Stay BE од Битола се победници на првиот „Средношколец милионер“


Во организација на Бреинстер синоќа заврши првото издание на „Средношколец милионер“, најголемиот и најамбициозен натпревар за средношколски бизнис-идеи во Македонија. Натпреварот започна со визија да создаде национална платформа која ќе ги препознае, охрабри и поддржи младите луѓе со претприемачки дух. По повеќемесечна подготовка, селекции и менторства, финалето ја потврди огромната енергија и талент кај новата […]

На Универзитетот „Мајка Тереза“ пристап до информации и услуги преку виртуелен асистент


 Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска презентираше виртуелен асистент базиран на вештачка интелигенција – иновативна алатка за студентите и наставниот кадар која ќе им овозможи поддршка и насоки за сите академски и административни прашања поврзани со Универзитетот. Со користење на виртуелниот асистент, именуван „Мајка Тереза“ и поставен на веб-страницата на универзитетот, тие ќе имаат побрз […]

Охрид и Крушево го отвораат новиот циклус на ИПА III проекти за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес во Охрид го означи почетокот на реализацијата на два нови проекти одобрени во рамките на првиот повик на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Албанија. Настанот започна со воведни обраќања на Перински, Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, Еридана Чано, генерален директор на Државната агенција за […]

Гостивар без вода за пиење, градежна механизација оштетила две доводни цевки на водоводната мрежа


Градежна механизација при изведување на ископ оштети две доводни цевки на водоводот кој го снабдува Гостивар и околните населби. Од ЈП „Комуналец, претпријатието кое управува со водоводниот систем информираат дека станува збор за голем дефект и не можат да кажат кога ќе се нормализира водоснабдувањето. Првично, станува оштетување на збор за едната главна цевка со […]

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември


Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а повеќе од половина од нив, 21.000, се веќе искористени. Рокот за аплицирање е до 20 декември, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. На новинарско прашање Андоновски оцени дека проектот со ваучерите е успешен […]

Во кафеани во Свети Николе 26 малолетници биле по полноќ, 14 од нив пијани


Вчера, во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе. При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни […]

Нашиот глас допрва ќе се чуе: Пензионерите кои бараат линеарно зголемување на протест пред Уставен суд


  Пензионери кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска се собраа пред Уставен Суд во Скопје давајќи поддршка за ваквиот начин на пресметување на нивните примања.   Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор на групата пензионери кои се залагаат за линеарно покачување на пензиите, им порача да се запрашаат „каде е грижата за пензионерите […]

Филозофскиот факултет доби бесплатен wi-fi во дел од зградата


Зона со бесплатен интернет е отворена во внатрешноста на Филозофскиот факултет во Скопје, за што Министерството за дигитална трансформација издвои 10 милиони денари. Во наредниот период интернет треба да добијат и сите предавални, амфитеатрите, библиотеките и кабинетите.  Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со […]

Кривична за директор на јавно претпријатие во Делчево – на 76 вработени не им исплатил пари што им следувале


Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Делчево поради „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што информираат од МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ […]

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денес до петок


Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 декември 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и […]

Скопје заедно со граѓаните ќе го креира буџетот


Градоначалникот на Скопје, орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани, заедно го креираат градскиот буџет за 2026 година. – Годинава го отвораме процесот на планирање на буџетот за 2026 година заедно со вас, жителите на Скопје, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за подобро, поуредено и пофункционално Скопје. Вашите потреби, ставови и идеи […]

Герасимовски со УНИЦЕФ: Заедно во превенција на вандализам и воведување општокорисна работа за малолетници


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа работен состанок со тимот на УНИЦЕФ предводен од Лесли Милер, претставничка на организацијата во државата. Како што информираат од општината на состанокот се дискутирало на тема општокорисна работа и превенција на вандализмот кај малолетните лица. -Беа разгледани насоки за склучување меморандум за меѓународна соработка и отпочнување пилот-проект во […]

Бенд од Босна настапувал без дозволи во клуб во Кичево


При засилена акциска контрола спроведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември 2025 година, екипи на ОВР Кичево и Регионалниот центар за гранични работи Запад, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, извршија контрола во повеќе угостителски објекти во Кичево согласно претходно подготвен оперативен план. Во еден од угостителските објекти лоциран на […]

Најстудено во Тетово, Битола и Берово


Најниската температура во државава изутринава изнесува  – 1 степен, во  Тетово, Битола и Берово, по што следуваат со 0 степени Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Mаврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес, 2 Kрушево, Штип и Кавадарци, 4 Гевгелија и Охрид, пет Претор, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според […]

Камерите на „Безбеден град“ од денес снимаат сообраќајни прекршоци, месецов опомени, казни од јануари


 Камерите поставени на улиците од системот „Безбеден град “ од денеска ќе регистрираат сообраќајни прекршоци  во рамки на едномесечен пробен период, пред целосната примена на системот предвидена за почетокот на следниот  месец.  Во тек на пробниот период возачите ќе добиваат предупредувања, без изрекување казни. Според најавите, во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како […]

Почнува Волонтерската програма на Собранието 2025


Во законодавниот дом денеска ќе се одржи свеченост по повод отворањето на Волонтерската програма на Собранието 2025. Поздравни обраќања на настанот е предвидено да имаат претседателот на Собранието Африм Гаши, генералната секретарка Марина Димовска, заменик-амбасадор во Британската амбасада Даниел Фајлер и Дона Костуранова, директорка на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Јавна расправа за имплементација на конвенцијата на СЕ за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство


Во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа на тема:„Имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“. Јавната расправа е во организација на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Изложба „Рацете на традицијата“ во Музејот на македонската борба


Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Рацете на традицијата“ на авторката Елизабета Марковска. Изложбата, реализирана во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот во село Џепчиште, е посветена на традиционалните занаети и нивната трансформација од минатото кон современоста. Преку рачно изработени предмети и фотографии, посетителите ќе можат […]

Национална конференција за ХИВ во Скопје


Во организација на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, во партнерство со здруженијата „Заедно посилни“, ЕСЕ и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари денеска во Скопје ќе се одржи Национална конференција за ХИВ. – Настанот ќе отвори прашања за клучните предизвици во одговорот на ХИВ во државава, со акцент на раното откривање, […]

Сончево, претпладне со магла во одделни котлини


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност […]