Сакаме да бидеме најдобри во одделението: Мицкоски објаснува што ќе се донесе, а што не од Реформската агенда


  Пазарот на електрична енергија за домаќинствата нема да се либерализира иако тоа е дел од Планот за раст, односно Реформската агенда, како една од 12-те преземени обврски од страна на Владата до крајот на оваа година. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата посветена на […]

СДСМ тврди дека породилното доцни и до еден месец


  Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон, тврдат од СДСМ. „Породилниот надомест доцни по 20 дена, а има мајки кои чекаат и повеќе од 30 дена. Фондот ова го признава и вели дека тоа било во ред. Понижувачки и нечовечки е да се дозволи мајките […]

Судење за „Пулс“: Дел од одбраната реагира дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови


Судот даде половина час пауза на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени, откако одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат […]

Герила акција пред судењето за „Пулс“


Пред второто рочиште за случајот поврзан со трагедијата во дискотеката „Пулс“, движењето „Кој е Следен?“ утринава изведе силна симболична герила-акција пред Кривичниот суд во Скопје. На самиот влез беа поставени десетици стилизирани „очи“ — моќна визуелна порака дека јавноста внимателно го следи секој чекор од постапката и дека институциите се под будно набљудување. Акцијата ја артикулираше атмосферата која владее во […]

Нивото на водата во Охридското Езеро десет сантиметри над просекот за ноември


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.39 метри надморска височина или десет сантиметри над просекот за месец ноември. Нормализирањето на водостојот секако е последица на обилните врнежи што го зафатија регионот изминатите денови. За споредба, пред само десет дена нивото на водата во езерото беше десет сантиметри под месечниот просек. […]

Започнува второто издание на „Навигатор“


Јуроп Хаус денеска го лансира новото издание на „НАВИГАТОР“, едукативна онлајн игра создадена со цел да ја подигне свеста за човековите права. Новата верзија на играта е отворена за играње од денеска 25, до полноќ на 14 декември, овозможувајќи им на учесниците три недели да играат, да учат и да се натпреваруваат за главната награда […]

Левица бара на бремените жени автоматски да им се продолжува договорот за работа


„Уште еден немил пример за системско насилство врз жена, обелоденето во очи денот на Кампањата за 16-дневен активизам против родово базирано насилство – трудница го изгубила бебето во 27 недела поради доживеан стрес од непродолжен договор за работа. Жена – професионалец, која 14 години инвестирала во знаења, ангажирана во болницата во Струга, добила отказ со […]

Во Липково данокот на имот е 200 денари, водовод има – вода нема!


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Липково, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на општината и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства […]

(Во живо) Продолжува судскиот процес за „Пулс“ – ќе признаат ли вина?


Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по […]

Невидливата страна на насилството: 80 отсто од жените биле спречени да работат од страна на насилниот партнер


По повод почетокот на 16-те меѓународни денови на активизам против насилството врз жените, Здружението ЕСЕ ја истакнува невидливата, но речиси универзална последица од семејното насилство: економската несигурност на жените и децата по разводот или разделбата. Насилството не завршува по напуштањето на насилната заедница, тогаш започнува економската борба. Невидливата страна на насилството: економските трошоци што жените […]

Најстудено во Берово, најтопло во Виница


Најстудено утрово е во Берово, – 2 степена Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Виница. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот 1 степен е измерен во Струмица и Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 3 во Скопје–Зајчев Рид, Охрид и Прилеп, 4 во Гевгелија, Штип, Кавадарци и Маврови […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, се очекува произнесување за вина и воведни зборови на одбраната


Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по […]

Промениво облачно, наутро студено, од среда пообилни дождови


Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и ниски утрински температури. Во западните делови ќе има повремен локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно време со […]

Коцевски: Предметите за легализациите во Чаир ќе се спојат


Предметите поврзани со спорните легализации во Општина Чаир се водат во Основното јавно обвинителство – Скопје и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) и најверојатно ќе бидат споени поради што меѓусебно се поврзани, изјави синоќа републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 тој појасни дека едниот […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 ноември 2025 година, 329-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 36 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 30 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Физички нападнат новинарот Владимир Перев


  Новинарот Владимир Перев, кој се води како дел од бугарската заедница во Македонија, бил физички нападнат во Скопјe, се вели во соопштението на бугарското Министерството за надворешни работи. Перев (80) изјави за македонскиот портал „Трибуна“ дека маж двојно помлад од него го удрил во лицето и му ги скршил наочарите затоа што бил дел […]

Гаши ја минира Анкетната за Кочани по задача на Мицкоски, обвинува СДСМ


  Христијан Мицкоски преку Африм Гаши го минира формирањето на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, што е барање на семејствата на загинатите и повредените, велат од СДСМ, откако денеска собранискиот спикер ја врати иницијативата до предлагачите на доработка. „Поднесената иницијатива на пратениците на СДСМ е целосно согласно Деловникот кој дава можности да се утврди бројот на […]

Со грант од Кореја МЗ набави осум електрични возила за инспекциските служби


Министерството за здравство, со поддршка од Владата на Република Кореја, преку грант за помош обезбеди осум современи електрични возила, со инсталација на станици за електрично полнење.     – Заедно со амбасадорот на Република Кореја, Донг-бае Ким, денеска, извршивме примопредавање на првите три возила од грантот, а до крајот на месецот очекуваме да пристигнат уште пет […]

Скопје е најголем загадувач на Вардар, затоа треба да се доврши колекторскиот систем и пречистителната станица


Само преку активна и посветена вклученост на сите засегнати страни ќе го заштитиме од загадување и нерационално користење сливот на реката Вардар и ќе изградиме одржлив и ефикасен систем за управување со сите подземни и површински води во државата, е главната порака од настанот „Денови на Вардар 2025“. Преку дискусии, работилници и тренинзи, првиот настан […]

Се затвораат дупките на улиците во Скопје, се ослободуваат тротоарите за пешаци


Во овој момент се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје и тоа на затворање на ударните дупки на коловизите, а паралелно се редат столпчиња, со кои ќе се отворат тротоарите за движење на пешаци, а не да бидат паркинзи за автомобили. „Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на […]