И црквата повика секој сам да реши за референдумот


Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија смета дека  граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор. – Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, […]

Заев и Могерини од Стразбур заедно во Скопје


Премиерот Зоран Заев и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини од Стразбур заедно доаѓаат во Скопје. Заев на Фејсбук профилот објави фотографија од него и Могерини во авион за Скопје и порача дека високата претставничка на Унијата уште еднаш доаѓа во земјава за да даде поддршка за нејзината европска иднина. […]

„Сити тур“ на ЈСП во зимска шема


Почнувајќи од сабота (15 септември, линијата „Сити тур“ во реализација на ЈСП Турс ќе сообраќа по нов (зимен) возен ред. Поаѓањата ќе бидат од Порта Македонија во два термина, односно во 11 и 13 часот, информираат ЈСП Скопје.

Заев во ЕП: Прво обраќање на македонски премиер на македонски јазик


Премиерот Зоран Заев денеска се обрати пред Европскиот Парламент на покана на неговиот претседател, Антонио Тајани. Ова, како што истакна Заев, е прво обраќање на македонски премиер на македонски јазик во европскиот пратенички дом. – За нашиот македонски народ ова е историски момент. Ова е прв пат, еден премиер на нашата земја да одржи говор пред Европскиот […]

Мичел: Преспанскиот договор можност да ве пречекаме како 30. земја членка во НАТО


САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор. Ова го гледаме како можност да ве пречекаме како 30. земја членка на НАТО, изјави американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел по средбата со шефот на дипломатијата Никола Димитров, прва на неговата агенда во рамки на денешна посета на Македонија. – Знаеме дека беа […]

Џафери и Бушати сложни: Прво референдум, па НАТО


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска го прими Дитмир Бушати, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија. Како што соопшти собраниското Одделение за односи со јавноста, Џафери истакнал дека ваквите средби на високо ниво се од особено значење за развојот на односите меѓу двете пријателски и соседни земји и оти […]

(ВИДЕО) Керим: И јас сум од МПМ, ќе кажам се кога ќе биде време


И јас сум од МПМ, ќе кажам се кога ќе дојде време, рече поранешниот управител на МПМ Срѓан Керим кој беше на распит во СЈО како осомничен за распадот на МПМ. Една од новинарките присутни пред СЈО искоментира дека таа била од МПМ на што Керим рече и јас сум од МПМ. Тој не сакаше […]

Тачи: Гласањето „за“ е најголем патриотизам


Излезете масовно на претстојниот референдум и гласајте „за“, тоа е најголемиот патриотизам што можете да го покажете. Постигнатиот договор со Грција за името е најправичната одлука, затоа што иднината и на Косово, и на Македонија и на целиот регион е во ЕУ и НАТО. Оваа мотивирачка порака до македонската јавност претседателот на Косово, Хашим Тачи […]

(ФОТО/ВИДЕО) Распитот на Станисављева траеше половина час, Керим пристигна подоцна


Распитот на директорката на МПМ, Јана Станисављева, во Специјалното јавно обвинителство траеше само половина час. Станисављева ги игнорираше новинарските екипи и одби да даде изјава зошто е повикана на распитот. Според неофицијални информации, Станисављева и Срѓан Керим кој беше управител на фимрата се повикани во СЈО да дадат исказ во рамки на истрагата што ја […]

Ибраими: Еден од напаѓaчите ми рече дека ниту Ердоган нема да ме спаси


Откако беше сослушан пратеникот од Партијата на Движење на Турците во Македонија Енес Ибраими за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, претседателката на судечки совет судијката Добрила Кацарска даде половина час пауза, по што треба да почне сослушувањето на сведокот Петар Атанасов. На прашања од обвинителката Вилма Рускоска, сведокот Ибраими […]

(ФОТО) Јана Станисављева пристигна на распит во СЈО


Директорката на МПМ, Јана Станисављева утрово пристигна во Специјалното јавно обвинителство, каде беше повикана на распит. Таа не даде изјава за медиумите зошто е повикана. Според неофицијални информации, Станисављева и Срѓан Керим кој беше управител на фимрата се повикани во СЈО да дадат исказ во рамки на истрагата што ја води обвинителството за евентуални злоупотреби […]

„Таргет-Тврдина“ одложено за 8 октомври


Денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, за незаконското следење на комуникациите, е одложено за 8 октомври. Судењето е одложено поради тоа што не е добиена одлуката на Апелацискиот суд по жалбата за судење во отсуство на поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски во предметот „Трезор“ и спојувањето на постапката […]

Ѕанакопулос: Постои мнозинство во грчкиот Парламент да се ратификува Договорот од Преспа


Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју  за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. – Секако дека ќе помине во парламентот. Може секој да ги изброи политичките изјави дадени до сега и да […]

Јанчев и Богданов надгласани со акламација


Двајца членови што барале да се гласа на референдумот, два-тројца што барале бојкот и дваесетина на чело со претседателот Христијан Мицкоски што ги надгласале со акламација. Ваков е епилогот од завчерашниот тричасовен состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се одлучуваше за ставот на партијата во однос на спогодбата со Грција и претстојното референдумско […]

Срѓан Керим и Јана Станисављева викнати во СЈО


Првите луѓе на Медиа принт Македонија, управителот Срѓан Керим и директорката Јана Станисављева денеска се викнати на распит во Специјалното јавно обвинителство. Според неофицијални информации, двајцата се повикани да дадат исказ во рамки на истрагата што ја води обвинителството за евентуални злоупотреби на тогашните први луѓе на компанијата, во чија сопственост беа весниците „Дневник“, „Утрински“ […]

Кривична за велешанец, полицијата му пронашла хероин


Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.С.(29) од Велес осомничен дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На ул.„Сава Михајлов“ во Скопје на 10.09.2018 година во 19.30 часот полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Матиз“ со велешки […]

Алијансата за Албанците повика на референдумско изјаснување „за“ НАТО и ЕУ


Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села во Гостивар повика на масовност и поддршка на претстојниот референдум. Тој на собирот во амфитеатарот во градскиот парк пред сопартијците и симпатизерите зборуваше за потребата која ја нарече природна, албанците од Македонија да бидат во НАТО и ЕУ. – Да излезме на 30 септември масовно и […]

Шилегов: Топловодната мрежа е дивоградба


Топловодната мрежа во Скопје е дивоградба и нема имотен лист. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека Градот Скопје е прв субјект што ја започнал постапката за легализација на системот за парно греење, што е услов да ја преземе во своја сопственост. Постапката е започната пред неколку месеци, а би требало да заврши до крајот на септември. […]

Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот


Во пресрет на денешната посета на Вес Мичел, помошник-државен секретар за Европа и Евроазија на Македонија, американскиот Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот и повторно укажа на историската важност на Договорот од Преспа. Во изјава за МИА портпарол на Стејт департментот посочи дека имплементацијата на Договорот со Грција ќе овозможи Македонија да стане […]

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп-Градско


На експресниот пат Прилеп – Градско, делница Фариш – Дреново, поради градежни работи денеска ќе има прекини на сообраќајот. Прекините ќе започнат во 09:00 и 11:00 часот и ќе траат околу 30 – 45 минути. После 11:45 часот сообраќајот ќе се нормализира.