Фонтаните спроти „Скопјанка“ не работат


Фонтаните спроти трговскиот центар „Скопјанка“ нема да работат летово затоа што нема кој да ги одржува. Фонтаните, кои го означуваат влезот во општината Аеродром, воопшто не проработеа летово, а општинарите најавуваат дека во функција ќе бидат од пролет. „Тендерот за избор на фирма која ќе ги одржува беше поништен, а во моментов во тек е […]

Променливо, топло и врнежливо


Променливо време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 22 до 33 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со утринска температура до 19 степени и дневна до 32 степени. Во четврток на повеќе места ќе биде […]

Владата донесе одлука за спроведување на кампања за референдумот


Владата денеска на седница донесе одлука за спроведување на кампања од јавен интерес за референдумот за прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”. – Кампањата за референдумот ќе се спроведе со цел споделување информации од јавен интерес за граѓаните/гласачите во Република Македонија, околу […]

Почнува постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија


Владата ја почнува постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Одлуката е донесена на денешната владина седница, а надлежните министерства се задолжени да номинираат членови во Комисијата за спроведување на постапката. Канцеларијата на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за економија треба да предложат по еден член и […]

Маричиќ: Ќе ги убедуваме граѓаните дека мора да излезат на референдумот


По завршување на летните одмори, кампањата ќе биде интензивирана и ќе се користат сите достапни методи, во согласност со Законот за референдум и дефинираниот јавен интерес, најави Бојан Маричиќ, посебен советник за евро-атлантски интеграции во Владата на Република Македонија. „Целта на кампањата ќе биде да ги информира граѓаните за Договорот, меѓутоа и за придобивките од […]

Мицкоски не добива закани, полицајците му помагале при движењето


Двајца припадници на МВР му помагаат на партиското обезбедување на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Нивната асистенција доаѓа по барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ испратено пред пет месеци. За „Независен весник“ од партијата потврдуваат дека Мицкоски не добивал закани по живот, туку улогата на полицајците, благодарејќи на значките и на овластувањата, била да помогнат при […]

ЕФН: Штетните измени во Изборниот законик ќе влијаат врз медиумите и демократскиот амбиент


Европската федерација на новинарите (ЕФН) изразува силна поддршка на ставот на Здружението на новинарите на Македонија и другите медиумски организации – Самостојниот синдикат на независни новинари, Советот за етика во медиумите на Македонија, кои се спротивставија на последните измени на изборната регулатива. Според ЕФН, апсолутно е оправдана критиката што еснафските здруженија ја упатија во врска […]

Сугарески: Не е точно дека Владата намерно го поништи тендерот за евтини летови


Не е точно дека Владата намерно го поништи јавниот повик за доделување финансиска поддршка за евтини летови, истакна попладнево на прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Реагирајќи на денешните обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, министерот Сугарески посочи дека Комисијата што ја водела постапката за јавниот повик постапила согласно сите законски прописи и процедури. – Комисијата […]

Џипот му пресуди на Велковски


На денешната седница, владата го разреши Лазе Велковски, досегашен директор на Бирото за јавна безбедност. Негов наследник не е именуван, но засега со БЈБ ќе раководи заменикот Бесир Деари. Велковски мораше да замине поради аферата со службениот џип на Министерството за внатрешни работи, кое ја однесе неговата ќерка и другарките на одмор во Грција. Премиерот […]

Шилегов потврди дека Самсоненко си заминува од ФК Вардар


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска соопшти дека бил известен од раководството на ФК Вардар на чело со Сергеј Самсоненко, дека тој повеќе нема да инвестира во клубот. – ФК Вардар е сопственост на Град Скопје со 51 отсто. Известен сум од луѓето на кои Градот таа сопственост им ја отстапил да ја користат, дека […]

Чејку: Охридскиот договор не е 100 отсто спроведен, но е успешен


По повод 17-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, поранешниот албански амбасадор во Република Македонија, Арбен Чејку смета дека договорот има големо значење бидејќи го запрел граѓанскиот конфликт меѓу двете најбројни етнички заедници во Македонија. – Еден поголем дел од договорот е вклучен во Уставот на Македонија, но, како и сите договори 100 отсто не е […]

Се бришат починати лица од Избирачкиот список, увидот трае до 23 август


Педесет и девет лица од општините Кисела Вода, Студеничани, Сопиште и Зелениково ќе бидат избришани од Избирачкиот список. Според информациите од подрачната канцеларија на Државната изборна комисија (ДИК) во Кисела Вода станува збор за починати лица, за кои изводи од умрените до нив доставиле по службена должност месните канцеларии на Управата за матична евиденција по […]

СДСМ: Нарачаната лажна анкета од Божиновски за храбрење на ВМРО-ДПМНЕ


Од владејачката партија СДСМ велат дека е лажна и нарачана анкетата на Институтот за политички истражувања која покажува предност во рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. „Нарачаната лажна анкета на Институтот за политички истражувања го потврдува стравот на ВМРО-ДПМНЕ од решителноста на граѓаните да изберат светла иднина наместо темно минато. Овој институт е добро познат за јавноста кога […]

ФИТР: Четири компании пријавија носители на јавни функции во сопственичката структура


Четири од вкупно 77-те компании – апликанти, добитници на средства од првиот повик од Планот за економски раст – трет столб се изјасниле дека во својата сопственичка структура имаат лице кое е носител на јавна функција, или член на негово потесно семејство. Инвестициските проекти на четирите компании, како што велат од Фондот за иновации и технолошки […]

Генералка во Скопје


Ќе се чисти Скопје. Парковите, улиците и тротоарите ќе видат метла и вода, а Градот Скопје и јавните претпријатија ангажирале дополнително уште 110 лица. Градоначалникот Петре Шилегов вчера најави дека генералка ќе се прави во сите општини и апелираше до граѓаните и тие да дадат свој придонес и да бидат поодговорни кон околината. „Граѓаните јасно […]

Наместо два, против комарци се прска четири дена по ред


Годинава, наместо по два, се прска против комарци четири дена по ред. Тоа, според градоначалникот Шилегов, не влијае на здравјето на граѓаните, бидејќи средството кое се користи не е штетно. „Временските услови годинава допринесоа за интензивно размножување на комарците. Во јули температурите беа 18 степени, а летото беше многу врнежливо. Иако веќе предходно беа третирани, […]

(ФОТО/ВИДЕО) Благој Нацоски: Добро сум, но и шокиран од трагедијата во Џенова


Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој живее и работи во италијанскиот град Џенова, се огласи денеска на социјалните мрежи, да соопшти дека е добро откако се случи  несреќа на фреквентен автопат во градот во кој живее. – Ви благодарам на сите за пораките. Jас сум добро, дома сум шокиран. Денеска требаше да поминам на тој […]

Бектеши: До крајот на годината Македонија ќе ја посетат милион туристи


Последните податоци на Државниот завод за статистика за бројот на зголемување на бројот на туристи покажуваат дека стратегијата за развој на туризмот во Република Македонија дава добри резултати, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи, кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во […]

Lika: Ohrid Agreement, the basis to achieve equality between communities


The values of the Ohrid Agreement have always been in line with the criteria required by integration structures, democracy and principles of freedom, regardless of nationality, creed or race. Despite the difficulties that we’re encountering in this path, we should insist and make maximum efforts to achieve consolidation in harmony with the interests of the […]

Првиот ден на Курбан Бајрам, 21 август, неработен за граѓаните од муслиманската вероисповед


Првиот ден на Курбан Бајрам, 21 август (вторник), е неработен за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија согласно Законот за празниците на РМ, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Министерството на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.