Бошњаковски заминува во Кабинетот на претседателот Пендаровски


Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар. -Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката …

Бошњаковски заминува во Кабинетот на претседателот Пендаровски Read More »

Судењето за „Талир“ одложено за 28 мај


Судијата Осман Шабани, по барање на адвокатот на обвинетите Дончо Наков, го одложи денешнито рочиште за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Судењето ќе просолжи на 28 мај. Според Наков, барањето за одлагање на судењето е поради членот 22 од законот за СЈО кој во моментов …

Судењето за „Талир“ одложено за 28 мај Read More »

Принцот Едвард во Националната филхармонија: Екологијата и образованието во фокусот


Принцот Едвард , грофот од Весекс (55), по средбата со претседателот Пендаровски, а пред средбата со пратениците во резиденцијата на британската амбасадорка во Македонија, денес, во Националната филхармонија присуствуваше на настанот што ги прикажа врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина, уметноста и модата. Домаќини му беа министерот за надворешни работи …

Принцот Едвард во Националната филхармонија: Екологијата и образованието во фокусот Read More »

Се воведува зонско паркирање зад ТЦ „Три бисери“, по три паркинг-места за секое семејство


Зонско паркирање се воведува во реонот зад трговскиот центар „Три бисери“ по барање на жителите од тој дел на Општина Аеродром, соопштија од општината. ЈП „Градски паркинг“ во моментов поставува информативни табли на локацијата што ќе се води како зона Д2. Условите се исти како и за другите зони каде што има воведено вакво паркирање …

Се воведува зонско паркирање зад ТЦ „Три бисери“, по три паркинг-места за секое семејство Read More »

Викотници и пцуење на „Диво насиље“


Викотници, пцуење и драма на почетокот на јавната седница на која требаше да се разгледуваат жалбите на осудените за „Диво насеље“. Новинарите и јавноста еден час ги проверуваа додека влегоа во судница, а само што почнаа камерите да снимаат осудениот Генц Сефај стана и почна да вика дека не го признава судот и дека бара …

Викотници и пцуење на „Диво насиље“ Read More »

Османи: Промените во Владата согласно фокусот на економските прашања


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека најавените кадровски промени во извршната власт ќе значат подобрување на капацитетите во однос на зајакнување на политиките поврзани со економските прашања. Тој повторно најави дека промените во Владата ќе следуваат по средбата на Зоран Заев и Али Ахмети, лидери на најголемите партии во владејачката …

Османи: Промените во Владата согласно фокусот на економските прашања Read More »

Албанија прави етничка сегрегација во регионот


Албанскиот премиер Еди Рама влече потези кои предизвикуваат загриженост во регионот бидејќи, иако се спакувани во европски целофан, се на линија на идејата за големи држави. Последен повод за тоа е одлуката со која се укинуваат работните визи за граѓаните со албанско потекло од Македонија и од Црна Гора, како дел од владината политика за …

Албанија прави етничка сегрегација во регионот Read More »

Претседателот Пендаровски се сретна со принцот Едвард: Честитки на изборот


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Посакувајќи му добредојде во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски изрази задоволство од посетата на Неговото Височество, оценувајќи ја како потврда за силните врски меѓу Република Северна Македонија и Обединетото …

Претседателот Пендаровски се сретна со принцот Едвард: Честитки на изборот Read More »

Невремето предизвика поплави во Босилово и штети во Радовиш


Врнежите во Струмичко и Радовишко предизвикаа истекување на реката Струмица во атарот на селото Турново, а во Радовишко има оштетување на улици и наноси од земја, а во неколку населени места во оштетени се пристапите до станбени објекти. Според информациите од градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков, поплавени се над дваесет хектари обработливо земјиште кај …

Невремето предизвика поплави во Босилово и штети во Радовиш Read More »

