Над 900 лица носат алка место да седат во затвор – системот има капацитет за многу повеќе


Над 900 лица во моментов се под пробациски мерки, а системот има капацитет да опфати уште многу повеќе, беше истакнато пред работниот состанок на тема „Пробација и условен отпуст“, кој се одржува денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје. Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, посочи дека […]

Недоизбраните градоначалници до лакти се закопаа в ѓубре


Градоначалниците во Скопје кои не освоија нов мандат, па ќе треба на мегдан да излезат за две недели, во вториот круг од локалните избори, мака мачат со ѓубрето низ Скопје. Со денови, ако не и недели, ЈП „Комунална хигиена“ не ги празни контејнерите, а околу нив има собрано планини отпад. Оваа слика нема скопјанец што […]

На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија


 На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). Работниот тим што ја изведе оваа значајна интервенција се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог). -Испишуваме ново поглавје во […]

Обвинение за поранешната директорка на средношколскиот дом во Битола


  По една година и осум месеци истрага Основното јавно обвинителство од Битола поднесе обвинение за Елена Спасеновска поранешна директорка на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола. Истрагата за работата на Спасеновска започна по новинарското истражување на новинарката  Анета Блажевска и серијата текстови за Средношколскиот дом во Битола од февруари 2024, објавени во „Независен“.  Блажевска […]

Во Битола се гради спомен-обележје на Јонче Христовски


На влезот во Старата битолска чаршија, во непосредна близина на дрвениот мост на реката Драгор, познат како Мост на вљубените, Општина Битола почна со изградба на спомен-обележје на естрадниот уметник Јонче Христовски. Поставувањето спомен-обележје се врши со посебно решение за изградба на споменици, спомен-обележја и скулптури, а инвеститор е Општина Битола и со приватна донација. […]

ЕУ размислува за забрана на етанол во средствата за чистење и други производи


ЕУ размислува за класифицирање на етанолот како опасна супстанца што го зголемува ризикот од малигни заболувања. Етанолот е супстанца што се користи во многу средства за дезинфекција на раце, средства за чистење и други производи, според „Фајненшл тајмс“. Внатрешна препорака од една од работните групи во рамките на Европската агенција за хемикалии (ECHA) на 10 […]

„Онкологија 2“: Сослушани поранешни членови на УО на Клиниката за онкологија


 Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за […]

Герасимовски бара вонреден состанок на ЗЕЛС за несобирањето на ѓубрето


Градоначалникот Горан Герасимовски, во лајв видео се обрати во јавноста тврдејќи дека 5 дена ЈП „Комунална хигиена” воопшто не се појавува на улиците во Центар за да го подигне сметот каде што има надлежност. Герасимовски истакна дека утрово испратил допис до ЗЕЛС за итна седница кадешто ќе се побара решение за овој проблем. – Ова […]

Замрзнат имотот на бизнисменот Борче Марковски во Србија и Македонија


  БИТОЛА – Замрзнат е имотот на бизнисменот Борче Марковски, сопственик на „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола. Марковски од минатата недела е во притвор во затворот во Битола. ОЈО Битола денска соопшти дека замрзнат е имот во Србија и Македонија од осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“. Марковски со својот бизнис повеќе од две децении […]

Облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со […]

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија


Во Тетово денеска е прекинато снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на главната водоводна линија Лешница, информираа од ЈКП „Шар“. Според соопштението, непознати лица со остри алатки ја оштетиле мрежата, по што екипите на јавното претпријатие веднаш излегле на терен и работат со полн капацитет за санација на дефектот. „Нашите екипи се ангажирани без […]

Се интервјуираат кандидатите за судија во Стразбур, Костадиновски не виде конфилкт на интереси


Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) денеска на состанок почна интервјуирање на селектираните кандидати и дискутираше за претставки за потенцијален судир на интереси упатени до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и за два приговора пристигнати до Комисијата.   – Претседателот на Комисијата Дарко […]

Ѓорѓиевски: Да засукаме ракави и да работиме


Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој наспроти очекувањата, не победи во прв круг, вели дека уште денес ќе продолжи да работи на конечна победа. Вели дека со противникот нема да се занимава оти смета дека го нема. „Уште од денес ќе разговарам со сите кандидати и политички структури кои не влегуваат […]

Герасимовски денеска со засилена акција за чистење на Центар: Зголемен број хигиеничари, механизација, работа во две смени


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон.  „Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е […]

Советот на Град Скопје под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН


  Двата клучни владини партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, имаат мнозинство во новиот Совет на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, а ВЛЕН шест, што е мнозинство во советот кој има 45 члена. Еден советник има ЗНАМ, така што владејачката коалиција е во удобна позиција за идното раководење со градот. ВМРО-ДПМНЕ освои 35,15 отсто, или 81.649 […]

Во прв круг избрани 44 градоначалници, втор круг ќе има во 33 општини, повторување во три


На локалните избори, во прв круг беа избрани градоначалници во 44 општини, додека во 33 ќе се гласа во втор круг. Во три општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Според податоците на Државната изборна комисија, градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, […]

Во Кочани, во втор круг, ќе се бира меѓу Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ и независниот Крстевски


Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори. Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на […]

Кој ќе го чисти Скопје, Ѓорѓиевски или Мециновиќ, ќе треба да кажеме на 2 ноември


Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг.  Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани […]

Јаневска на министерски состанок за истражувања и иновации во Подгорица


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок за истражувања и иновации на земјите од Западен Балкан, што се одржува во Подгорица, Црна Гора. На дводневниот настан, како што соопшти МОН, предвидени се повеќе панел дискусии посветени на развојот и поврзувањето на истражувачката инфраструктура во регионот, како и […]

Почнува 16. ЕХО – Фестивал на планински филм


Од денеска до  24 октомври во Кинотеката ќе се одржува 16. ЕХО – Фестивал на планински филм, кој вечер ќе биде отворен со полскиот филм „Последната експедиција“ (The Last Expedition) на режисерката Елиза Кубарска – инспиративна приказна за жени алпинисти кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите. Покрај проекцијата, обраќање ќе има и писателката […]