Сончево со мала облачност, температурата до 30 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 4 до 14 степени, а дневната од 18 до 30 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со […]

(Фото галерија) Скопје доби Дино парк со 41 диносаурус


 Дино парк каде се поставени 41 фигура од диносауруси во природна големина е отворен вечерва во Зоолошката градина во Скопје. Паркот зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, како и поставки со мали диносауруси. Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска на отворањето рече дека паркот […]

Полицајци издавале државни и службени тајни, судија нареди претреси


Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваа по наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен […]

Царовска: Ноторна лага е бришењето на македонската нација од наставните програми


Информациите за бришење на македонската нација од наставните програми сè уште еден од обидите за манипулација, рече министерката за образование и наука Мила Царовска. -Секој оној којшто може да ја прочита програмата може да види дека секаде во програмата за четврто одделение стои македонски, македонска држава. Така е и сега. И сега постои во програмата и Македонци […]

Филипче: Ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека денеска ја примил втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“.   – Денеска ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“. Вакцината е единствениот начин да се спречат компликациите и тешките облици на Ковид-19. Сите вакцини кои ги имаме во нашата […]

Царовска: Референдумот е демократско право, но не и злоупотребата на учениците


Референдумот е демократско право, но се злоупотребуваат наставници, ученици и родители, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во врска со иницијативата за распишување референдум за Предлог-законот за дигитални учебници и наставни материјали во основното и средното образование иницирана од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“. Царовска во вечерашното интервјуто на телевизија […]

Прифатен предлогот за референдум на иницијаторите против новиот закон за учебници


Двете собраниски комисии – за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија го прифатија предлогот на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ да се иницира референдум за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Тоа беше второ поднесување на предлогот во Собранието […]

Во првиот квартал бројот на починати поголем за 35,8 отсто, бројот на родени намален за 7 отсто


Бројот на живородени деца во првото тримесечје од оваа година во споредба со истиот период лани бележи намалување од седум отсто, а во истиот квартал бројот на починати лица има зголемување од 35,8 отсто. Податоците на Државниот завод за статитстика регистрираат дека во овој период се починати 21 доенче. Според податоците на Државниот завод за […]

Заев го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови даноци


 Испраќаме порака на стабилност, нови даноци нема да има. Можни се нови намалувања од последниот квартал на годинава. Мај ќе го завршиме со 200 милиони евра повеќе пари од Царина и од УЈП во спредба со првите пет месеци лани, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ребалансот на Буџетот. […]

За Заев мнозинскиот модел ќе биде уназадување на демократијата


Премиерот Зоран Заев се надева дека ќе биде постигнат консензус околу Изборниот законик. Тој изјави денеска дека делот околу препораките на ОБСЕ/ОДИХР е усогласен со претставниците на парламентарните партии и дека остануваат уште дебатите околу предлозите на власта, опозицијата и помалите партии. Според него, мнозинскиот модел што го бара опозицијата за владејачката партија е уназадување […]

Уште 50 новозаболени од Ковид-19 и 18 починати, во Скопје помалку од 1.000 активни


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања при што се регистрирани се 50 нови случаи на Ковид-19, како и 81 оздравени пациенти и 18 починати лица, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број новорегистрирани случаи на Ковид-19 од Скопје се 27, Куманово 5, Прилеп 4, Гостивар 3, […]

Се воведува нов протокол за спречување на насилството во средните училишта


Врсничкото насилство е еден од поголемите предизвици со кои се соочува образовниот систем во нашата земја, дури и при спроведување на настава на далечина. Ова го покажува и анализата за далечинското учење во првото полугодие во учебната 2020/2021 во средното образование со назив „Далечинско учење или далеку од учење“ спроведена од Здружение Лидери за едукација, […]

Царовска: Квалитетното образование е инклузивно, новата концепција тоа го обезбедува


Обезбедувањето на квалитетно и достапно образование за секое дете е примарна цел, како на Министерството за образование и наука, така и на Владата. И овие заложби кои не се само декларативни секојдневно ги покажуваме низ практични активности и спроведување на промени, не само во програмите, туку и во инфраструктурата, рече министерката за образование и наука […]

Премирот Заев е за настава со физичко присуство од септември


Комисијата за заразни болести е таа што одлучува, но јас би сакал наставата од септември да биде со физичко присуство ако Ковид-ситуацијата тоа го дозволува, рече денеска премиерот Зоран Заев. Одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на првиот национален Стартап самит, Заев информира дека во понеделник во 9 часот Штабот треба да одржи состанок на […]

Нов сајт ревакцинација.мк за пријава на оние кои се вакцинираа во Србија, но над 60 години


Вакцинацијата во Македонија продолжува со исто темпо, а следната недела се очекуваат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 од Бугарија. Дополнително во јуни пристигнуваат вакцини преку Ковакс, но и кинески вакцини, па министерот Венко Филипче очекува вакцинацијата да продолжи со ова темпо, од околу 10.000 вакцинирани дневно. – Отвораме уште еден сајт, ревакцинација.мк, на […]

Во Грција дозволено одржување концерти и претстави на отворено


Одржување на настани на отворено, како што се театарски претстави, концерти, манифестации и сл, но под строги правила и протоколи од денеска е дозволено во Грција, во рамките на постепеното олабавување на мерките, јави дописничката на МИА од Атина. Исто како и летните кина, така и овие простори ќе работата со 50 отсто од капацитетот […]

Над 231 илјада граѓани примиле вакцина, со две дози се имунизирани речиси 60 илјади


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, досега 427 535 граѓани  изразиле желба преку веб-платформата vakcinacija.mk. Министерството за здравство соопшти дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231.014 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 11.598 граѓани, а прва доза примиле 2.504. – Во државата […]

Април со потпросечни температури на воздухот, забележани и врнежи од снег


Потпросечни температури, врнежи од снег, со максимална измерена 29,8 степени и минимална -9,3 степени се карактеристики за април 2021 година. Од УХМР информираат дека осум до 25 денови во текот на април биле со максимална темпратура од 15 степени, а потпросечни температури се забележани во Лазарополе. Просечната месечна температура варирала од 3,8 степени во Лазарополе […]

Во недела, ден без автомобили


Во недела, на 30.05.2021 година, Градот Скопје ќе организира Ден без автомобили под мотото „Улици за луѓе“. За таа цел, улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот „Јане Сандански“ до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“ ќе се […]