НВО Инфоцентар: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста


 Набљудувањето на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините Велес, Крива Паланка и Неготино, во време на пандемијата КОВИД-19, покажа дека локалните власти треба да ја зајакнат транспарентноста и отчетноста на својата работа особено во спроведувањето на постапките и трошењето на буџетските средства, соопшти денеска НВО Инфоцентар. Според НВО Инфоцентар, потребно е општините интензивно да […]

Спасовски: Полицијата за празниците ќе биде секаде и во секој момент ќе контролира


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека МВР има посебен оперативен план како ќе постапува за време на празниците, а тоа значи дека секаде и во секој момент ќе има полициски службеници кои ќе вршат контрола дали обврските се почитуваат и дали некој придонесува за нарушување на состојбата со ширење на вирусот. Тој рече дека полицијата ќе […]

Поројни врнежи во југоисточниот дел од земјата, за Нова Година суво и ведро време


УХМР за денеска најавува пообилни врнежи во источните делови од земјата, особено на југоистокот каде локално дождот ќе биде пороен, проследен со засилен југоисточен ветер и појава на грмежи. Се очекува да наврнат и над 20 литри на метар квадратен. Попладне на места ќе има засилен ветер од југоисточен правец.Максималната температура ќе биде од 5 до […]

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози


АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка. Поради појава на магла видливоста е намалена од 70 до 80м. на патниот правец Куманово- Страцин, од 20-30м. на патниот правец Тетово- Попова Шапка и до 100м. на планинскиот превој Ѓавато. АМСМ препорачува прилагодена брзина […]

Почнува реализацијата на 99 проекти во 75 општини со пренаменетите 35 милиони евра од ТАВ


Вкупно 35 милиони евра ќе добијат 75 општини во земјава за реализирање 99 инфраструктурни проекти. Целта на проектите е да се подобри квалитетот на живеењето на граѓаните, соопштија денеска портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа. Како што истакнаа Арсовски и Хоџа, со 49 милиони евра од кои дел се овие 35 милиони, согласно […]

Се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за земање отпечатоци од прсти при пописот


Власта го разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминали со кои би се земале отпечатоци од прсти при спроведување на пописот во април наредната година. Сепак, порачуваат од Владата, во пописот нема политика, туку тоа е статистичка операција. „Ова се разгледува од надлежните институции, но сакаме да потсетиме дека спроведување на пописот е во […]

Хоџа: Владата не сака да ги коментира изјавите на Таравари


 Владата не сака да ги коментира изјавите на политичките партии, но сака да истакне дека земјава останува посветена на евроинтеграцискиот пат, рече денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашното обвинување на Арбен Таравари до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека води проруска политика и дека државата воопшто не […]

За утре поместена „Новогодишната Зоо Бајка“ во Скопје Зоо 


Традиционално, трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје се одржува настанот „Новогодишна Зоо Бајка“. Во пресрет на Нова година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче.  Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари. Настанот […]

Ново возило за комунален отпад за Демир Хисар


Со проектните активности за развој на Пелагониски плански регион обезбедивме современо возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 12 метри кубни кое што ги исполнува стандардите  и потребите на Јавното комунално претпријатие во општина Демир Хисар, рече министерот Горан Милевски за време на посетата на општината. – И покрај Ковид кризата Министерството за локална […]

ЗНМ: Со јавното етикетирање медиуми и новинари, пратениците и политичките претставници промовираат обид за цензура


Јавното етикетирање на медиумите и новинарите, посебно од страна на високи претставници на политички партии и пратеници, ја загрозува слободата на медиумите и е промоција на обиди за цензура и самоцензура, реагира денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). ЗНМ потсетува дека во изминатите два дена дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратеникот од […]

Онлајн прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа


Во 11 часот е закажана онлајн прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.  Приклучете се директно на следниот линк https://us02web.zoom.us/j/84539919847?pwd=cnFFcHowZElmUGx5bUkrYWVMWCtrQT09

Заев: Да празнуваме одговорно и да ги поддржиме сите кои се на првата борбена линија против Ковид-19


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска преку видео обраќање испрати порака до граѓаните одговорно да ги прослават претстојните празници. Заев апелира и да ги поддржиме сите што се на првата линија на борбата со коронавирусот, упатувајќи им посебна благодарност на лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците, припадниците на […]

Во Ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 14 лица, вкупно се лекуваат 426


Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшто Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми и тоа по еден пациент бил […]

Скопје ги награди најдобриот пожарникар, полициски службеник  и крводарител за 2020 година


Градоначалникот Шилегов ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник  и крводарител во Скопје за 2020 година. – Скопје е град на солидарноста и ние ја чуваме таа традиција, а хуманоста и солидарноста стана дел од нашите животи, од начинот на живеење на  скопјани. Во овие тешки времиња, особено тешки животни услови и ситуации предизвикани […]

Ново стрелиште на Армијата и МВР, Шекеринска и Спасовски на отворањето


Во касарната „Илинден” во Скопје денеска ќе биде отворено новотo заедничко стрелиште на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. Стрелиштето ќе го користат припадниците на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) на МВР и специјалните единици на Армијата на Република Северна Македонија. Според МВР, со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за […]

Бројот на Ковид-заразените се намалува, да се почитуваат мерките и совесно да се прославува


Вкупно 20.278 активни случаи со КОВИД-19 има досега во земјава. Иако бројот на новодијагностицирани се намалува, а се евидентираат се повеќе оздравени, сепак дневно се регистрираат по 20-тина починати.   Вчера се регистрирани нови 530 случаи со Ковид-19, 538 оздравени и 26 починати лица од направени 1.999 тестирања.   Надлежните постојано апелираат да се почитуваат […]

Патиштата влажни, магла на Плетвар и на патот кон Попова Шапка, да се вози внимателно


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и во Маврово. Поради појава на магла видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар е намалена до 50 метри. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и почитување […]

Врнежливо и релативно топло, до 13 степени


Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи дожд, а на планините на северозапад ќе врне снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, […]

Шилегов: Казнет е „Тик ток фраерот” што возеше по вело-патеката


„Тик ток фраерот” што возеше по вело-патеката на „8-ми Септември“, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено …“-соопшти градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вечерва на Фејсбук. Инаку, на Фејсбук страницата На точак, беше објавено видео од извесен Адриан, кој во најголем метеж на „Партизанска“ и бил „8 Септември“ во […]

Нови 530 заразени од Ковид-19 и 26 починати


Нови 530 случаи со КОВИД-19, 538 оздравени и 26 починати лица, се регистрирани во последните 24 часа од направени 1999 тестирања.   Како што соопшти Министерството за здравство, од новозаразените во Скопје се 229, во Куманово 37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, […]