Двајца мигранти тешко повредени од воз кај Гевгелија


Две лица на возраст од 26 и 27 години се тешко повредени, откако воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во нив. Настанот се случил  утринава околу 05,00 часот во близина на влезот во железничката станица Смоквица. „Патнички воз наишол на група мигранти, при што удрил во две лица. Според кажување на лицата, повредените […]

Мачките и кучињата ќе добијат бесплатен микрочип


Сопствениците на домашни миленици ќе можат бесплатно да им стават микрочипови и да им извадат пасош. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна кампања која ќе трае до крајот на март идната година во сите градови низ земјава. Обезбедени се 100.000 микрочипови кои ќе се дистрибуираат преку ветеринарните амбуланти. Сопствениците на кучиња и мачки од […]

Апелација одлучува за затворската казна на Груевски за „Тенк“


Апелацискиот суд во Скопје денеска треба да одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. Вчера судечкиот совет почна и веднаш се одложи јавната седница, поради неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет […]

Продолжува сослушувањето на загрозениот сведок во „Монструм“


Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година ќе продолжи денеска со сослушување на загрозениот сведок од страна на судот. На претходното рочиште заштитениот сведок одговараше за прашања на адвокатите од одбраната, откако на рочиштето на 22 август заврши сослушувањето од страна на СЈО. […]

Манчевски, Ременски и Богоевски ќе сведочат за „27 април“


Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година продолжува денеска со сослушување на сведоци предложени од обвинителството.  Како сведоци повикани се Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски. Обвинетите во овој случај се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека […]

Жерновски учествува на 13. Дубровник форум


Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски од денеска ќе учествува на 13. традиционален Дубровник форум 2018 насловен „Зајакнување на отпорноста Медитеран, Европа и Западен Балкан“. На форумот до 1 септември, како што соопшти МНР, се очекува да присуствуваат премиери, министри и заменици министри за надворешни работи од регионот, Европа и пошироко, како и претставници на […]

Црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ во посета на Македонија


Во посета на Република Македонија денеска ќе престојува делегација на Министерството за одбрана и на Војската на Црна Гора, предводена од министерот Предраг Бошковиќ и началникот на ГШ, бригаден генерал Драгутин Дакиќ. За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, црногорскиот министер Бошковиќ заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Васко […]

Сончево, попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот, претежно во западните планински делови ќе има нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 36 […]

Заедницата на Македонците во Албанија со поддршка за напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО


Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници од заедницата на Македонците во Албанија, Ефтим Митревски и Нико Китани, кој е и претставник на македонското малцинство во Комитетот за национални малцинства при Владата на Република Албанија. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, од претставниците од заедницата на Македонците во Албанија е изразена поддршка за успешните […]

Бејли: Граѓаните се тие што ја носат одлуката за својата иднина


Сакаме Македонија да се придружи на НАТО и ЕУ. САД се партнер на Македонија веќе 25 години и ние мислиме дека преспанскиот договор, иако е тежок, претставува фер компромис кој го отвара патот кон таа светла иднина, рече амбасадорот на САД Џес Бејли при денешната посета на Прилеп. Амбасадорот Бејли ја посети фирмата „Стара Фурна“, […]

Забранет пристапот до багерите на Водно


Знак за забрана за движење утрово ги пречека екологистите кои кампуваат на Водно, пред багерите што расчистуваат пат за трасата на магистралниот гасовод. Активистите на предупредувањето од МЕР реагираа со сличен натпис и побараа да не бидат вознемирувани додека уживаат и медитираат во природа. „Игра на мачка и глушец. Тие нам со табла, ние ним […]

По истекот на мандатот Иванов ќе бега во Турција?


Во април догодина на претседателот Ѓорге Иванов му истекува вториот претседателски мандат, по што тој ќе се збогува со претседателската функција. Тој во претседателскиот кабинет влезе напуштајќи го професорскиот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Како што неофицијално дознава „Слободен Печат“, Иванов, по истекот на мандатот планира да ја продолжи универзитетската кариера, но не на […]

Шилегов: Тендерите на ЈСП се законски


Постапката за избор на двете фирми што се регистрирани на исто седиште и се јавиле на тендерите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ е законита, смета градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Темата за тендерите вчера на седница на Советот на Градот ја отвори советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова, која го праша Шилегов како може фирми регистрирани […]

Ќе се гради парк зад Филхармонија


Нов парк ќе се гради на просторот зад објектот на Македонската филхармонија што со години е запуштен и се користи како диво паркиралиште. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека во соработка со Општината Центар ќе уредат 14.000 квадратни метри со зеленило и урбана опрема. Проектот го изработи Секторот за урбанизам во Градот Скопје, градежните […]

М-НАВ бара кандидати за контролори на летање


Македонска Навигација (М-НАВ) ги повикa сите заинтересирани полнолетни лица на возраст до 25 години да се пријават за една од најценетите, но и најодговорни професии – контролор на летање. „Со порастот на бројот на летови и прелети на нашето небо, се зголемува и потребата од нови кадри во одделот којшто е најдиректно одговорен за безбедноста […]

Ахмети: Со заокружување „За“ на 30 септември ја запечатуваме нашата иднина


На 30 септември има само две опции за европска Македонија или против. Гласот „За“ е за евроатланска Македонија. Јас сум убеден дека огромното мнозинство, сите политички лидери, граѓанското општество, академската заедница, медиумите се за Европа, за НАТО. Ова го порача денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети на објавување на кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ на […]

(Видео) Заев: Одбројуваме до денот кога народот ќе излезе за европска Македонија


Одбројуваме до денот кога нашиот народ ќе излезе за европска Македонија. Само еден настан во поновата историја може да се спореди со предизвикот со кој се соочуваме. Тоа е настанот од пред 27 години, тоа е денот кога сите гласавме за независна Република Македонија. Ова го истакна премиерот Зоран Заев  во Клубот на пратениците во Скопје […]

АХВ: Од сабота бесплатно микрочипирање на домашни миленици


Од сабота 1 септември почнува кампањата за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици (кучиња и мачки) што ќе трае до 31 март идната година или до потрошувањето на набавената колична од 100.000 микрочипови. Ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“. За спроведување на кампањата Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) склучи договори […]

(Фото) Иванов го прими младиот Марко кој го преплива Охридското езеро


Претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја, денеска во Вила Билјана во Охрид, го примија Марко Пејчиноски кој го преплива Охридското езеро. На средбата со младиот Марко претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, рече дека овој негов херојски подвиг заслужува големо внимание и почит и претставува позитивен пример и мотив за сите млади и талентирани. –  На свои дванаесет […]

Детската клиника има потреба од вработување сестри и доктори


На Универзитетската клиника за детски болести се вработија 40 медицински сестри со што делумно се надмина проблемот, но има потреба да се вработат уште толкав број поради спецификата на детската возраст и потребата од поголем број средно медицински персонал за поддршка на децата и на родителите. Има потреба и од доктори, истакна денеска директорката на таа јавна […]