ВМРО-ДПМНЕ бара да се заштити медицинскиот персонал


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ бара да се заштити медицинскиот персонал во земјата бидејќи според нивните анализи  Македонија е на второ место по број на заболени од корона вирусот на Балканот, споредено со бројот на жители. Хрватска е пред нас со 102 заразени на милион жители, а по нас е Црна Гора со 83 заразени на милион жители.

-Поради несоодветната грижа во државата 12 проценти од заразените се лекари.Секој граѓанин мора да се заштитува себе и своите блиски и здравјето на сите граѓани.Сето ова мора да се надмине, а медицинскиот кадар мора да биде заштитен. Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ го предлага  сите здравствени работници да имаат доволна количина на заштитни материјали.Потоа да се подготви Бел план за здравствените институции во земјава, за да се подготват за најлошото сценарио. Масовно да се тестираат ризични групи, повратниците од дијаспората, младите преку тестирање на репрезентативен примерок, редовно тестирање и планска заштита на лекарите и здравствените работници.Да се организираат карантини со соодветни услови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.