Вонредни информации: Поплави во повеќе региони, свлечишта на патиштата низ тетовско


Центарот за управување со кризи информира дека до 17 часот попладнево се евидентирани поплави и излевања на водотеци во повеќе региони во државата, по обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во изминатите часови. Во скопскиот регион, во Општина Сарај, поплавени се селата Буковиќ и Семениште. На терен интервенирале екипи на Општина Сарај, Бригадата […]

УХМР алармира: Водостоите уште ќе растат


Врнежите во изминатите 24 часа предизвикаа значително зголемување на водостоите во западниот дел од земјата, информира Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според нивните податоци, зголемен е водостојот на сите реки во западна Македонија, а кај дел од нив се очекува дополнително покачување во текот на денот. До крајот на денот се очекува висок водостој во […]

(ВИДЕО) Сарај поплавен, со булдожери се чистат каналите


Со механизација се чистат поплавените објекти и канали во општина Сарај, каде поради поројните дождови се поплавени делови од селата Буковиќ и Семениште. По пријавите за поплавени куќи, Центарот за управување со кризи веднаш ги активирал сите надлежни служби и обезбедил целосна координација на терен. Екипи од Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје и […]

Од вторник заладување со нови пообилни врнежи


 Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во […]

Владата ретерира од Законот за пушење, фазно ќе го применува?


Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе почне да се применува во фази? Државниот советник Никола Грбчевски од Министерството за здравство во гостување на ТВ21 рече дека евентуалното одложување на примената на законот не би го нарекол ретерирање, туку фазна имплементација зашто […]

Уставниот суд ќе се отвори за граѓаните, секој може да закаже средба со Костадиновски


По повод одбележувањето на 62 години од започнувањето со работа, Уставниот суд ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски. Институцијата првпат започна со работа на 15 февруари 1964 година, поставувајќи ги темелите на уставно-судската заштита во државата. Од Судот информираат дека средбите ќе се одржуваат секој прв четврток во […]

Муцунски од Минхен: Државата се позиционира во новата геополитичка ера


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,  изјави од Минхен дека во изминатите дваесет месеци државата донела неколку значајни одлуки и склучила договори кои имаат големо влијание врз нејзиното стратешко позиционирање на меѓународната сцена.  Тој посочи дека еден од клучните чекори е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, со што земјата […]

СДСМ: Кој во власта дозволил да се одгледува нелегално марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони?


СДСМ и денес бара одговор на прашањето како пет тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара.   „Сите молчат. Мицкоски. Тошковски. Николовски. Тарчуловски. Томовски…Соочени со фактот за сопствената одговорност се впуштија во медиумска кампања и лицитираат со запленети 100 тони марихуана која според нив била нелегално произведена.  Но, така заглавија уште подлабоко. […]

Tреил трка за вино и љубов во Долни Дисан


 Под мотото „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот“, денеска во Долни Дисан ќе се одржи четвртото издание на Треил трката за вино и љубов, инспирирана од винските трки во Франција и Италија и прва од овој вид во Неготино и во државата. Трката, што се одржува по повод празникот Свети Трифун, комбинира рекреација, […]

Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари, на Лисец-Попова Шапка забрана за автобуси и камиони


На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат. Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин. АМСМ информира дека од 05:45 […]

За 24 часа наврнаа 48 литри дожд во Македонија


Територијата на Македонија во изминатите 24 часа, до 7 часот, утрово беше под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив. Токму овој циклонски систем услови насекаде кај нас да имаме врнежи од дожд кои најобилни беа во западните  и во северозападните предели. На планините во западните  и во северозападните предели од Македонија […]

Кичево повторно се справува со поплавите, еден месец по првите евакуации


Поради обилните врнежи и наглото влошување на состојбата на терен, Општина Кичево веднаш организираше координирана интервенција за справување со последиците од поплавите и заштита на граѓаните и нивниот имот. На терен се ангажирани екипи и механизација, со насочени активности кон најкритичните точки, и тоа: – расчистување на одводни правци и критични делници, – отстранување наноси, […]

Јаневска: „Сѐ што е разумно за законот за високо образование ќе биде прифатено“


  Откако пристигнаа многу критики, некои прилично жестоки, за предложениот закон за високото образование, министерката за образование, Весна Јаневска, вели дека јавната дебата сè уште не е завршена. И дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите. Таа најави дека од следната недела, по договор со универзитетите, Министерството ќе оди во нивна посета на јавна расправа. […]

Опозицијата и власта во клинч околу субвенциите на Денот на лозарите


  Секој позначаен настан за македонските земјоделци поминува во политичка пресметка меѓу власта и опозицијата околу субвенциите и иднината на земјоделството. Така беше и денеска на Денот на лозарите, Свети Трифун. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава од Моклиште, Кавадраци, нагласи дека со новите критериуми за добивање субвенции владата директно ги оштетува  средните винарии, […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница


Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе […]

Утрово облачно – попладне дождови


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен […]

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија


Собранието на пленарната седница закажана за среда, 18 февруари се очекува да ги  констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска. Веднаш потоа, како што велат од Собранието за МИА, треба да започне постапката за избор на нов претседател на […]

Дебармаалци закроија лозово гранче, се славеа виното и љубовта (фото)


Со традиционална македонска музика, закројување лозово гранче и испраќање порака за мир во реката Вардар денеска почнаа 24. Дебармаалски средби и серенади, посветени на воспевање на виното и љубовта, по повод Св. Трипун и Св. Валентин. Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, а ќе продолжи во Градскиот парк, кај споменикот „Гоце Делчев“, каде што […]

Од денеска може да ги валидирате знаењето и вештините во еден од седумте регионални центри


Покрај функционирањето како образовни установи за задолжително средно образование, сите седум регионални центри за стручно образование и обука од денеска може и да ги валидираат знаењата и вештините на повозрасната популација стекнати преку неформално и искуствено учење, соопшти Министерството за образование и наука.  МОН информира дека 19 советници за неформално образование и искуствено учење и […]

Штом се исчисти една депонија – никнува друга! Охрид на мака


Охрид, но и останатите општини во земјата генерално се соочуваат со проблемот на појавата на дивите депонии со комунален отпад односно т.н. сметишта. Начинот како да се ублажат последиците од појавата на такви депонии и тоа преку дискусии на претставници на институции задолжени за односната тематика, беше темата на јавната панел-дискусија одржана денеска во Охрид. […]