Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани


Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија. „Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре“, објави Мугоса, пренесува Cdm.me, додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот се подобрува …

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани Read More »

Протести за поскапувањето на струјата во шест градови


Протесниот марш против поскапувањето на електричната енергија доби големи размери. Протестите во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга ќе почнат во 18 часот, а во Куманово во 14 часот. Се бара укинување на одлуката за поскапување на електричната енергија од 7,4 отсто, распуштање на Регулаторна комисија за енергетика и формирање на тело во Собрание …

Протести за поскапувањето на струјата во шест градови Read More »

Прилеп во дилема: Kако и кога ќе почне учебната година?


Како и кога ќе почне учебната година? Родителите, учениците и наставниците сѐ уште чекаат да се изјаснат Министерството за образование и здравствените експерти. Фактот дека сѐ зависи од епидемиолошката состојба и ситуацијата со пандемијата ги прави состојбите неизвесни. И додека се чека на конечната одлука, Елбан Исмаилоски од Долненското село Житоше дојде во Прилеп на …

Прилеп во дилема: Kако и кога ќе почне учебната година? Read More »

Почнува Богородичниот пост


За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни …

Почнува Богородичниот пост Read More »

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, Чаир се уште на врвот


Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.848 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (88 г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80 г.) вонболнички. Регистрирани се 175 оздравени пациент. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата …

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, Чаир се уште на врвот Read More »

Се асфалтира патот Галичник-Маврово, сообраќајот во прекин секој ден од 10 до 16 часот


ЈП Македонија пат подружница Скопје почнувајќи од денеска ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 село Галичник – Маврово. Од АМСМ информираат дека асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10.00 – …

Се асфалтира патот Галичник-Маврово, сообраќајот во прекин секој ден од 10 до 16 часот Read More »

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ-8. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. …

Сончево и топло со мала до умерена облачност Read More »

Се зголемува бројот на случаи со Ковид-19 во Берово


Се зголемува бројот на случаи со Ковид-19 во Берово. Здравствените надлежни денеска соопштија за нов пациент кој имал позитивен тест на коронавирус со што бројката на заразени лица од вирусот во Берово од почетокот на пандемијата сега изнесува 10 лица. – Со денешниот нов случај активни се седум лица. Најновите информации велат дека најголем дел …

Се зголемува бројот на случаи со Ковид-19 во Берово Read More »

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје


Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје регистрирала денеска во 16 часот и 44 минути телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда …

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје Read More »

Пендаровски за Рамковниот: Премногу жртви дадовме, премногу време изгубивме, за да се враќаме назад


Шефот на државата Стево Пендаровски излезе со став за 19-годишнината од Рамковниот договор оценувајќи дека тој немал за цел да инагурира победници и да прогласува поразени. „Денеска се навршуваат 19 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001 и се поставија темелите за уставни и законодавни …

Пендаровски за Рамковниот: Премногу жртви дадовме, премногу време изгубивме, за да се враќаме назад Read More »

(Видео) Пендаровски: Не можам да го чувам мандатот во фиока


Не можам да го чувам мандатот во фиока и морам да го доделам во рок од десет дена од верификувањето на мандатите на пратениците. Aко лидерот на СДСМ, Зоран Заев не обезбеди 61 пратеник за 20 дена,  ќе го врати, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој попладнево со …

(Видео) Пендаровски: Не можам да го чувам мандатот во фиока Read More »

Заев и Ахмети имале конструктивна средба која води кон договор


 На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото, стои во заедничкото соопштение од СДСМ и од ДУИ, по денешната средба, на која учествуваа претседателите на партиите Зоран Заев и Али Ахмети …

Заев и Ахмети имале конструктивна средба која води кон договор Read More »

(ВИДЕО) Мицкоски ги замрзнува односите со Пендаровски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со шефот на државата Стево Пендаровски во вила Водно, која ја побара откако претседателот му го довери денеска мандатот за состав на влада на Зоран Заев, изјави дека од денеска ги замрзнуваат односите со неговиот кабинет. -ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува …

(ВИДЕО) Мицкоски ги замрзнува односите со Пендаровски Read More »

Брнз: Охридскиот договор ги премости етничките поделби во земјата


Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, денеска на Твитер напиша дека Охридскиот рамковен договор е важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби. – Денеска ја одбележуваме 19-годишнината од Охридскиот рамковен договор, важна пресвртница што и помогна на Северна Македонија да ги премости етничките поделби. Со нетрпение очекувам да …

Брнз: Охридскиот договор ги премости етничките поделби во земјата Read More »

Заев: Ќе успеам да формирам Влада


Лидерот на СДСМ Зоран Заев по добивањето на мандатот за составување влада, изјави дека е сигурен оти во уставно предвидениот рок ќе успее да го формира новиот владин тим. Прашан што ќе се случи ако за 20 дена не успее да состави влада, дали ќе го врати мандатот и дали ќе има нови избори, Заев …

Заев: Ќе успеам да формирам Влада Read More »

Нови 141 случај со Ковид-19, двајца починати, 175 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5, Неготино-1. Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (88 г.) во болнички услови и пациентка од …

Нови 141 случај со Ковид-19, двајца починати, 175 оздравени пациенти Read More »

Ахмети: Договор со СДСМ уште нема, но одлуката ќе биде во корист на државата


Наместо средба со лидерите на парламентарните партии од албанскиот блок на повикот на Али Ахмети денеска се одзваа само новинарите, па она што требаше да биде сеалбанска состанок за одбележување на Рамковниот договор се претвори во прес-конференција. Наспроти забелешките од неговите политички конкуренти дека повикот на Ахмети бил без конкетна агенда, лидерот на ДУИ одговори …

Ахмети: Договор со СДСМ уште нема, но одлуката ќе биде во корист на државата Read More »

Филипче: Комисијата предложи учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава


Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука. Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за овој предлог на Комисијата треба …

Филипче: Комисијата предложи учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава Read More »

Пендаровски му го даде мандатот на Заев да формира влада


Претседателот Стево Пендаровски, и покрај пораките дека треба да чека да се конституира Собранието, му го даде денес мандатот да формира влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Обидот вчера да се опструира на некој начин оваа одлука така што ќе се свика седница и паралелно можеби ќе се „презема“ власта, од нејасни причини пропадна. …

Пендаровски му го даде мандатот на Заев да формира влада Read More »

(Видео) Пендаровски му го доделува мандатот на Заев


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски му го врачи мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Заев го добива мандатот во име на коалицијата ,,Можеме”, која освои најголем број пратенички места во Собранието на неодамнешните вонредни парламентрани избори.   https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/770001157136727/