Силјановска-Давкова: Разговорот за почетокот на преговорите ќе биде одложен за наесен


Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјаноска Давкова смета дека веројатно, разговорот за почетокот на преговорите за членство во ЕУ ќе биде одложен за наесен. -На премиерот му требаше ветување за почеток на преговори во функција на изборите, а не во функција на градење независно судство во Република Македонија. Тоа е македонската реалност, но и […]

ИФИМЕС: Дел од Албанците тесно соработуваат со ВМРО-ДПМНЕ и комуницира со Груевски


Потполно е јасно дека Гордана Силјановска – Давкова не може да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ без благослов на Никола Груевски. Во нејзините настапи се забележува нота на влијанието на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Таа не нуди ништо ново, туку стара, веќе видена политика на Иванов и Груевски која особено е изразена кон […]

Премиерот комплетно повлечен од Советот за судски реформи, целта на „метлата“ поголема одговорност


Советот за реформи во правосудството е составено и ставено на шини. И тоа тера. Веќе нема потреба од мое учество во него иако таму се носат законите, не се носат пресуди, не се формализираат обвинителни акти, ниту некој дискутира за тоа што правосудството спроведува во пракса. Не. Тоа е легислативно тело за реформите во правосудството […]

Заев: Ги имаме сите предуслови за позитивна одлука за почеток на преговорите со ЕУ


Меркел и Макрон ја гледаат земјава како Република Северна Македонија, а не како Западен Балкан. На конференцијата на шефови на држави и влади во Берлин бевме пример што блеска, а германската канцеларка и францускиот претседател препорачаа да им помогнеме на другите, да го споделиме нашето искуство околу тоа како се успева во преговарачки процес. Секој од […]

Хан: Дојде време Западен Балкан да се придружи на ЕУ


  Европскиот комесар за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан смета дека е дојдено времето Западен Балкан да се интегрира во Европската унија. Тој, на „Твитер“, по повод одбележувањето на 15-годишнината од приемот во ЕУ на 10 земји од средна и источна Европа, напиша дека тоа е амбициозен проект заснован на заедничките напори и визија […]

Меџити: Во вториот круг ќе испорачаме 80.000 гласови


Албанците во Македонија ќе испорачаат 80.000 гласови за заедничкиот претседателски кандидат на СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски, најави денеска Изет Меџити, шеф на изборниот штаб за поддршка на Стево Пендаровски. – Албанците не се навикнати во првиот круг да гласаат за Македонец, во вториот ќе испорачаме 80.000 гласови за заедничкиот кандидат, Стево Пендаровски – […]

Пендаровски ќе се залага за законски решенија кои ќе гарантираат повеќе права за работниците


  На денот на трудот 1 мај, кандидатот за претседател Стево Пендаровски порача дека како претседател приоритет ќе му биде да обезбеди услови за развој и напредок на државата и на сите граѓани, унапредување на законските решенија кои ќе гарантираат повеќе права за работниците и повисок стандард за граѓаните. Тој од Куманово порача дека на […]

ЦИВИЛ: Без работнички права, нема човекови права и слободи!


ЦИВИЛ – Центар за слобода им го честита Први Мај на сите работнички и работници на Република Северна Македонија и во светот и ги повикува на солидарност и борба за работничките права. Состојбата на човековите права и слободи, социјалните права, степенот на сиромаштија, нефункционалноста на синдикатите кои треба да ги штитат работничките права, манипулациите со […]

Првомајски марш на ССМ: Се бара нов закон за работни односи


Во годината во која се одвиваат активности за изготвување нов закон за работни односи Сојузот на синдикатите на Македонија очекува да биде стожер на неговото креирање во насока на негово прилагодување на европското и светското трудово законодавство. Ова денеска го истакна претседателот на ССМ, Дарко Димовски, читајќи го првомајскиот проглас на протестниот марш што во […]

Попладнево пороен дожд и грмежи


Попладнево ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени. Утре ќе преовладува сончево време, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Преодно стабилизирање ќе има во […]

Првомајска трка со магариња и коњи во Стојаково


Богданското село Стојаково е пример дека традицијата што грижливо се негува и чува трае навистина долго. Пример за тоа е трката со магариња и коњи, која денеска се одржа по 68. пат. – Трката се одржува секогаш на 1 мај, а почна да се организира од далечната 1951 година. Токму по нејзината атрактивност селото стана […]

Тимоние за МИА: Владеењето на правото основа за отпочнување на преговорите


Северна Македонија оствари голем напредок особено од 2016 година наваму. Сепак, секогаш од наша страна беше јасно речено дека вистинскиот напредок може да се согледа низ критериумите на владеењето на правото и дека тој ќе претставува основа за отпочнување на преговорите, вели во интервју за МИА францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние. Тој во интервјуто […]

Куса историја за меѓународниот Ден на трудот


Десетици илјадници работници во светот ќе маршираат и на овој Први мај на протести поради намалувањето на државните буџети, сиромаштијата, лошите услови за работа… Ќе го искористат моментот и во текот на тој еден слободен ден ќе го свртат вниманието на својата положба. На 1 мај 1886, работничката активност не беше обичен штрајк – тоа […]

Заев дал оставка од Советот за судски реформи


Премиерот Зоран Заев на синоќешната трибина во Куманово, во рамки на претседателската кампања за поддршка на Стево Пендаровски, рече дека повеќе не е претседател на Советот за судски реформи. Овој одговор тој го даде на сугестија од посетител кој рече дека еден премиер не треба да предводи таква комисија. – Си дадов оставка од Советот […]

Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај, информираат од АМСМ. Апелираат до […]

Променливо облачно, со локални врнежи и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со  повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од два до осум, а максималната дневна од 15 до 23 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за […]

Посебен сообраќаен режим заради синдикалниот марш


По повод празникот на трудот „1-ви Мај“, односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне денеска во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршута на движење на […]

Меѓународен ден на трудот – работниците бараат унапредување на правата


Протестни маршови во организација на повеќе синдикати ќе се одржат денеска во Скопје, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот  1-ви Мај, што традиционално во светот се прославува во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права. -Договори за вработување на неопределено време, прекинување на праксата на договори на […]

Заев: Метлата ќе замете кај власта, но и кај опозицијата


Премиерот Зоран Заев вечерва на изборна трибина во Куманово порача дека „метлата“ што претходно ја најави за функционерите кои не покажале резултати „ќе замете и кај власта и кај опозицијата“. -Ред е и чесно е да се признае грешка. Не сме сјајни, ама сме отворени, чесни сме и транспаретни. Кога ќе не искритикуваат знаеме да […]

Подготвен системот за поврат на ДДВ, нема картички и собирање фискални сметки


Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и во мај и јуни ќе се тестира, а за да го остварат ова право на граѓаните нема да им треба никаква електронска картичка или чување на фискалните сметки, туку едноставно со сликање на фискалната сметка и прикачување на посебна апликација. Ова го соопшти вечерва […]