Филипче: Во кругот на болниците во 16 општини формираме ковид – центри


Во тек е реализацијата на поставувањето на модуларни ковид центри низ државата. Забрзано работиме на терен. Завршува монтажата во Штип и Кичево, а од денеска почнуваме со монтажа и во Гостивар и Струга, објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Во 16 општини, во кругот на болниците, посочува министерот, формираме ковид […]

Штипската клиничка болница објави оглас за вработување на здравствени работници и технички персонал


Штипската клиничка болница го објави огласот за прием на 17 здравствени работници и технички персонал. Огласот е објавен вчера и заинтересираните веќе можат да аплицираат. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека огласот е за вработување на медицински сестри, болничари, физиотерапевти и по еден специјалист неуропсихијатар, психолог и стоматолог. -Огласот го објавивме […]

Нова снежна покривка за викендот на планините, утре наместа пообилни врнежи дожд


Нова снежна покривка ќе се формира викендов на планините од врнежите што ги најавуваат метеоролозите. Од УХМР информираат дека под влијание на влажен бран за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20л/м2). Поради продор […]

Мобилни екипи се грижат за лицата во прифатните центри, непознат е бројот на бездомници


Екипи од социјални работници на Центарот за социјална работа Скопје и од МВР отстраниле 38 деца на улица во главниот град  – во Центар, Аеродром и Карпош, соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска,  која рече дека нема  податоци за вкупниот број бездомници зашто оние што се корисници во прифатните центри и во […]

Во медиумите лани работеле 2.600 лица, мажите главно како режисери и сниматели, жените како новинарки


Во медиумскиот простор во земјава во 2019 година биле вработени 2.601 лице. Повеќето се мажи, а помалку се жени, но главно мажите се ангажирани како режисери, сниматели и монтажери, а најголем број од жените како новинарки, покажува анализата изработена од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од вкупниот број вработени, 814 лица […]

Во Визбегово ќе се исчисти депонија голема колку 10 фудбалски терени


Градот Скопје денеска почна голема акција за расчистување на дивата депонија во Визбегово, која претставува повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Од оваа депонија која се протега на површина од 10 хектари (околу 10 фудбалски игралишта) ќе бидат расчистени околу 50.000 кубни метри […]

Викендов треба да почне монтажа на модуларната болница во Струга


Контејнерите со материјали за модуларната болница за пациенти позитивни или со симптоми на Ковид-19 во Струга треба да пристигнат денеска, а викендов ќе почне да се монтира, информира директорот на Општа болница Струга Мухамед Асани. Теренот за поставување на монтажната болница, според него, е подготвен. Поставени се инсталации за приклучоци на вода, струја и канализација. […]

Забрчанец: Прочистувањето на судството, пописот и гасификацијата, во фокусот на вниманието во 2021 година


 Во 2021 очекувам сериозно да биде третирана темата прочистување на судството. На крајот на оваа година ќе биде презентиран концептот, за кој верувам дека правосудните органи ќе го одобрат, да го усвојат и да видиме конечно конкретни разврски поврзани со одвојувањето на нечесните од чесните судии во 2021, истакна националениот координатор за комуникациски стратегии, Марјан […]

Собранието ќе ја продолжи расправата за законот за решавање на спорот на Владата со Макпетрол


Собранието на Република Северна Македонија по едночавна пауза поради корона протоколите ќе ја продолжи работата по 20.пленарна седница на која треба да се расправа за Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. Во Собранието синоќа имаше дебата за овој […]

Шахпаска: Во ковид-кризата приоритети се никој да не изгуби работа и поддршка на најранливите граѓани


Во ковид-кризата поставивме два приоритета – зачувување на секое работно место и грижа и поддршка на најранливите категории граѓани што полесно да ја пребродат кризата, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во обраќањето за првите сто дена од мандатот. Создаден е систем кој ги апсорбира семејствата во ризик, особено во моментот на […]

Во Институтот за физикална медицина подготвен оддел за пациенти за пост-ковид рехабилитација


Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација со поддршка на Министерството за здравство подготви еден оддел кој ќе биде наменет за пациенти за пост ковид рехабилитација. – Овие пациенти кои со денови, некои и недели, биле хоспитализирани заради Ковид-19, се соочуваат со потешкотии и во дишењето и во движењето, кои побрзо и полесно се надминуваат […]

Македонците во просек пушат 20 цигари на ден


Алармантни се податоците за пушењето во земјава. Лидери сме по бројот на пушачи во регионот и во Европа, а во светски рамки се наоѓаме меѓу 10-те најлоши држави, во кои најмногу се пуши. Пуши половина од македонското население, во просек по 20 цигари на ден. Дополнително, имаме најниски цени на цигарите во регионот и во […]

Совет за РЈА: Државната реорганизација според ЕУ стандарди е стратешка цел во 2021


Реформата на јавната администрација е стратешка цел на Владата, а е и наша обврска и кон Европската Унија, но пред сѐ кон нашите граѓани. Планот е до крај на март 2021 година, во координација на сите министерства да се усогласат сите предлози и забелешки на предлог измените на Законот за организација и работа на органите […]

(Во живо) Расчистување на депонијата Визбегово


 На депонијата во Визбегово денеска почнуваат активности за нејзино чистење. По тој повод, депонијата Визбегово денеска ќе ја посетат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалниците на општина Бутел Велимир Смилевски и на општина Шуто Оризари Курто Дудуш.

Отворено новото детско игралиште во ЈУДГ „Кочо Рацин“, проект на HIPP и Општина Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со Бобан Дамчевски,  директор на Дамчевски ДООЕЛ Скопје , главни увозници на германските производи  за бебиња HIPP, денеска го  пуштија во употреба детското игралиште во објектот „Наум Наумовски Борче“ на центарската градинка „Кочо Рацин“. Употребувани неколку генерации наназад, старите и дотраени детски реквизити се заменети со нови и […]

Секоја одлука на Судскиот совет што има за цел поефикасно и праведно судство е за поздравување, вели Маричиќ


Министерот за правда Бојан Маричиќ, во врска со вчерашното разрешување од страна на Судскиот совет на судијката Весна Кичеец од Основниот суд Охрид, рече дека ја поздравува секоја одлука на Судскиот совет што има за цел да ја подобри ефикасноста, законитоста и праведноста во постапувањето на судиите, не коментирајќи го конкретниот случај. – Овој случај, […]

Формирана е работната група за измени на Изборниот законик


Во Изборниот законик ќе бидат вградени сите оние измени во однос на моделот на изборите за коишто ќе постигнеме консензус, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали во измените ќе се најде и една изборна единица. Тој посочи дека е формирана работната група за Изборниот законик и дека […]

Регионален проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“


Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), заедно со партнерите ЗЕЛС и „Пакомак“ го започна регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“. Проектот се спроведува во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, со цел да се зголеми количината на собран и рециклиран стаклен отпад во овие земји преку поставување на нови контејнери, и […]

Маричиќ ветува: Македонија ќе биде правна држава


 Северна Македонија ќе биде правна држава каде што ќе одговараат сите кои ги прекршиле законите, сега или во иднина, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ. Намалени судски такси, нова методологија, закон за попис и предлог за зголемување на казните за загадувачите, се дел од работите кои ги наведе министерот Маричиќ, правејќи пресек […]

Нема вода за корисниците од бул. „Јане Сандански“ во Скопје


 Без вода денеска ќе останат корисниците на бул.„Јане Сандански“ зградите 24 и 26 и комплексот банки поради дефект на шибер ф 100 мм на бул.„Јане Сандански“ до ТЦ Бисер. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот ќе трае од 9 часот, па се до санирање на дефектот.