Филипче ќе го разреши Мухамед Асани, директорот на струшката болница
Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека ќе го разреши директорот на струшката болница, Мухамед Хасани.
На денешната прес конференција тој рече дека вчера формирал нова комисија која треба да даде оценка за лекувањето на родилката од Дебар на која ѝ биле извадени три органи по породување со царски рез.
Хасани работел и со дива амбуланта, прекршувајќи ги правилата.