(ВИДЕО) Керим: И јас сум од МПМ, ќе кажам се кога ќе биде време


И јас сум од МПМ, ќе кажам се кога ќе дојде време, рече поранешниот управител на МПМ Срѓан Керим кој беше на распит во СЈО како осомничен за распадот на МПМ.

Една од новинарките присутни пред СЈО искоментира дека таа била од МПМ на што Керим рече и јас сум од МПМ. Тој не сакаше да коментира зошто е во СЈО и дали се чувствува одговорен за распадот не МПМ.

Пред него во СЈО беше директорката Јана Станисављева.