Спасовски: Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември


Министерот за внатрешни работи денеска на својот фејсбук профил соопшти дека МВР има посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари. Спасовски уште еднаш апелира на совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје. Предупредува и дека ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните, ќе мора […]

Изречена 681 казна за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистриран е 681 прекршок. Од Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19. 

УХМР: Денеска и утре врнежи од дожд, на планините снег


Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи во целата земја, а пообилни ќе бидат во северозападните делови. Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (над 20 л/м2), најавуваат од УХМР. Ќе дува […]

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, вкупно се лекуваат 441


Во изминатите 24 часа во ковид -центрите во Скопје се хоспитализирани 44 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 441 лице сомнително и потврдено за Ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.   Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми и тоа по еден пациент бил […]

Царовска не се откажува од реформата и покрај отпорите


 Министерката за образование и наука Мила Царовска  вели дека концепцијата за основното образование се носи низ широка дебата и треба да се дискутира за неа, но, дека мора да одиме напред, бидејќи тоа е дел од владината програма. -И да не заборавиме, оваа концепција е дел од Стратегијата за реформи во образование 2018-2025, дел од […]

Утре и задутре без струја дел од корисниците во Бутел, Ѓорче Петров и Центар


Утре и задутре без снабдување со електрична енергија ќе останат дел  од корисниците во општините Бутел, Ѓорче Петров и Центар, информираат од РЦУК Скопје. Без струја утре, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, ќе останат корисниците од ул. „Бутелска“ во општина Бутел. Во  понеделник пак без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 […]

Состојба на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

За граѓаните традиционалните медиуми се најрелевантен извор на вести, но главно се информираат преку социјалните мрежи


Граѓаните ги сметаат традиционалните медиуми за најрелевантен и најдоверлив извор на вести, но социјалните медиуми претставуваат главен извор на информирање и иако постои одреден степен на свесност кога се во прашање лажните вести, една третина од нив не секогаш може да препознаат лажна вест, а повеќе од две третина ги дискутираат актуелните настани со своите […]

Во Општата болница во Дебар вработени седум здравствени работници


Општата болница со проширена дејност во Дебар на осум лица, од нив седум здравствени работници, кои до сега беа ангажирани со договор на дело, им врачи решенија за засновање работен однос на неопределено работно време. Директорот на болницата,Баки Халили, решенија им врачи на тројца лекари од општа пракса, исто толку медицински сестри, еден лаборант и […]

Активни 20313 случаи со Ковид-19 во земјава, надлежните со апел и натаму да се почитуваат мерките


Бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава изнесува 20313 од кои најголем број 11553 се во Скопје. Иако според податоците за состојбата со вирусот, бројот на новодијагностицирани се намалува и расте бројот на оздравени, сепак дневно се регистрираат по 20-тина починати. Вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег


Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 6, а дневната од 8 до 14 степени. Во Скопје, облачно со […]

Ќе купуваме лесни оклопни возила од САД


 Владата на денешната 34-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави и донесе одлука да се  продолжи со […]

Филипче: Поддржувам декриминализација на канабисот за лична употреба


– Апсолутно, јас лично поддржувам декриминализација на канабисот за лична употреба, но сметам дека треба да се дискутира, треба строго да се регулира, меѓутоа, лично го поддржувам тој процес, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашната дебата на „360 степени“ на тема декриминализација на канабисот и кој модел би можел да функционира во земјава. […]

Европско знаменце за Законот за попис и Законот за Агенцијата за разузнавање


Законот за попис и Законот за Агенцијата за разузнавање во Собранието ќе се разгледуваат со европско знаме, одлучи Владата на денешната 34-та седница. -На денешната седница Владата, заради посебен јавен интерес, донесе одлука Предлог – законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2021 година, и Предлогот на закон за […]

Уште 26 починати со Ковид-19, новозаразени 489, оздравеа 748


Во последните 24 часа се направени 1.892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 230 -Куманово 28 -Штип 7 -Прилеп 21 -Тетово 18 -Струга 15 -Велес 11 -Битола 13 -Охрид 26 -Кавадарци 18 -Гостивар 16 -Гевгелија 14 -Струмица 18 -Крива Паланка 6 -Радовиш 6 -Крушево 4 -Кочани 8 -Пробиштип 2 -Демир […]

Уште неспроведен, Мицкоски не ги признава резултатите од пописот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави амандмани на законот за попис,но се огради дека не е можно опозицијата да го блокира неговото донесување, зато што е со европско знаме. „ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи попис како што планира Зоран Заев, затоа што со таков попис ќе излезе дека Македонија има три милиони жители“, изјави во гостување на Алфа […]

Русија ни понудила вакцина, никој не ја контактирал


Повеќе од 50 држави од светот испратија барање за набавка на над 1,2 милијарди дози од вакцината Спутник V, истакна денеска економскиот советник во Амбасадата на Руската федерација во Македонија, Владимир Хрисанфов. Вели дека меѓу тие земји е и Аргентина каде вчера пристигна голема количина дози. Хрисанфов појаснува дека вакцината Спутник V која е наменета за странските пазари […]

Заев: Најрано во март ќе добиеме вакцини, ќе си ги платиме


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека вакцините против коронавирусот во земјава ќе пристигнат најверојатно во март следната година. Тој додаде дека државата има издвоено средства за набавка на вакцини и ќе си ги плати. Но, потенцира, ако станува збор за донација, тогаш ние со задоволство ќе ја прифатиме без разлика од некоја држава или пак […]

Филипче: Борбата со ковид кризата ќе продолжи и во 2021, со нови инвестиции ќе се унапредува здравството


Борбата со ковид кризата ќе продолжи и на почетокот на следната година иако сега тендециите се такви да бројките укажуваат на тоа дека епидемијата на некој начин спласнува, помалку пациенти во болниците, повеќе термини за тестирање, се повеќе слободни болнички кревети, дури некои одделенија ќе се вратат во стариот претходен нормален режим на работа. Меѓутоа […]

Царовска: Новата концепција се воведува етапно за да добиеме стабилен образовен систем


Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека новата концепција за основно образование ќе се воведува етапно и сукцесивно. -Влегуваме со прво одделение и сега дискутираме за шестото одделение. Секоја следна година тоа што сме го научиле од првата ќе го подобриме во втората и третата и веруваме дека во период од пет години […]