »

Според градоначалникот на Крива Паланка инспекторите ја штителе фирмата место граѓаните околу цијанидот


Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во денешната дебата на ТВ24 зборуваше за случајот со рудникот „Тораница” и институционалното постапување поврзано со еколошкиот инцидент и загадувањето на Крива Река со цијанид и други опасни токсични материи.  „Ако имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум. Мојата одлука …

Според градоначалникот на Крива Паланка инспекторите ја штителе фирмата место граѓаните околу цијанидот Read More »

Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти


 Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа во село Батинци, предизвикувајќи поплави на улиците и дел од домовите. Надлежните служби се на терен и работат на враќање на реката во нејзиното корито, додека локалните власти уверуваат дека нема опасност за населението. Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов …

Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти Read More »

Општините ќе помогнат во поставување хидранти, но потоа ќе бидат безмилосни


Преку ребаланс на буџетот, Кисела Вода ќе субвенционира поставување хидратантска мрежа во зградите, најави во  Тема на денот претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, но рече, потоа ќе бидат безмилосни, за оној што нема да го спроведе она што треба да биде спроведено. Тој ја образложи работата на ЗЕЛС во …

Општините ќе помогнат во поставување хидранти, но потоа ќе бидат безмилосни Read More »

Се излеа Маркова Река, поплави по улиците во Батинци


Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река. поради обилното количество на вода, излеана е раката и предизвикани се поплави на улиците и дел од домовите, објави ТВ21. Во моментов на терен е и механизација која се обидува да го ја врати реката во речното корито. Од УХМР вчера најавија дека особено источните делови …

Се излеа Маркова Река, поплави по улиците во Батинци Read More »

Кавадарци со повик до земјоделците да пријават штети кај овошки од ниски температури


Општина Кавадарци денеска упати јавен повик до земјоделците да пријават штети кај овошки од ниски температури. Се работи за оштетувања од ниски утрински температури што го зафатија регионот пред неколку дена, а земјоделците се пожалија дека имаат штети кај дрвцата праски, кајсии и бадеми. – Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци кои имаат претрпено материјална …

Кавадарци со повик до земјоделците да пријават штети кај овошки од ниски температури Read More »

Нема хидранти во тетовските училишта – директорите се жалат дека немаат пари


Општинскиот инспекторат во Тетово констатирал дека нема противпожарни хидранти во неколку училишта. Засега нема преземени чекори за надминување на состојбата, а училиштата сè уште не го добиле извештајот. Директорите се жалат и на недостиг на пари. „Не добивме официјален извештај што забележале и што недостига, но во разговор со нив ги увидовме недостатоците и почнавме …

Нема хидранти во тетовските училишта – директорите се жалат дека немаат пари Read More »

Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште


 Без вода во текот на утрешниот ден ќе останат корисници од општина Карпош, додека струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, соопшти вечерва Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, утре ќе се санира дефект на водоводна мрежа на улицата „Копенхагенска“, крстосница …

Без вода утре дел од Карпош, струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште Read More »

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протест


СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (02.04.2025) во 12.05 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трасата на движење ќе започне пред Работнички дом (зграда на ССМ) на ул. „Мирче Ацев“ кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ во продолжение по ул. …

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протест Read More »

Амбасадата на САД апелира да се почитуваат визите, во спротовно ќе има депортација


Американската Амбасада во Скопје апелира носителите на визи да ги следат американските закони и правила. – Скринингот на визите за САД не престанува по издавањето на визата. Ние постојано ги проверуваме носителите на виза за да утврдиме дали ги следат сите американски закони и правила и ако не ги следат ќе им ги укинеме визите …

Амбасадата на САД апелира да се почитуваат визите, во спротовно ќе има депортација Read More »

На денешната владина седница помина оставката на градоначалникот Папазов


На денешната владина седница поминала оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој ја поднесе оставката по пожарот во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. Информацијата за МИА ја потврдија од Владата.  Папазов заедно со двајцата поранешни градоначалници на Кочани беше приведен и одреден му е притвор, додека останатите …

На денешната владина седница помина оставката на градоначалникот Папазов Read More »

Десет припадници на ЕБР земале пари од МВР за патни трошоци, по лична карта


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., …

Десет припадници на ЕБР земале пари од МВР за патни трошоци, по лична карта Read More »

Николовски: УСС на УКИМ не е против здруженија на студенти, отворени сме за дискусија


Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет (УСС на УКИМ) не е против нови здруженија и организации на студенти и ќе ги повика на дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат студентите, изјави претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски прашан за став во врска со појавата на нови студентски иницијативи по трагедијата во Кочани, …

Николовски: УСС на УКИМ не е против здруженија на студенти, отворени сме за дискусија Read More »

Поради ограничени испораки на гас, неделава радијаторите во Скопје ќе бидат постудени


Согласно најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5 април годинава ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија кај корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика, информираат од АД ЕСМ.  Очекуваме, додаваат, дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, …

Поради ограничени испораки на гас, неделава радијаторите во Скопје ќе бидат постудени Read More »

Владата ќе набави 120 еколошки автобуси, 80 ќе бидат за Скопје


Владата денеска на седница усвоила Информација за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.  -Владата ја разгледа и усвои …

Владата ќе набави 120 еколошки автобуси, 80 ќе бидат за Скопје Read More »

Два нови случаи на Ковид-19 во државава


Два нови случаи на Ковид-19 се регистрирани изминатата недела – од 24 до 30 март, соопшти попладнево Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Тестирани биле вкупно 213 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-ков-2 (SARS-CoV-2), за 1,8 проценти помалку во однос на минатата недела. – …

Два нови случаи на Ковид-19 во државава Read More »