Хазби Лика не присуствуваше на одбележувањето на Рамковниот


Вицепремиерот за Рамковниот договор, Хазби Лика не присуствуваше на одбележувањето на  17-годишнината од Рамковниот договор што се одржа денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Годинава за првпат организатор на годишнината од Рамковниот е Секретаријатот за европски прашања предводен од Бујар Османи, наместо Секретаријатот за Рамковен договор како што беше досега.
Од Владата за ТВ 24 порачаа дека тоа е така оти темата се евроинтеграциите. Сепак, неофицијално, позадината е кавгата помеѓу Хазби Лика и Али Ахмети.