Клиниката Козле доби вода


Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет. Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти, стои во соопштението на МЗ испратено попладнево до медиумите. …

Клиниката Козле доби вода Read More »

ОМД со донација за кавадаречката болница


  Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од големо значење за регионот, донација од Обединета македонска дијаспора, истакна денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, кој беше во работна посета на болницата. Донацијата, која е во вредност од околу 450 илјади долари и ќе се користи во сите медицински одделенија во …

ОМД со донација за кавадаречката болница Read More »

Онколози од Скопје почнаа со прегледи во Битола


  БИТОЛА – Познатиот специјалист онколог проф. д-р Симонида Црвенкова, денеска прегледуваше онколошко болни пациенти во Битола. Таа е само една од лекарите специјалисти кои неделно ќе доаѓаат во Клиничката болница Битола по неодамна потпишаната соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје. Целта е скопските лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија да …

Онколози од Скопје почнаа со прегледи во Битола Read More »

Скопски „Водовод“: Дефектот на водоводната инсталација во Козле е во сопственост на болницата


П „Водовод и канализација“-Скопје во врска со прекинот на водоснабдувањето на Детската болница Козле попладнево информираат дека при нивниот извршен увид констатирале дека причина за прекинот не е во нивна надлежност. Посочија дека станува збор за дефект кој е во сопственост на болницата. -ЈП „Водовод и канализација“-Скопје ја информира јавноста дека наши екипи извршија комплетен …

Скопски „Водовод“: Дефектот на водоводната инсталација во Козле е во сопственост на болницата Read More »

Општинa Ѓорче Петров: Нови услови и спортска сала за учениците во Хром


Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во населбата Хром, каде се реализира значајна инвестиција од 1.500.000 денари за унапредување на образовната инфраструктура. „Во рамките на проектот се изведуваат работи на нов влез со пристапна рампа, скали и патека, адаптација на простор …

Општинa Ѓорче Петров: Нови услови и спортска сала за учениците во Хром Read More »

Армијата зајакната со шест хаубици


Денеска стоиме пред важен чекор на нашата држава, го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани, рече премиерот Христијан Мицкоски, на денешната промоција на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 мм, „Боран“ и друга придружна опрема …

Армијата зајакната со шест хаубици Read More »

Советот на Европа бележи раст на пренатрупаноста во европските затвори: Македонија со „умерена пренатрупаност“


Пренатрупаноста на затворите останува главен предизвик за една третина од европските земји, при што бројот на затвореници на 100 расположливи места за една година се зголемил од 93,5 на 94,9, се наведува во извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ) објавен денеска.  Во него се посочува дека во однос на состојбата во затворите, …

Советот на Европа бележи раст на пренатрупаноста во европските затвори: Македонија со „умерена пренатрупаност“ Read More »

Обвинителен предлог за нападот врз градоначалничката на Скопје, продолжен притворот за осомничениот


Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен предлог против лицето С.Љ. за кривично дело насилство, во врска со настанот што се случи на 11 јули 2025 година, при што беше нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека заедно со обвинителниот предлог е поднесен и предлог за продолжување на мерката …

Обвинителен предлог за нападот врз градоначалничката на Скопје, продолжен притворот за осомничениот Read More »

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“


Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека обвинителниот акт е веќе доставен до сите обвинети и нивните адвокати, а откако ќе го примат, започнува рок од осум дена за приговор. По истекот на тој рок, судечкиот совет ќе заседава и ќе ја …

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ Read More »

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира


Топлотниот бран со високи температури во Скопје доведе до зголемена потрошувачка на водата за пиење. Од Град Скопје и ЈП Водовод и канализација повеќепати предупредија дека има енормна и неконтролирана потрошувачка и апелираат граѓаните разумно да ја користат водата за пиење – да не се користи за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење …

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира Read More »

Се реконструира водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, ќе добие и 15 противпожарни хидранти


Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром. Станува збор за клучна улица во должина од околу 1300 метри со вкупно 109 приклучоци и можност за нови …

Се реконструира водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, ќе добие и 15 противпожарни хидранти Read More »

МЗ со препораки за најавениот топлински бран во следните денови


Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.   По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од …

МЗ со препораки за најавениот топлински бран во следните денови Read More »

МОН и Бреинстер ќе соработуваат за воведување на вештачка интелигенција во средното образование


По приклучувањето на Факултетот за информатика од Штип кон институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем во Македонија, од денес соработници на Министерството за образование и наука во остварувањето на оваа цел се и приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација, кои работат под брендот Бреинстер. На конференција на која …

МОН и Бреинстер ќе соработуваат за воведување на вештачка интелигенција во средното образование Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Информациите дека Мицкоски, наводно, барал бугарски пасош се бугарска пропаганда


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите на бугарскиот медиум „лупа.бг“ дека тој во 2008 година аплицирал за бугарско државјанство во конзулатот во Скопје, па се откажал, оценувајќи ги како бугарска пропаганда против Македонија. „Информациите дека наводно Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда против Македонија и нејзините платени слуги во самата држава. …

ВМРО-ДПМНЕ: Информациите дека Мицкоски, наводно, барал бугарски пасош се бугарска пропаганда Read More »

МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника


Министерството за здравство соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на …

МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника Read More »

Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени


Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, на повеќе места ќе надминува …

Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени Read More »

Вработените од „Флораком“ бараат исплата на платата за јуни, во спротивно најавија нов протест


Вработените од „Флораком“ која е фирма ќерка на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска одржаа протест пред влезот на јавното претпријатие и блокираа раскрсница на булеварот „Илинденска“ поради неисплатена плата за месец јуни и останати надоместоци. Тие изјавија дека доколку до 22 јули не им биде исплатена платата за месец јуни повторно ќе ја блокираат …

Вработените од „Флораком“ бараат исплата на платата за јуни, во спротивно најавија нов протест Read More »

Министерката Јаневска ќе потпише меморандум за соработка со Бреинстер ЦБЦ и Бреинстер Некст (во живо)


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на Бреинстер ЦБЦ – друштво за интернет едукација, Петар Ниновски, и генералниот менаџер на Бреинстер Некст – приватна високообразовна установа самостојна висока стручна школа, Александар Клашниновски, ќе потпишат меморандум за соработка со фокус на воведување вештачката интелигенција во средното образование. 

Британска поддршка за јакнење на обвинителството во Македонија


Јавниот обвинител Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители вчера одржаа работен состанок со тим од Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан и британската Амбасада во Скопје, предводени од Ник Хокинс, тим лидер и поранешен Крунски јавен обвинител на Обединетото Кралство и експертот Калум Кокс, долгогодишен адвокат, судија и јавен обвинител во Велика …

Британска поддршка за јакнење на обвинителството во Македонија Read More »

Бутел ќе добие поликлиника, Дом на култура, базен со унгарските пари


Нови девет милиони евра за нови капитални инвестиции во скопски Бутел. Општината ќе добие нова поликлиника, нов Дом на култура, нов мега плоштад, нов базен – предвидени се 39 нови капитални проекти, а ќе бидат вложени над 9 милиони евра – средства кои се обезбедени од страна на Владата на Република Македонија. – Наскоро ќе …

Бутел ќе добие поликлиника, Дом на култура, базен со унгарските пари Read More »