Одобрено и обвинението за сопственикот на „Рубикон“ за пожарот во „Пулс“ во Кочани


Советот за оценка на обвинител акт, постапувајќи по дополнителното обвинение со КО 2317/25 поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, донесе решени со кое во целост го одобри актот. Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно […]

Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески


Министерството за култура и туризам веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески со цел да се зачува автентичниот изглед и историскиот дух, што го носи домот на авторот на македонската химна, изјави денеска од Струга, ресорниот министер Зоран Љутков.  По посетата на локацијата, каде пред […]

Стојковски во сред изборна кампања почна изградба на детска градинка во Дексион


Актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров во Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој бара уште еден мандат од своите сограѓани во недела, денеска почна со изградба на детска градинка, што е строго забрането со оглед на тоа што се наоѓаме во изборна кампања.  Тој денеска на социјалните медиуми се пофали со почеток на изградбата на […]

Ѓорѓиевски повика сите да се обединиле за Скопје по изборите


  Мојата рака останува подадена кон сите, кон секој граѓанин, активист и секој мој противкандидат. По изборите политиката мора да престане, време е за работа. Ве повикувам сите да се обединиме околу Скопје, бидејќи овој град е нашиот единствен дом, порача денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на […]

„Да се избориме за Скопје“: Завршна порака на Каја Шукова


  Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска ја упати својата завршна изјава пред гласањето в недела, и ги повика граѓаните на Скопје да излезат на 19 октомври и да гласаат за број 5 за визија, знаење и резултати. „Скопје е нашиот дом и време е да се избориме за него“, […]

За еден ден против грип вакцинирани речиси 20 илјади граѓани – меѓу нив и Алиу


Министерот за здравство Азир Алиу денеска во гостиварскиот Центар за Јавно здравје, заедно со вработените ги анализираа за минатата и оваа година и потврди дека има подобрување на бројот на заинтересирани граѓани кои сакаат да се превенираат со вакцината за превенција од грип. – На ниво на државата има 49.530 пријавени граѓани коишто сакаат да […]

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право


Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното […]

Македонија доби патоказ за дигитализација


По осум години, Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ позната како СМАРТ/МК2030 која е патоказ како државата ќе ја оствари дигиталната иднина. СМАРТ/МК2030 е национален документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој. -Овој документ претставува патоказ за тоа како нашата држава ќе ја оствари својата дигитална иднина – усогласена […]

ЕУ ја одобри втората транша пари за Македонија од Планот за раст


Со Одлука за спроведување на Европската комисија, Европската Унија го одобри второто ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, соопшти Министерството за европски прашања.Со оваа одлука, како што е појаснето, се одобрува вкупен нето износ од 16 милиони евра, како комбинирана поддршка: дел неповратни […]

МВР со дронови ќе ги обезбедува изборите


Министерството за внатрешни работи во недела, кога ќе се одржи првиот круг на локалните избори најави полициско присуство во близина на локациите на избирачките места, како и на клучни сообраќајни точки, а најави дека ќе се користи и современа технологија, дронови. Како што потенцираат од МВР, целта е навремено да се откријат можните нарушувања на […]

АРНО и „Ништо ново“ со порака за Светскиот ден на поправки: Работите треба да траат


  По вторпат во Македонија, здружението АРНО и Центарот за поправки „Ништо ново“ ќе го одбележат Светскиот ден на поправки, кој оваа година се одржува на 18 октомври на тема „застарување (обсолесценција) на софтвер“. Темата за оваа година е особено значајна, бидејќи само неколку дена пред Светскиот ден на поправки, Microsoft ја прекина поддршката за […]

Еко свест: Кои партии се подготвени за климатска акција во Скопје?


Еко-свест издаде соопштение наречено „ Зелен изборен семафор“ врз основа на предизборните ветувања од локалните избори за Град Скопје, а со цел да престави кои партии се подготвени за климатска акција во Скопје.Според оџценката, планирани проекти и мерки на локално ниво за зголемување на климатската отпорност на главниот град, мерки за намалување на емисиите на […]

Герасимовски: Центар има 10.000 садници, сите се евидентирани на јавен портал


Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 информираше дека сите зелени површини на територија на Центар се евидентирани во ГИС порталот, кадешто има над 10.000 садници. „Имаме ГИС портал кадешто во моментов се детектираат сите зелени површини во градот. Имаме над […]

(Видео) Алпаките Фелиција и Кенди добија принова: црно-бел убавец во ЗОО Скопје


Пред неколку дена, во скопската зоолошка градина се родила нова алпака и тоа од тие ретките: црно-бели.  „Нашите алпаки Фелиција и Кенди станаа мама и тато на мал црно-бел убавец кој веднаш ни ги украде срцата.  Алпаките (Vicugna pacos) се припитомени животни од Јужна Америка, најмногу распространети во Перу, Боливија, Еквадор и Чиле.  Црнобелите алпаки […]

Вработените во „Паркови и зеленило“ пак не зеле плата – најавија штрајк


Вработените во „Паркови и зеленило“ со најава за тужби против раководството на претпријатието, бидејќи платите не ги добивале во законски рок до 15-ти во месецот. Ако денеска не им се исплатат платите ќе носат одлука за штрајк и протест за блокади на клучни крстосници во Скопје. Од Синдикатот потенцираат дека недозволиво е работникот да работи, […]

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште в недела


Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник и најверојатно таму граѓаните прв човек на локалната самоуправа ќе добијат уште следната недела. Локалните избори за 80 општини и Градот Скопје се закажани за в недела на 19 октомври. По двајца кандидати за градоначалници има во Богданци каде […]

Без струја дел од населба Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР


Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на улица „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата од оваа улица, дел од населба Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 17 октомври 2025 година, 290-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 75 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 49 минути, а ќе зајде во 17 часот и 49 минути. Денов трае 11 часа. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 2 часот и […]

Ултрамаратонците му оддадоа почит на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози


 Со 500 рози, тага и сеќавања крушевчани ги пречекаа 12-те ултрамаратонци кои денеска пристигнаа во Крушево, на Гумење каде е вечното почивалиште на Тоше Проески, македонската и балканска ѕвезда, големиот човек и хуманитарец. Маратонците по 18-пат, колку што години Тоше не е меѓу нас, го почнаа маратонот од Нова Градишка, Хрватска од местотокаде Тоше на […]