Посебен сообраќаен режим поради фудбалскиот натпревар на арената „Тодор Проевски“


Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен вечер во периодот од 18 до 23 часот поради одржување на меѓународниот фудбалски натпревар Северна Македонија – Полска на арената „Тодор Проевски“.

Периодично пренасочвање на сообраќајот ќе има на булеварот „Илинден“, улицата „Аминта Трети“ и улицата „Наум Наумовски-Борче“.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.