Who is going to boycott Macedonia


How this thing is going to end is the most common question that my friends, and my acquaintances, and readers ask me. In order not to sound like a prophet, I answer with a question: Which thing do you mean, this one with the mosquitoes?! When a stronger wind blows the mosquitoes will be gone, […]

Кој ќе ја бојкотира Македонија


Ерол Ризаов Како ќе заврши оваа работа, е најчестото прашање што ми го поставуваат пријателите и моите познајници и читатели. За да не звучам како пророк, возвраќам со прашање: на која работа мислите, на оваа со комарците???!!! Кога ќе дувне посилен ветер ќе ги однесе, одговарам сериозно, криејќи ја иронијата. А бе, какви комарци, мислам […]

Владата утре ќе решава за разрешувањето на Велковски


Владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако се утврди дека Велковски службеното возило  го користел за превезување на членови од неговото семејство надвор од Македонија. За можните негови наследници ќе се разговара понатаму, информира денеска […]

Владата ќе ја информира јавноста за важноста на Договорот со Грција и референдумoт


Владата утре на седница ќе дебатира и ќе донесе одлука за начинот на кој што ќе ги информира јавноста и граѓаните за важноста од претстојниот референдум и значењето што за иднината на земјата има Договорот со Грција за решавање на спорот со името. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев по панелот посветен на 17 […]

Фаркаш: Договорот е одговор против „путинизмот“


Евелин Фаркаш, поранешна заменичка на помошникот секретар за одбрана на САД задолжена за Европа и Азија во администрацијата на Барак Обама, одговорна и за политиката на САД кон Балканот, на дебатата по повод 17 години од Охридскиот рамковен договор рече дека денешното одбележување е потсетник колку Македонија и воопшто регионот имаат постигнато во изминатите две […]

Над 540 пријави од дијаспората за гласање на референдумот, најмногу во Лондон


Вкупно 542 пријави заклучно до 13 часот, денеска, доставени се преку веб апликацијата dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Најголем број од пријавите се пристигнати ос исленици во Велика Британија. Од нив, 473 пријави се прифатени, девет се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број […]

Сугарески најави нов тендер, „Визер“ укинува летови


Новиот јавен повик за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании ќе биде објавен деновиве, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со укинувањето на неколку авиолинии од страна на „Визер“ која беше единствено пријавена компанија на тендерот што го поништи Владата. – Минатата недела беше поништена постапката во делот на нискобуџетните […]

(ВИДЕО/ФОТО) Референдумот клучен за иднината на Македонија, порачаа Заев и Ахмети


Важноста на Охридскиот рамковен договор како инструмент и пример за решавање на конфликти во регионот и пошироко, уверување оти со него се поставени темелите за изградба и целосно функционирање на едно демократско мултиентичко општество, како и верување дека на претстојниот референдум на 30 септември граѓаните ќе го изберат европскиот пат на земјата, изразија денеска учесниците […]

Хазби Лика не присуствуваше на одбележувањето на Рамковниот


Вицепремиерот за Рамковниот договор, Хазби Лика не присуствуваше на одбележувањето на  17-годишнината од Рамковниот договор што се одржа денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Годинава за првпат организатор на годишнината од Рамковниот е Секретаријатот за европски прашања предводен од Бујар Османи, наместо Секретаријатот за Рамковен договор како што беше досега. Од Владата за ТВ 24 […]

Со панел дискусија попладне ќе биде одбележан Меѓународниот ден на младите


Меѓународниот ден на младите ќе биде одбележан попладне со настан што ќе се одржи во Градскиот парк во организација на Агенцијата за млади и спорт. На панел дискусијата насловена „Младите за ЕУ, ЕУ за младите-перспективи и можности“ ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и заменик претставникот за Програмата за развој […]

Откупувачи и преработувачи на сливи ќе добијат субвенции


Преработувачки капацитети кои ќе откупат сливи и трговци кои откупуваат земјоделски производи ќе добијат субвенција од два денари по килограм, доколку откупат сливи од домашно производство од годинешнава реколта. Министерството за земјоделство донесе одлука за нова мерка со цел да се реши проблемот со откупот на сливи, а Владата на следната седница ќе треба да […]

Граѓани ја тужат ЕУ дека неамбициозно се бори против климатските промени


Повеќе семејства од Португалија, Германија, Франција, Италија, Романија, Кенија, Фиџи и здружение на млади од Шведска ја тужат Европската Унија дека недоволно амбициозно работи за намалување на емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина до 2030 година. Тужителите сметаат дека зацртаните цели на Европската Унија за намалување на ефектот на стаклена градина […]

Во јуни имало повеќе и домашни и странски туристи


Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за […]

Божин Павловски до Заев: Мораше ли да јаваш на облаци?


Писателот Божин Павловски реагираше по случувањата околу „илинденската изјава“ на премиерот Зоран Заев и подоцнежното извинување до бугарските власти. Павловски констатира дека претседателот на Бугарија јасно даде на знаење каков ќе биде квалитетот на договорите што ги прави нашиот премиер. „Додека не го проплукаме мајчиното млеко затоа што сме создале македонска држава наспроти бугарската историографија, […]

Богоески: Бугарија има историска одговорност да ѝ помогне на Македонија


Петар Богоески од реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за бугарската агенција БГНЕС вели дека односите меѓу Македонија и Бугарија имаат само една алтернатива, а тоа е развој на партнерство и пријателство. Тој за бугарската новинска агенција вели дека Бугарија има историска улога и одговорност да ѝ помогне на Македонија директно на патот кон НАТО […]

Од утре попладне високи температури и пороен локален дожд


Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но и натаму со многу високи температури, најавува од утре попладне УХМР. В среда и четврток нестабилно ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува в петок и сабота. Утринските температури ќе бидат од 11 до 21 степен, а дневните од 27 […]

„Визер“ ја прекина продажбата на билети до Барселона, Лондон и Ваксјо


Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ од октомври повеќе не продава билети за авиолиниите од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон. На официјалната веб страница на компанијата не може да се резервираат билети за овие дестинации од октомври поточно последниот лет од Скопје до Барселона за кој може да се резервира билет е 26 октомври, а […]

Секое осмо дете во Македонија вонбрачно, во ЕУ секое второ


Околу 12 проценти од вкупниот број на живородени деца во Македонија во 2016 година се родени надвор од брачна заедница, покажуваат податоците на Еуростат, додека во Европската унија просекот изнесува 43 проценти. Во земјите од регионот, според Еуростат, оваа бројка се движи од 58,6 проценти во Бугарија, 41,6 во Косово, 26 во Србија, 19 во […]

Велешанец го повредил соседот со нож


Триесетгодишен маж синоќа во Велес со нож прободел свој сограѓанин во ходник во станбена зграда, при што му нанел повреди во пределот на градниот кош. Во СВР – Велес вчера околу 22:05 часот било пријавено дека во ходникот во станбената зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.А. (30) од Велес со нож го прободел […]

Терористи излегуваат на слобода, нема програма за ресоцијализација


Оџата Реџеп Мемиши, кој бил учител и на седумтемина македонски државјани кои минатата недела беа вратени во Македонија, во 2016 година беше осуден на седум години затворска казна. За пет години оџата од Тутунсуз џамијата од скопски Чаир ќе излезе од затвор и никој не може да гарантира дека нема да регрутира нови борци за […]