Образованието доби „тројка“, 14 наставници „единица“


Најголем број од наставниците не се обучени да планираат и да реализираат настава во комбинирана паралелка за ученици од повеќе одделенија. Повеќето наставници не изготвуваат и не користат критериуми за оценување, иако е потребно да ги применуваат. Во поголем број училишта, односно во 60 отсто, информатичката технологија не е во функција, а несоодветно се организира …

Образованието доби „тројка“, 14 наставници „единица“ Read More »

Закони вратени од Иванов денеска на повторно гласање пред пратениците


Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница треба по трет пат да изгласаат неколку закони што претходниот претседател на државата Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во законодавниот дом. Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, да бидат објавени во Службен …

Закони вратени од Иванов денеска на повторно гласање пред пратениците Read More »

Во Клинички со две катни гаражи ќе се обезбедат 843 паркинг-места


На последната седница Владата донесе одлука да започне постапка за изградба на две катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје преку склучување договор за јавно-приватно партнерство. „Целта на постапката за јавно-приватно партнерство е финансирање, дизајнирање, изградба, користење, управување и одржување на новиот објект со цел да се даде квалитетна услуга. Со овој модел …

Во Клинички со две катни гаражи ќе се обезбедат 843 паркинг-места Read More »

Османи: Само ДУИ може да нè смени


Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во емисијата „200“ на Алсат телевизија, во врска со најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев истакна дека за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од владата може да одлучуваат само Али Ахмети и партијата. Водителот се надоврзува на ова и го праша вицепремиерот дали е ова …

Османи: Само ДУИ може да нè смени Read More »

Втора „мајка“ за одземање на мандатот на Груевски


Политичкото мнозинство е пред нов предизвик да обезбеди двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на пратеникот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски. Собранискиот спикер Талат Џафери вчера испрати допис до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со кој ја извести дека Груевски неоправдано бил отсутен од собраниски седници повеќе од …

Втора „мајка“ за одземање на мандатот на Груевски Read More »

Апелација одлучува: Спиро Ристовски бара да излезе од притвор


Апелацискиот суд треба да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата, односно дали поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, ќе излезе од притвор и ќе се брани од слобода како осомничен дека го организирал упадот во Собрание. Вчера на јавна седница на Апелацискиот суд Ристовски побара да му биде укинат притворот или …

Апелација одлучува: Спиро Ристовски бара да излезе од притвор Read More »

Принцот Едвард на средба со претседателот Пендаровски


Принцот Едвард, грофот од Весекс, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски. Британскиот принц ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста. Предвидено е за време на престојот …

Принцот Едвард на средба со претседателот Пендаровски Read More »

Принцот Едвард пристигна во официјална посета на Северна Македонија


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска попладнево на Скопскиот аеродром го пречека принцот Едвард, грофот од Сасекс. По тој повод, Шекеринска на Твитер напиша „уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу двете земји“. Неговото височество принцот Едвард утре ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија …

Принцот Едвард пристигна во официјална посета на Северна Македонија Read More »

Филипче: Ќе имплементираме европски стандарди на полето на стерилизацијата


Здравствена заштита од болнички инфекции, унапредување на системот за стерилизација и намалување на ризикот од пост-оперативни инфекции ќе овозможи јавното-приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати, што е економски модел за долгорочно инвестирање во здравствениот систем. Тоа вклучува нови инструменти за сите установи каде се вршат хирушки интервенции, според најсовремени европски стандарди, …

Филипче: Ќе имплементираме европски стандарди на полето на стерилизацијата Read More »

Грчкиот Парламент даде зелено светло за Договорите за новите гранични премини кон нашата земја


Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, …

Грчкиот Парламент даде зелено светло за Договорите за новите гранични премини кон нашата земја Read More »

Утре во Солун прв состанок на Комисијата за трговски ознаки


Комисијата за трговските ознаки и трговските имиња утре ќе одржи прв состанок во Солун, откри алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на расправата во грчкиот Парламент за ратификација на законите што произлегуваат од потпишаните договори во Скопје во март и април годинава за отворање на нови гранични премини. -Утре заседава …

Утре во Солун прв состанок на Комисијата за трговски ознаки Read More »