Лидерите на ЕУ ја потврдија одлуката за преговори со Македонија


Лидерите на Европската унија кои доцна вечерва одржаа самит преку видеолинија, ја потврдија одлуката за започнување преговори со Македонија.

Ова го објави еврокомесарот Оливер Вархеи, оценувајќи дека лидерите го потврдиле на највисоко ниво новиот пристап кон проширувањето.

„Ние ја почнуваме нашата работа околу преговарачката рамка, додека реформите во двете земји продолжуваат. Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ“, порача еврокомесарот по самитот на лидерите на Унијата, кој главно беше посветен на помошта за справување со корона вирусот.