Битола со помош на Германија доби бесплатна Wi-Fi мрежа низ градот


Граѓаните и посетителите на Битола од сега можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на локацијата Градски пазар. Мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital. Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен […]

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите – континуирана грижа за здрави насмевки


По повод 20 март – Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар континуирано реализира бесплатни стоматолошки прегледи за деца од предучилишна и училишна возраст, како и за пензионерите, како дел од посветеноста на превенцијата и унапредувањето на оралното здравје. Во таа насока, беше одржан работен состанок со Проф. д-р Соња Апостолска, декан на Стоматолошкиот факултет […]

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег


Четири степени под нулата се евидентирани утрово на Попова Шапка, додека висината на снежната покривка изнесува 60 сантиметри, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Еден сантиметар снег има во Крушево. Температура под нулата е регистрирана и во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево. Најтопло, со измерени осум Целзиусови степени, е во Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци […]

Алиу: Македонија е меѓу најдобрите земји во намалување на смртноста кај децата


Македонија е меѓу најдобрите земји во светот во извештај на Обединетите Нации за намалување на неонаталната смртност за деца под пет години на глобално ниво, рече на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. „Овој глобален извештај за 2025 година кој беше објавен вчера покажува дека Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот во намалување […]

Благоја Механџиски вработува роднини на настраданите во Кочани


Првиот човек на фармацевтскиот гигант Зегин, Благоја Механџиски нуди вработување за сите членови на настраданите во трагедијата во Кочани, тврдат ченови на семејствата на загинатите во огромната трагедија. Механџиски на здружението на граѓани ,,16 Март Кочани 2025″ формирано од членови на семејствата на настраданите во пожарот во Пулс им доделил деловни простории во кои семејствата […]

Македонската заедница од Италија со комеморација за жртвите од Кочани и уште една хуманитарна акција


Македонската заедница во Пиемонте, Италија, кои во изминатава година веќе собрале 40.000 евра за донации за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја одбележаа годишнината од смртта на 63 млади луѓе. „Во неделата вечер организиравме мала, но многу значајна комеморација, на која оддадовме почит на жртвите и покажавме дека тие не се заборавени. […]

Сообраќајот се одвива непречено, коловозите влажни на повеќе планински премини


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег и дожд, кои не се задржуваат на коловозот, се регистрирани на планинските премини Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Крушево. Како што информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“, сите патни правци низ државата се проодни, а на одредени делници што минуваат […]

Јавна трибина за војната во Иран и нејзините импликации врз регионалната безбедност и македонската економија


Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ денеска во Порта Македонија во 11 часот организира јавна трибина на тема „Војната во Иран и нејзините импликации за регионалната безбедност и за македонската економија”. Во дискусијата, како што најавува, ќе се вклучат експерти, членови на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница и на цивилното општество, а […]

Собранието треба да избере член на Судскиот совет


Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на чиј дневен ред се преостанати се уште три точки – Предлог за изборот на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување на […]

Променливо облачно, наутро студено, преку ден до 15 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната од 8 до 15 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 19 март 2026 година, 78-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  287 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 45 минути. Денов трае 12 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

И Црна Гора ќе ни помага за јавната администрација да проработи


 Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството за јавна администрација на Црна Гора, со посебен акцент на реформите во јавната администрација и развојот на административните капацитети, стои во соопштението од […]

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите


На денешното рочиште за случајот „Онкологија“ вештакот Милан Ристески повторно сведочеше за терапиите и протоколите на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, при што посочи на повеќе отстапувања во медицинската документација и изборот на терапии. Тој истакна дека кај 12 пациенти била дадена терапија спротивно на индикациите и без никаква корист, а особено ги […]

Триесет уметнички дела донирани на Клиниката за гастроентерохепатологија


Триесет уметнички дела ќе бидат распоредени во просториите, како и во собите за пациенти на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија. Делата се донација од голем број уметници со цел подобрување на амбиентот за пациентите и медицинскиот персонал. На приморедавањето на уметничките дела, директорката на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, проф. д-р Мери Трајковска, рече дека замолиле што […]

Општината Карпош стартува со субвенционирање на кастрација и стерилизација на бездомни мачки и мачори


Започнувајќи од денеска, па сé до исцрпување на средствата, Општината Карпош стартува со субвенционирање на кастрација и стерилизација на бездомни мачки и мачори. „За таа цел, Здружението за заштита на животните “АМОС Скопје”, во соработка со ветеринарните амбуланти “Др. Јасминка Ван Дер Флиер ДООЕЛ” и “Пет Виталити ДОО”, ќе вршат бесплатна стерилизација и кастрација на бездомни […]

Ненад Савески избран со 66 гласа за државен јавен обвинител


Собранието со 66 гласа „за“ го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Против неговиот избор гласаа двајца пратеници, додека осуммина беа воздржани. Владиниот предлог го образложи вицепремиерот Александар Николоски, кој истакна дека на државата очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Тој го опиша Савески како врвен професионалец без ниту една […]

Од Кисела Вода, Ѓорѓиевски почна генералка на Скопје


Од Кисела Вода, каде до вчера беше градоначалник, таткото на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ги спрегна јавните комунални претпријатија да ги исчистат и измиојат булеварите, да постават метални столпчиња за да не се узурпираат тротоарите со возила, да ги искосат тревите, да ја ископаат земјата налегната на тротоарите со години… Бројни работници на „Комунална хигиена“, […]

Васил Јованов останува 13 години во затвор затоа што ја прегази Фросина на „Партизанска“


Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов, кој на пешачки премин, минатата година во Скопје, ја прегази и усмрти Фросина Кулакова. Ова значи дека неговата казна од 13 години затвор останува на сила, и тој веќе нема правни мерки со кои би можел да ја ублажи казната. – Врховниот […]

Обвинителството се повлече, судот ја запре постапката против Лазар Нанев


Основниот суд Велес ја запре кривичната постапка против поранешниот судија и поранешен претседател на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, откако Основното јавно обвинителство Велес го повлече обвинителниот предлог и се откажа од понатамошно гонење. Постапката се водеше за кривичното дело несовесно работење во службата. Од Судот во Велес соопштија дека решението е донесено врз основа […]