„Кај Ромите има проблем“: Министерката Јаневска признава дека традицијата е посилна од законот


  Системот „Безбеден град“ воведен во три градови во Македонија (Скопје, Тетово и Куманово) како и на двата автопата, од под тепих извади еден долгогодишен голем проблем, откако Ромите од Битола, но и други градови излегоа на протести, ги блокираа регионалните патишта со запалени гуми, палети, ѓубре и кажаа дека немаат возачка дозвола, а и […]

Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 %


 Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом, наспроти 32% кои живеат во изнајмени станови. Во Македонија околу 87 % живеат во свој дом, а 12,9% под кирија, покажуваат податоците на Евростат.   Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година, повеќе од две третини (68%) од населението […]

Променливо време во наредните денови


Следува период на променливо време. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и в недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег, информира УХМР. Врнежи од дожд ќе има и в понеделник, кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од […]

Демократски сојуз бара итна забрана на производство на марихуана


Демократскиот сојуз денеска побара македонското Собрание по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели. Во партиското соопштение се наведува дека досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Министерство за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 […]

Вo јануари отстранети 2.765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје


 ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека нивните екипи во текот на првиот месец од 2026 година подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и  2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е […]

Неофицијално запленети 27 тони марихуана во вчерашната акција


  Македонските безбедносни органи спроведоа акција во која се запленети 27 тони марихуана, поврзана со претходен шверц во Србија. Истрагата е насочена кон злоупотреба на лиценците за медицински канабис од страна на компанијата „Алфафарм“, отворајќи прашања за системските пропусти во контролата на овој бизнис сектор. Операцијата резултираше со одземање на вкупно околу 27 тони марихуана. […]

Магла на патиштата во Струмица, Неготино и Демир Капија


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100метри во Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150метри Демир Капија, информира АМСМ. Сите патни правци во државата се проодни. Интензитетот на сообраќај на […]

Дел од центарот на Скопје денеска без вода


Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 48, денеска од 8:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата „Димитрие Чуповски“, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар во Општина Центар. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација […]

Променливо облачно со дожд


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени Целзиусови. […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 6 февруари 2026 година, 37-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  328 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минути, а ќе зајде во 10 часот и 13 минути. Денов трае 10 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Сите исто ќе плаќаат паркинг – нема повеќе повластени


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека не е планирано зголемување на цените за паркирање во главниот град, нагласувајќи дека фокусот на градските власти е воспоставување ред и еднаков третман за сите граѓани. На денешната прес-конференција, Ѓорѓиевски одговори на новинарско прашање поврзано со цените на паркингот и повластените услови за одредени институции и вработени. […]

Возачите на ЈСП ќе си ја плаќаат казната ако поминат на црвено


Речиси 150 црни точки ќе бидат обележани за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. Прашан во врска со сообраќајните знаци, особено пред училиштата, бидејќи, според граѓаните, немало доволно сообраќајни знаци, не знаеле колку да возат, а имало поплаки и за инфраструктурата, Ѓорѓиевски се […]

Двајца возачи имаат 40 забрани за возење, 55.000 со барем една


МВР објави статистика за најекстремните прекршители на сообраќајните правила. Па така, во последните 4 години, на над 55.000 возачи им била изречена најмалку една забрана за возење, од нив 677 возачи имале по четири забрани, 291 возач по пет забрани, а двајца рекордери собрале дури по 40 забрани за возење. За повеќето од овие лица, […]

Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите и тие треба да ги искористат


За да може да полагаат за возачка дозвола, доволно е минимално, основно образование. Државата им обезбедува можности што тие треба да ги искористат. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со протестите на Ромите што бараат да бидат […]

„Езерце“ во Скопје е урнато. Ќе никне ли нов ресторан таму?


  Поранешниот ресторан „Езерце“, односно она што по години негрижа остана од него во Градскиот парк во Скопје, деновиве се урива до темел. Што ќе има на тоа место е дискутабилно, затоа што градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски тврди едно, а Општина центар сосема друго. Ѓеорѓиевски вели дека таму ќе имало „детско катче“, додека од […]

Во Битола протестираа слепи лица зашто државата два месеци ги остави без лични асистенти


 Слепи лица, лица со попреченост и нивните лични асистенти денеска во Битола одржаа мирен протест и побараа од Министерството за труд и социјална политика на личните асистенти да им исплати две задоцнети плати и да ги продолжи договорите за нивниот ангажман за поддршка на слепите лица и други лица со попреченост. Во изјава за медиумите, […]

ДПД Кочани доби ново противпожарно возило како донација од Германија


Доброволното противпожарно друштво Кочани од денеска е побогато за уште едно противпожарно возило, кое пристигна од Унтершлајсхајм, Германија. Станува збор за донација од Доброволното противпожарно друштво Унтершлајсхајм.  Возилото е марка „Mercedes-Benz“ и претставува автоцистерна со капацитет од 5.000 литри вода и погон на сите шест тркала (6×6), што го прави особено соодветно за интервенции при […]

Почина маж од Тетово по компликации од грип, состојбата со вирусот се смирува


Во текот на изминатата недела во Македонија е регистриран уште еден смртен случај поврзан со компликации од грип. Станува збор за 62-годишен маж од Тетово, кој бил хоспитализиран на инфективното одделение во тетовската клиничка болница. Кај починатиот биле утврдени повеќе хронични заболувања, не бил вакциниран против сезонски грип, а лабораториски е потврден вирусот инфлуенца А […]

И Гази Баба субвенционира возачки дозволи


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека младите од општината добиваат 10.000 денари за полагање возачки испит Во објавата на Фејсбук, Стефковски информираше дека е објавен Јавен повик за субвенционирање на младите за полагање на возачки испит – конкретна мерка, за која вели дека е реална поддршка со јасна порака дека младите се […]

Филипче за протестите за возачки дозволи: Владата треба да најде решение кога има немир кај граѓаните


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека протестите на дел од граѓаните поврзани со возачките дозволи и системот „Сејф сити” не се начин за решавање на проблемите, но дека Владата има обврска да понуди институционални и законски решенија за сите категории граѓани. „Сметам дека протестите не се начинот да се бара решението. Ние кажавме на […]