ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес, како што велат, е […]

Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“


Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. […]

Матео Мекачи шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР: Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите


Шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР за локалните избори во земјава Матео Мекачи денеска изјави дека набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите и истакна дека не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите. Мекачи кој денеска беше на избирачкото […]

МВР: 20 пријави за прекршување на изборниот молк, најмногу во Скопје и Куманово


Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изборниот молк, од 18 октомври до утрово во 7 часот, биле регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк низ земјата. Најмногу случаи се евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – шест, по што следат четири пријави во Куманово, три во Велес, по две во Охрид, […]

Гласовите за листата со починато лице во Скопје ќе бидат поништени – Управниот суд ја одби тужбата против ДИК


Политичка партија поднесе тужба против одлуката на Државната изборна комисија, која ја поништи нивната листа за Совет на Град Скопје поради тоа што на неа се најде починато лице. Управниот суд денес ја одби тужбата, со што одлуката на ДИК останува во сила. „Сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје кои ќе бидат дадени […]

Битола може да се грее и од отпадните води на пречистителната станица


  БИТОЛА – Битола е во завршна фаза на изградбата на топловодот и после 13-14 години дел од институции во градот ќе добијат греење. Топловодот зависи од енергијата од РЕК „Битола“. Градот под Пелистер е пред нов и голем предизвик, а тоа е како да се обезбеди континуиран извор на енергија за топлификацијата, бидејќи РЕК […]

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа по гласањето


Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 […]

Променливо облачно, температурата до 19 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до […]

Почина професорот Александар Стерјовски, хроничарот на Битола


БИТОЛА – Почина професорот Александар Стерјовски (92)  хроничарот на Битола. Наговото тело ќе биде изложено в понеделник во храмот Св. Димитрија во Битола, а погребот ќе се изврши на Буковски гробишта. Стерјовски беше најисцрпниот хроничар на Битола. На литературен македонски јазик можеше да зборува за историјата на градот со часови. Книжевност студирал во 1953 година […]

Од 43 милиони евра Македонија добива само 16 милиони за дигиталните реформи


Од 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 Македонија добива само 16 милиони за три реформски закони и тоа во Министерство за дигитализација, потврди во последниот извештај Европската комисија во делот за Македонија. Сите останати реформи или не се спроведени, или преземените мерки и реформски проекти и закони не се признаени од страна на […]

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи


Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во понеделник ( 20 октомври) ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд.  По состанокот, како што информираат од Комисијата, ќе бидат спроведени интервјуа со кандидатите, кои ќе се одвиваат на англиски и на француски […]

(Видео) Инцидент во Кочани: Учесниците на „Маршот на ангелите“ го затекнаа обвинетиот поранешен градоначалник во кафеана со актуелен кандидат


Инцидент имаше денеска во Кочани при маршот на ангелите, откако учесниците го затекнаа обвинетиот за пожарот во „Пулс“, поранешниот градоначалник Ратко Димитровски, во кафеана во друштво на актуелен кандидат за градоначалник на Кочани од една партија, јавија повеќе медиуми од источнит крај.   Учесниците на Маршот за ангелите кои проаѓаа покрај објектот ги видоа заедно […]

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено


Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето таму за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Како што истакна Кондарко, одговорајќи на новинарски прашања […]

До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст


Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура […]

Изградбата на Универзална мрдна од место – избран изведувач


Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – […]

ОЈО Струга оформи предмет за уривање на спомен-куќата на Владо Малески


Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта. Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка. – […]

Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места


Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови. Гласање во дијаспората нема, но доколку лицата кои се […]

Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови…


Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови.  Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници, а според информациите на МИА најмногу во КПД Идризово 938, […]

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 18 октомври 2025 година, 291-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 74 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 50 минути, а ќе зајде во 17 часот и 47 минути. Денов трае 10 часа и 57 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]