Унагрија уште на 5 август го одбила барањето за екстрадиција на Груевски


Министерството за правда уште на 5 август го примило единственото известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука, дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, бидејќи на негово барање му е одобрен азил во Унгарија, потврдија за МИА од Министерството за правда, нагласувајќи дека формалното известување за ова не е […]

Борисов: Јас и Каракачанов го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ и НАТО


Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија изјави дека тој и неговиот заменик и министер за одбрана Красимир Каракачанов го поддржуваат зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ и НАТО. – За темата дали Северна Македонија треба да влезе во ЕУ и НАТО со вицепремиерот Красимир Каракачанов сме на ист став. Се разбира дека и Албанија […]

Со нови лед-светилки целосно ќе се менува јавното осветлување во Ѓорче Петров


Општина Ѓорче Петров воведува нов автоматизиран систем на јавно осветлување со најсовремена опрема и лед-светилки кои се управуваат и мониторираат преку системот за контрола и надзор. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и Ибрахим Суха Џем, директор на турската компанија АД „Џемдаг осветлување – производство и трговија“ денеска потпишаа договор за јавно-приватно партнерство за […]

За уште 10 отсто ќе се зголеми платата на просветарите


По средбата на претставници од СОНК со министерот за образование Арбер Адеми и премиерот Зоран Заев, одлучено е платата на наставниците и стручните соработници да се зголеми за дополнителни 10 отсто. Ова го потврди министерот Адеми по средбата. Јаким Неделков претседателот на СОНК вели дека е задоволен од денешната средба, но дека може и повеќе. […]

Анѓушев во Чешка: Има можности за зголемување на соработката и повеќе инвестии


Можности за проширување на економската соработка со Чешката Република има, особено во делот на пласирање домашни производи во оваа земја, интензивирање на соработката меѓу компании од двете држави, како и за чешки инвестиции во Северна Македонија. Ова, како што соопшти кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, е посочено на  состанокот што во Брно го имаше со […]

АД ЕСМ подружница ,,Енергетика” почна со парно греење во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром


АД ЕСМ, подружница „Енергетика” почна со испорака на топлинска енергија, пред официјалниот почеток на грејната сезона. Парно греење од „Енергетика” денеска добија 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. -Согласно Правилникот за снабдување со топлинска енергија, испораката може да […]

Сослушани двајца сведоци за „ТНТ“, судењето продолжува на 15 октомври


Судењето за предметот „ТНТ“ односно уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски „ТНТ“ продолжува на 15 октомври откако на денешното рочиште беа сослушани двајца сведоци предложени од одбраната. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е поранешниот специјален обвинител Бурим Рустеми, кој се га е […]

Ангеловска: Со ребалансот средствата одат онаму каде што ќе имаат најголема ефикасност


Алоцирање средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти, повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати, се целите на ребалансот на Буџетот за 2019 година што министерката за финансии Нина Ангеловска ги посочи […]

Отворено ново детско катче во Ѓорче Петров


Во Општина Ѓорче Петров денеска беше отворено ново мало катче за најмладите. Како што нагласи на отворањето градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов идејата била да се создаде место каде децата ќе поминуваат дел од своето слободно време и кај нив од мали нозе да почнеме да се креира свест за тоа како треба да […]

Собранието ја почна расправата по дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2019 година


Пратениците ја почнаа расправата по Дополнетиот предлог ребаланс на Буџетот за 2019 година. Предлогот го образложи министерката за финансии Нина Ангеловска, која рече целта е да се алоцираат средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми економски ефекти. Дополнетиот предлог што е пред пратениците ги содржи деветте […]

Полицијата приведе 27 мигранти и двајца криумчари


СВР Струмица на двајца жители на Богданци им поднесе кривична пријава поради сомневање дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“. Тие вчера превезувале 27 мигранти од кои 11 од Авганистан и 16 од Пакистан, а двајца од нив биле малолетници, соопштија денес од струмичката полиција. Имено, вчера око 11 часот по претходни оперативни сознанија било забележано […]

Спасовски од Женева: 71 милион бегалци треба да ја мобилизира меѓународната заедница


Фактот што денес приближно 71 милион луѓе се присилно раселени низ светот, што е впрочем најголема бројка досега, е доволен аларм што треба да ја мобилизира целата меѓународна заедница, во потрага по конкретни и квалитетни решенија во сферата на миграциите. Половината од речиси 26 милиони евидентирани бегалци, се луѓе помлади од 18 години, што претставува […]

Културните работници утре протестираат со опера пред Влада


Синдикатот на културата (СКРМ) ќе одржи протестен марш во вторник со цел, како што велат да го изразат нивното незадоволство и разочарување од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години. Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата […]

Игри со анкетната комисија за СЈО. ВМРО-ДПМНЕ сега признава само С од Северна


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ доставила до парламентот нов предлог за формирање анкетна комисија за утврдување законски прекршувања и злоупотреби во работењето на СЈО, откако спикерот Талат Џафери им го врати на опозициските пратеници првиот предлог, поради технички пропусти во содржината. Една од забелешките на Џафери беше дека во документот што е доставен до собраниската архива […]

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара да биде вклучена во преговорите за Изборниот законик


Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија бара да биде вклучена во преговорите за најавените промени на Изборниот законик. Во денешното соопштение тие наведуваат дека ќе се залагаат за намалување на бројот на пратеници, за застапеност на лицата со посебни потреби на листите, за рамноправна застапеност на мажите и жените и да […]

Шаленберг: Преговорите се како Тур де Франс, не треба да постои дискриминација кој е на стартната позиција


Преговорите со Европската Унија, австриски сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи Александер Шаленберг ги спореди со Тур де Франс – патот е долг, со многу патеки и потешкотии. Шаленберг, кој е во посета на Северна Македонија на прес-конференцијата по средбата со шефот на дипломатијата Никола Димитров изјави дека позицијата на Австрија е јасна […]

Димитров како Хан: и еврокомесарот лани ни закажа рандеву со историјата


„Ајде да се фатиме за работа, имате рандеву со историјата. Затоа нема време за губење. Ние сме само на почетокот од едно долго патување“. Вака зборуваше лани летото во Скопје еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на почетокот на скрининг процесот за нашата земја во ЕК и во пресрет на референдумот за името, по потпишувањето на […]

Во наредните денови претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура


Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, а во утрински часови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе има слично време со температура од седум до 18 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи […]

За Шаленберг Скопје и Тирана треба да добијат датум, за Димитров две е подобро од една, но една е подобро од нула


Австриската позиција е јасна – Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори на претстојниот Европски совет, следната недела, а во интерес на Скопје е Тирана да почне преговори – тоа е добро за земјава, за соседната држава, регионот, но и целокупната геополитичка состојба. Овие ставови денеска ги изнесоа шефовите на […]

Денови на 30-годишнината од „Кадифената револуција“


Оваа година Република Чешка слави 30 години од „Кадифената револуција“ во Чехословачка. По тој повод амбасадата на Република Чешка во Скопје организира серија од настани поврзани со прославата и секако во фокус на овие настани е токму темата на кадифената револуција. Вистински фотографии кои го имаат документирано историскиот настан ќе може да ги погледнеме на […]