Интервјуирање кандидати за судија во ЕСЧП во Стразбур


Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд. Како што информира Комисијата, по состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. -Поради зголемување на транспарентноста во процесот […]

Прекинато водоснабдување на ул. „Јосиф Јосифовски Свештарот“ во Центар


Корисници од ул.„Јосиф Јосифовски Свештарот“ во Центар денеска ќе немаат вода поради изведување водоводен приклучок на таа улица, број 34. Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности.

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер […]

Досега во прв круг избрани 11 градоначалници, ВМРО ДПМНЕ – 8, СДСМ, НАИ и ВРЕДИ по еден


Според досега целосно обработените резултати од гласањето, во 11 општини градоначалниците се избрани уште во првиот круг од локалните избори. Најмногу победи забележа ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидати триумфираа во осум општини, СДСМ во прв круг засега победи во една општина, исто како и НАИ и ВРЕДИ. Победници од ВМРО ДПМНЕ се Славе Андонов во Василево (73,97%), […]

Ѓорѓиевски – Мециновиќ, најизгледна битка за Скопје


Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ многу извесно ќе се пласира во вториот круг од локалните избори. Мециновиќ има над 1.500 гласа повеќе од кандидатката на СДСМ, Каја Шукова. Според 73 отсто обработени гласови во Скопје, Мециновиќ има 19.969, Башким Бакиу од Влен има  19.314, Каја Шукова од СДСМ, 17.227, а Скендер […]

ВМРО-ДПМНЕ води во Скопје и повеќето скопски општини, СДСМ во Центар, ВРЕДИ во Чаир


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 42,64 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 12,83%, Башким Бакиу од ВРЕДИ со 11,69, потоа Каја Шукова од СДСМ со 11.41 и Скендер Реџепи од НАИ со 10,52% […]

Тони Коњановски победи во првиот круг во Битола, мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во Советот


  Актуелниот градоначалник Тони Коњановски победи во првиот круг од локалните избори во Битола. Мнозинство од 16 советници во Советот се очекува да има ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално, според информации од штабот на Коњановски тој освоил 18.753 гласови или безмалку 51 процент од бројот на излезени гласачи. Далеку зад него по бројот на гласови е кандидатот на […]

Кандидатот на СДСМ во Росоман, Стојан Ангелов, победи во фотофинишот


  Една од најнеизвесните битки на изборите за градоначалник се водеше во Росоман. По 90 отсто од преброените гласови водеше кандидатот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски, пред Стојан Николов од СДСМ со 904 наспрема 901 глас. Бера избројани гласовите во девет од десетте избирачки места.   По пребројувањето на гласовите од последното избирачко место Стојан […]

Независниот кандидат Садики води пред ВЛЕН и пред ДУИ


Во Општина Студеничани, во моментот пребројани се 72,74 отсто од гласовите, а независниот кандидат Азем Садики, води пред своите противкандидати од ДУИ и од ВЛЕН. Имено, од пребројани реќиси 73 отсто од гласовите, за Садики гласале 2.189, а за Седат Беслими од ВЛЕН – 1.760, додека за кандидатот на ДУИ, Ејуп Абази – 1.847 граѓани. […]

ДИК ги објавува резултатите – Јовановски води во Кичево, Димитриевски тесно во Куманово


  Државната изборна комисија почна да објавува резултати од локалните избори кои се одржаа денеска. Во моментот, во повеќето општини низ Македонија водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите ДИК ги црпи од локалните одбори, па за дел од општините обработени се и до 99 отсто од гласовите, а за некои едвај 15 отсто. Интересна е битката […]

Лишени од слобода 11 лица, едно од нив е вработено во ДИК, вели Тошковски


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека изборите минале во главно фер и демократска атмосфера. Информираше дека уапсени се 11 лица, а исто така се проверувале 19 објави на социјалните мрежи и интернет во врска со изборите. „Лишени од слобода се 11 лица поради поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче. Ослободени се четири […]

Победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и Велес


  Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, и градоначалникот на Велес, Марко Колев, добија нови мандати откако издвоија убедлива победа во првиот круг од локалните избори. „Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална […]

OJO: Мал број на сомненија за кривични дела поврзани со изборите


Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите.Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување. На подрачјето на Вишото […]

За коалицијата на ДУИ изборите беа фер и демократски


  Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, по завршувањето на гласањето на локалните избори, во седиштето на партијата во Тетово, рече дека коалицијата НАИ овие избори ги смета за слободни, фер и демократски. „Досега е завршен еден многу важен дел од демократскиот процес, но сега започнува другата еднакво важна фаза, фазата на броење, администрирање и зачувување […]

(Видео) ДИК по завршување на изборите: Излезноста помала од изборите во 2021 – 46,65 отсто


Државната изборна комисија на прес-конференција во 19.30 часот се очекува да ги прогласи локалните избори, односно првиот круг од овие избори, за затворени… Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија. „Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле […]

Заврши гласањето на локалните избори, следува пребројување на гласовите


  Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што […]

МВР: Во Чаир не е приведен член на избирачки одбор – туку двајца кои лажно се претставувале како набљудувачи


Од МВР со детални информации за апсењето на избирачко место во Чаир. Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје. Станува збор за Ф.Е. (35) и Н.Е. (44). Имено, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а […]

Полни контејнери ги дочекаа гласачите


Денешниот изборен ден во општина Аеродром поминува со негодувања на жителите на една од најголемите општини во Македонија за несобрано ѓубре и смрдеа која се шири цел викенд. Изборниот ден кој треба по сите дефиниции да биде свечен се претвори во мизерно искуство на аеродромци, посебно затоа што најголем дел од контејнерите се поставени во […]

Уапсен член на избирачки одбор во Чаир?


Член на избирачкиот одбор денеска е уапсен на избирачко место во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир, објави „Алсат“. Според информации од теренот, апсењето се случило за време на пауза, во моментот кога лицето излегло надвор да испуши цигара. Претседателот на избирачкиот одбор на ова избирачко место изјавил дека сѐ уште нема официјални […]

ДИК повикува изборните органи да не ги попречуваат медиумите на терен


Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа на терен. На медиумските работници од Македонија не им е потребна акредитација од ДИК за да ги следат изборите, туку тие се идентификуваат едноставно со беџот издаден од нивната новинарска куќа или од новинарските здруженија […]