Сара и Матеј најчести имиња во 2020 година


Сара е најчестото женско, а Матеј најчестото машко име што граѓаните во земјава им го давале на своите новородени деца во текот на оваа година. Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња во 2020 година кај новородените женски бебиња се Сара, Јана, Јована, Марија, Софија, Асија, Елиф и Туана, додека кај […]

Неработни денови во 2021: Догодина пет продолжени викенди за сите граѓани


Во 2021 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, кога имаше шест продолжени празнични викенди. Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на новогодишните празници, кога неработен ден е 1 јануари, петок. Втор неработен […]

Првите дози од вакцината на „Фајзер“ ќе пристигнат во февруари, ќе следат и вакцини преку Ковакс механизмот


Првите дози од вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ ќе пристигнат во февруари, информира вчера Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека бил постигнат директен договор со компанијата „Фајзер“, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство информира дека продолжува […]

Учениците од денеска на распуст, наставата продолжува на 21 јануари


Основците и средношколците од денеска се на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари. Наредниот ден учениците ќе ја продолжат наставата од второто полугодие на учебната 2020/2021 – во училишните клупи или пред ИТ-уредите. Зимскиот распуст е во период како и во минатите години и, иако имаше барања, не беше предвремен затоа што повеќето […]

Владата го одобри текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини преку КОВАКС


Владата на денешната 36 седница го разгледа и усвои текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини против Ковид-19 преку КОВАКС системот и го овласти министерот за здравство да ја потпише во нејзино име. Текстот за финансиската гаранција во износ од 7.457.140 американски долари е усогласен помеѓу Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), како нејзин корисник, […]

Укината забраната за летови од Велика Британија


Владата на денешната 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија во земјава која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од оваа држава во рок 14 дена. Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, на 21 декември донесе одлука за забрана на авионски […]

Царовска: По 12 години дискусии за првпат од јануари воведуваме кариерен развој за наставниците


Министерката за образование и наука Мила Царовска денес на пратенички прашања рече дека во Министерството за образование и наука во моментов се разговара за системот на вработување на наставниците. „Да не заборавиме, наставниците беа држени постојано на кратко ланче од претходната власт, на 10 часа, 3 часа, 5 часа, во 10 школи по еден час, сé со цел да бидат […]

Секој во Македонија ќе може да одгледува две-три стебла марихуана


Марихуаната нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да се овозможи секој граѓанин да одгледува од две до три стебла, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи денеска на пратеничко прашање. Заев на денешната седница во Собранието истакна дека со легализацијата и декриминализација на канабисот се отвора можност, секој граѓанин, за […]

Денеска 493 нови случаи на Ковид – 15 лица починаа


Министерството за здарвство информира дека во последните 24 часа се направени 2366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19 во:Скопје-210, Куманово-28,  Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Демир Хисар-1, Пехчево-5, Берово-6, Валандово-5, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-8.   „Денеска Институтот […]

И руската вакцина „Спутник“ ќе дојде во Македонија


Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на пратеничко прашање на Димитар Апасиев од Левица дали сме толку ЕУ фундаменталисти што ја одбиваме руската вакцина а немаме други, рече дека попладнево, по интензивни преговори со компанијата Фајзер е постигнат договор од фебруари да дојдат вакцините со одредена динамика.Според него, тоа е единствената вакцина која има одобрение […]

Посрамотениот психијатар Људмил Кљусев се врати од САД и отвори ординација во Скопје


Синот на поранешниот премиер Никола Кљусев беше осуден на две години и два месеци затвор во САД затоа што нелегално препишувал лекови на пациенти   Синот на поранешниот премиер на Македонија Никола Кљусев, Људмил Кљусев, кој во САД беше осуден на 2 години и два месеци затвор за нелегално издавање лекови на пациенти, се врати […]

Филипче: Во февруари ги добиваме вакцините од „Фајзер“


Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека по директен договор со производителот на вакцината против Ковид-19 „Фајзер“, тие во земјава ќе пристигнат во февруари.   – Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на Фајзер вакцината.  Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне […]

ЦРППР: Спроведување на мерки за подобрување на состојбата на нестандардната депонија Русино


Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР) сака да ја информира јавноста за неодамнешните случувања во врска со подобрувањето на управувањето со отпадот во Полошкиот плански регион. Како резултат на интензивни консултации меѓу општините во Полошкиот плански регион и засегнатата поширока јавност, направена е измена и дополнување на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) заради […]

Филиповска-Грашкоска: Намален е бројот на издадени решенија за изолација


Во периодот од 21-ви декември до 27-ми декември од страна на седумте инспекциските служби, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.200 надзори и контроли.   Државниот […]

Филипче не гледа судир на интереси кај Старделова


Нема судир на интереси во случајот со Калина Гривчева Старделова, која е директорката на Клиниката гастроентерохепатологија и прв човек на Лекарската комора, изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на прашањето на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, која го праша кога ќе ја смени Гривчева Старделова од директорското место, бидејќи, како што рече, Антикорупциска комисија […]

Пендаровски до хрватскиот претседател Милановиќ изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Хрватска


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ, при што изрази сочувство на семејствата коишто ги изгубија своите блиски во серијата земјотреси коишто ја погодија Хрватска. – Претседателот Пендаровски изрази и уверување дека Хрватска и сите нејзини граѓани ќе ги санираат брзо последиците од оваа природна катастрофа, соопшти Кабинетот на […]

Царовска: На образованието му се потребни итни реформи


 Новата концепција треба итно да ја донесеме за да имаме период да подготвиме наставни програми. Таа предвидува современ систем на образование кој значи интегрирана педагогија што веќе 20 години ја има во најголем дел од развиените земји во светот. Обврска е и од Законот за основно образование, кој беше донесен минатата година, а и во […]

Утре дожд, но за Новогодишната ноќ нема да врне


Во попладневните часови денеска се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, а во текот на ноќта ќе се прошират насекаде, а на планините ќе преминат во снег. Врнежите уте на последниот ден од годинава, во источните делов на земјава ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Меѓутоа, за време на Новогодишната […]

Да се почитуваат мерките повикаа верските лидери


Верските лидери упатија заеднички апел до граѓаните да празнуваат одговорно и да ги почитуваат мерките. Поглаварите на црквите и верските заедници споменати во Уставот, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, реисул улема на ИВЗ х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, бискупот скопски […]

Град Скопје ќе даде помош од три милиони денари на настраданите од катастрофалните земјотреси во Хрватска


Два милиона за Петриње и еден милион денари за Загреб е сумата која Град Скопје ќе ја испрати како помош за настраданите од катастрофалните земјотреси во овие два града во Хрватска во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица. Од Град Скопје информираат дека Одлуката за давање помош, Советот ја донел на денешната […]