Граѓаните ќе можат да пријават недозволени забави на бесплатна телефонска линија


Граѓаните ќе можат на бесплатна телефонска линија да пријават недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица. МВР почнува со проектот за бесплатна телефонска линија и тоа неспоредно пред новогодишните празници. Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ. -Денеска ќе излеземе со еден […]

Можна казна од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил“


    Државниот инспекторат за животна средина предложи казна од 20.000 евра за фабриката за хартија „Пејпер Мил“ од Кочани, откако не дале резултати промените во процесот и опремата на фабриката. „Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 4.11.2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 2.12.2020) и два пати е констатирано надминување на […]

д-р Даниловски: Веројатно сезонски ќе треба да се вакцинираме против Ковид-19


  Д-р Драган Даниловски смета дека против Ковид-19 ќе треба да се вакцинираме сезонски. Тој, за ТВ 24, вели дека се уште не е доволно истражено, но овој вирус така се однесува. Сепак, додава дека, лице што прележало корона вирус, нема потреба да се вакцинира. – Има еден став, кај оние кои прележале корона вирус, […]

Спасовски: Тероризмот е наш секојдневен предизвик


Полицијата заедно со Агенцијата за национална безбедност работи континуирано, заради бидејќи проблемот со тероризмот е секојдневен предизвик, изјави денеска во Утрински брифинг на Слободна ТВ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Имавме активности вчера, извршени се претреси на повеќе локации во Куманово, Скопје и приведени се неколку лица кои што имаат директна поврзаност за контакти […]

Д-р Даниловски: Ако малите земји останат без вакцинација, вирусот може пак да се врати


Ако богатите земји не овозможат навремена вакцинација против Ковид-19 и во малите земји, вирусот потоа може да се прошири и кај нив повторно, вели д-р Драган Даниловски. „400 милиони вакцини се набавени за земјите од ЕУ. Не знам како ќе оди целата работа со вакцинирањето кај нас, нашите соседи започнаа со вакцинирање. Откупено е производство […]

Жан Митрев ќе го бара британскиот вирус во Македонија


    Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од Клиничката болница „Жан Митрев“ од денеска повторно почнува со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци со цел утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти. Во текот на наредниот период Клиниката ќе ги информира надлежните институции и јавноста за добиените резултати. „Според препораките […]

„Виси“ исплатата на финансиската помош за оние што не подигнале 6.000 денари – банкарите бараат нови законски рокови


По истекот на законски дадените рокови, за да се реализира исплатата на  сите граѓани на кои во претходниот законски рок не им беше исплатена финансиската поддршка, потребно е да се  направат измени на Законот за финансиска поддршка со цел постоечките рокови, да се заменат со нови подолги рокови, соопштија денес од Македонската банкарска асоцијација. „Нашите […]

„Жан Митрев“ ќе утврдува присуство на мутирани соеви на SARS-CoV-2 во државата


Поради појавата на нов вирусен субтип со зголемена преносливост во Велика Британија, лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од Клиничката болница „Жан Митрев“ од денеска повторно почнува со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци. Целта е утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти. Од „Жан Митрев“ посочија дека во текот на наредниот […]

Пандемијата нѐ затвори дома, но не го згасна празничниот дух


Во сенка на ковид пандемијата, со заштитни маски на лицата, ја испраќаме 2020 година, тешка, но поучна. Граѓаните велат дека изминавме тешка година која физички нѐ раздели од роднините и пријателите, меѓутоа, за сите, поуката е иста, нема ништо поважно од здравјето. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, посака добро здравје за сите граѓани и […]

Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии


Oд денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се […]

Во Демир Капија наврнаа 39 литри дожд на метар квадратен, во Охрид два литри


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Демир Капија – 39 литри на метар квадратен. Во Гевгелија наврнале 22 литри дожд, во Штип и Крива Паланка по 20, во Берово 17 и во Виница 15 литри. Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Охрид и Преспа по два литра. Од УХМР […]

Маглата го отежнува сообраќајот на повеќе патни правци


Поради појава на магла намалена видливост од 100 -150 метри има на патниот правец Куманово – Скопје, од 30 – 40 метри на патните правци Скопје – Тетово и Тетово – Попова Шапка, од 20 – 30 на патниот правец Велес – Катланово, до 50 метри на патот Штип – Велес, соопшти АМСМ. Намалена видливост […]

Помалиот број нови случаи со КОВИД-19 не ги олабави надлежните – најавуваат ригорозни контроли за празниците


Последниве денови полека се намалува бројката на новодијагностицирани случаи позитивни на коронавирус, но и бројот на лица кои се на болнично лекување. Се регистрираат и голем број оздравени лица, често пати повеќе од бројката на новозаразени. Но, сепак, и покрај ваквата тенденција на благо смирување на пандемијата, речиси секојдневно се регистрираат по дваесеттина починати. Надлежните […]

„Новогодишна Зоо Бајка“ во Скопје


Традиционално трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржува „Новогодишна Зоо Бајка“. Во пресрет на Нова година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и во доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче. Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари. […]

Променливо облачно, со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наутро во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд, а на планините на северозапад слаб снег ќе провејува во текот на претпладнето. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе […]

Сообраќајот по влажни коловози, снег на Попова Шапка, магла на патот Велес – Катланово


Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Велес – Катланово. 

Со дефиле и без концерти ќе се одржи Вевчанскиот карневал


Со симболична поворка, без концерти и друга организација ќе се одржи годинашниот Вевчански карневал, најави градоначалникот Сашо Јанкоски. Откажувањето на фестивалскиот дел, според него, е со цел да се спречи масовно собирање на луѓето поради ширење на пандемијата со Ковид 19, нагласувајќи дека Василичарските поворки ги организираат двете друштва, Горно и Долно маало. – Општина […]

Нови 296 заразени, починаа 18 пациенти со Ковид-19


Во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 296 нови случаи на Ковид-19, што изнесува 23,6 отсто. Според градови:  -Скопје 90 -Куманово 19 -Дебар 9 -Штип 13 -Прилеп 23 -Тетово 14 -Струга 9 -Велес 16 -Битола 9 -Охрид 15 -Кавадарци 12 -Гостивар 4 -Гевгелија 7 -Струмица 17 -Крива Паланка 4 -Радовиш 1 […]

Дедо Мраз однесе пакетчиња кај децата на Детската клиника


Дедо Мраз денеска им однесе пакетчиња на децата кои се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје. Во изненадувањето учествуваа и скопските пожарникари, кои во 9:00 часот ги вклучија сирените во кругот на клиниката и го најавија доаѓањето на Дедо Мраз. Поради пандемијата со ковид-19, наместо да влегува во Клиниката, Дедо Мраз ги однесе пакетчињата преку […]

Армијата и МВР ќе има каде да вежбаат пукање – отворено стрелиштето во „Илинден“


Во касарната „Илинден“ денеска е отворено новото заедничко стрелиште на Армијата и на МВР за гаѓање со пиштол и автомат за деветмилиметарски калибар на муниција. Пуштањето во употреба на овој вежбовен објект, како што рекоа министрите за одбрана и за внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, е уште еден конкретен и важен потег во […]