Со панел дискусија попладне ќе биде одбележан Меѓународниот ден на младите


Меѓународниот ден на младите ќе биде одбележан попладне со настан што ќе се одржи во Градскиот парк во организација на Агенцијата за млади и спорт.
На панел дискусијата насловена „Младите за ЕУ, ЕУ за младите-перспективи и можности“ ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и заменик претставникот за Програмата за развој на Обединетите нации, Нарин Сахакјан, а организаторите најавуваат присуство и на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Присутните ќе имаат можност да поразговараат со говорниците и да ги споделат своите идеи и ставови во однос на младинските предизвици и потреби во Македонија.
Ќе биде поделен и промотивен материјал, а во културно – забавниот дел ќе настапи ДЈ Фичо.