Сончево, претпладне со магла во одделни котлини


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност […]

Црвен картон, голема борба. шанси… Дербито Челзи – Арсенал. сепак, без победник


 Дерби натпреварот на 13.коло Премиер лигата меѓу Челзи и Арсенал заврши без победник 1:1. Лидерот Арсенал не ја искористи предноста со играч повеќе откако поради груб старт во 38.минута беше исклучен играчот на Челзи Каиседо. Иако со играч помалку „сините“ од Лондон први дојдоа во водство со голот на Чалоба во 48.минута. Водството на Челзи […]

Заврши дводневниот стрип маратон „24 часовно цртање на стрип“


Речиси 200 учесници од разни земји меѓу кои и од повеќе градови од Македонија преку онлајн цртање од дома во изминатите два дена земаа  учество на 16-тиот по ред регионален стрип маратон „24 часовно цртање на стрип“. Овогодинешната тема е ПЛАН Б и истата беше дадена непосредно пред почетокот на акцијата. Томе Трајков, стрип-промотер од […]

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став


Барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и Сојузот на здруженија на пензионери во Република Македонија, беа во насока на линеарно зголемување на пензиите и Владата тоа го испочитува, но конечната оцена за уставноста на мерката треба да ја даде Уставниот суд, вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола […]

Сиљановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите


 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На настанот на претседателката и беше врачена благодарницата за нејзиниот придонес. -Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што […]

Арсовски вели дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“


Димче Арсовски, член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ги нарече лаги обвинувањата од СДСМ дека бил во некаква поврзаност со лицето Кристијан Арсовски и за вмешаност во спорен  тендер тежок милиони евра преку фирмата „Дигитал оне“, која имала само двајца вработени. „За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, […]

Инфлацијата на петки е заради родителите, барале децата да имаат високи оцени, смета Јаневска


Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме на оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење дека де факто им […]

Дипломатски хуманитарен базар за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта


По повод Светскиот ден на детето, денеска во хотелот „Мериот“ во Скопје се одржа Дипломатски хуманитарен базар под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. Настанот, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост. На […]

Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови случаи на ХИВ/СИДА, речиси сите се мажи


Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА.  ИЈЗ нагласува дека ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите […]

Најстудено утрово во Скопје – 2, во текот на денот од 7 до 13 степени


Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови – 1, додека во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија нула степени.  Во Виница, Берово се измерени еден степен, во Прилеп и Кавадарци два степени, во Тетово, Охрид, Претпор и Битола три степени и во […]

„Магијата е во знаењето“ денеска во Струмица: Петта панел-дискусија за создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“


Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука денеска продолжува со својот караван во Струмица. Досега се одржаа панели во Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово, а следната станица е Струмица. Во панел-дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, Ана Витанова – Рингачева, вонреден професор на катедрата […]

Дипломатски хуманитарен базар по повод Светскиот ден на детето


 По повод Светскиот ден на детето, денеска во хотелот Мериот во Скопје ќе се одржи Дипломатски хуманитарен базар под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. Средствата собрани на настанот ќе бидат наменети за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост. На базарот ќе учествуваат […]

Променливо облачно со сончеви периоди, во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со […]

Без вода утре остануваат повеќе скопски улици во општините Бутел и Гази Баба


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето. Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 […]

Градоначаникот на Чешиново-Облешево бара помош за справување со поплавите


Обилните врнежи од ноќеска предизвикаа сериозни проблеми во источниот дел на земјата, каде Кочанска Река излезе од коритото и ги поплави селата Чешиново, Облешево и Чифлик. Најтешките последици се во Облешево, каде под вода завршија куќи, земјоделски површини и магацини со ориз. Поради состојбата, Општина Чешиново–Облешево активираше кризен штаб. Градоначалникот Јорданчо Костадинов изјави дека екипите […]

Повеќе од 70 пациенти прегледани во рамки на „Мовембер“ во Геронтолошкиот завод Скопје


Во ЈЗУ Геронтолошки завод Скопје успешно беше одбележан „Мовембер“, месецот посветен на машкото здравје и превенцијата од карцином на простата. Во рамки на активностите, беа извршени ЕХО и уролошки прегледи на повеќе од 70 пациенти. Директорката на установата, Ленче Нелоска, на својот Фејсбук-профил изрази благодарност до медицинскиот персонал кој учествувал во акцијата, меѓу кои и […]

Марш на ангелите: До кога ќе се одложуваат правдата, вистината и нашите животи


„До кога ќе се одложува правдата, до кога ќе се одложува вистината и до кога ќе се одложуваат нашите животи?!“ прашаа денеска родителите на загинатите деца од кочанската трагедија, незадоволни од одложувањето на второто судско рочиште за случајот „Пулс“. Маршот за ангелите започна од Паркот на револуцијата во Кочани со порака дека се чекори „со […]

ИЈЗ: Физичко – водата во ОУ „Димо Хаџи Димов“е чиста, тешки метали не се пронајдени


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и оти физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности. Тешки метали во мострите од вода не се пронајдени. – Како што претходно известивме за резултатите од мостри […]

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд


Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права. […]

Поплавени објекти во Облешево


Обилните врнежи од дожд и неисчистените канали предизвикаа проблеми на земјоделците Чешиново-Облешево. Попавени им се дворовите и фармите по неколкудневното врнење. Мештаните вината освен во природата ја бараат и во сопствената, но и во неодговорноста на надлежните.  Најголемата брана во регионот Калиманци која што во изминатиот период беше под нивото се полни. Од Управата за хидрометеоролошки […]