Гори на повеќе места во државата, пристигнува помош од Црна Гора и Франција


Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите, кои се уште се активни на повеќе места во државата. Критично е во кумановскиот и прилепскиот регион, но и во селото Побожје, каде вчера беа запалени три куќи. На терен заедно со нашите, интервенираат и екипите од Австрија, Словенија, Бугарија и Романија, а за денеска најавена е и помошта […]

Рестрикциите ја забрзаа вакцинацијата, бројот на активни случаи со Ковид-19 се искачи на 2.581


Новите рестриктивни мерки, кои почнуваат од 16 август, а кои предвидуваат во угостителски објекти да влегуваат само лица со примена барем една доза вакцина, ја забрзаа вакцинацијата. Министерството за здравство информира дека интересот за имунизација е значително зголемен и поради тоа од денеска се отвораат четири нови пунктови за вакцинација: во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, […]

И денеска многу топло, попладне локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 39 степени. Попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за изолирана појава на град. УВ индекост ќе биде 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне и […]

Совладан е големиот шумски пожар кај селото Будинарци


По неколкудневна борба со огнената стихија над селото Будинарци, попладнево пожарот е совладан. Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.   Тој на својот фејсбук профил објави дека во пожарот не настрадал ниту […]

Запалени три куќи кај селото Побожје, уште гори во кумановскиот и прилепскиот регион


Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола, а се уште гори во Чучер Сандево во Скопје, поточно во селото Побожје, каде што се запалени три куќи. Уште гори и во кумановскиот и прилепскиот регион. Во меѓувреме, локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион, но и оној кај селото Герман во Крива Паланка. Како што информира […]

АЗЛП: Проверката на сертификатите за имунизација не е злоупотреба на лични податоци


Доколку при реализација на одлуката на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 (по принципот „приложил или не приложил потврда), таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци, […]

„Лајка“: Тенденциозно се креира негативен ПР за претпријатието на штета на бездомните животни


Јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни Лајка реагира и ги отфрла обвинувањата од група граѓани по објавувањето на информацијата од страна на надлежните од Општина Гази Баба, дека во КПИ Идризово ќе се гради дополнителен капацитет на прифатилиштето, кое што е претставено како обид за затворање и мачење на бездомните кучиња. Потенцираме дека ваквото […]

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите


Црна Гора се придружува на напорите за гаснење на пожарите во Северна Македонија. Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите, соопшти Министерството за одбрана. […]

Триесет и два отсто од полнолетното население во земјата е имунизирано со една доза вакцина


Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено во сите градови низ државата. Се вакцинира населението над 16 годишна возраст и без закажан термин. Според информациите од Министерството, 32 отсто од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина. -Заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму […]

Сите капацитети на Армијата ангажирани во справување со пожаритепожарите


 Речиси десет дена буквално сите државни капацитети се ставени целосно во служба на справувањето со пожарите, а Армијата и нејзините припадници покажаа дека секогаш и секаде се први да одговорат на барањето на граѓаните и на државата, да се вложат со целиот капацитет, со целото знаење со целата нивна опрема за да спасат прво човечки […]

Уште едно спортско игралиште во Аеродром доби ергономска подлога


Општина Аеродром изврши целосна реконструкција на спортското игралиште што се наоѓа на булеварот „Јане Сандански“ во непосредна близина на кулите Џевахир. Кошаркарското игралиште доби нова ергономска подлога, која покрај естетскиот изглед, им нуди и безбедно спортување и тренинзи како на професионалните спортисти, дечињата, така и на сите љубителите на спортот, воопшто. Обновени се и кошевите, […]

Австриски пожарникар префрлен на клиника откако се повредил во кампот кај Пехчево


 Пожарникар од австрискиот камп стациониран кај Пехчево утрово се повредил и во моментов се наоѓа на скопска клиника каде му се укажува помош. -Нашиот колега од Австрија се повредил во самиот камп. Имал повреда на грбот, информираа од ТППЕ Берово. Австриските пожарникари и денеска се на најкритичното подрачје во село Митрашинци, каде што заедно со колегите од Словенија и Бугарија го контролираат пожарот кој неколку дена прави проблеми […]

МЗ: Утре се отвораат четири нови пункта за ковид вакцинација во Скопје


 Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против Ковид во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство (МЗ). Во две смени, како што посочуваат оттаму, ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат […]

Секој десетти тестиран е позитивен на Ковид-19, денеска 518 нови


Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, […]

Аеродром пожолте: Лесно е да се засади – тешко е да се одржува


Билјана Богдановска Од сонцето изгорена трева, суви лисје попаднати по тревниците како да е есен, а и тревата под нив е сува, жолта и мртва. Вакви се сликите од Општина Аеродром во Скопје, иако на повеќе места се поставени системи капка по капка или прскалки. Всушност тие се и единствените зелени површини во општината. Зелено […]

Оддадена почит на осумте армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила


 Делегации од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод 20-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положија цвеќе пред спомен-обележјата во Oпштина Ѓорче Петров и во Волково. Делегациите од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски положија цвеќе и пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.  […]

Во Куманово утре се отвора модуларна болница


 Шестнаесет пациенти од Куманово, со компликации од вирусот Ковид -19 болнички се лекуваат на инфективното одделение во општата болница, информираа денеска надлежните. Речиси сите се на кислородна поддршка, бидејќи, како што појаснија лекарите, хоспитализирани се пациенти со средно тешка клиничка слика, оние со полесна клиничка слика се лекуваат во дневната болница, а оние со лесни симптоми се на домашно лекување под надзор на лекари со таблетарна терапија. […]

УНЕСКО бара до 1 февруари да се изготви извештај за неговите препораки за Охридскиот регион


Северна Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион. Во ревидираните одлуки што ги донесе Комитетот за Светско наследство при […]

МНР: Од Евиа во неделата безбедно заминале 38 наши државјани


Министерството за надворешни работи соопшти дека грчкиот остров Евиа каде беснеат пожари во неделата безбедно го напуштиле 38-мина од 39-те туристи наши државјани, а еден останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот. – Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Северна Македонија кои оперираат […]

ДЗС презеде 5.000 литри Еуродизел од резервите за гаснење на пожарите


Дирекцијата за заштита и спасување информира дека врз основа на Одлуката на Владата, која и дозволи доколку постои потреба за акциите за гаснење на пожарите, без надомест да употреби гориво од резервите на министерствата за одбрана и внатрешни работи, вчера бил реализиран транспорт на 5.000 литри Еуродизел. – Во координација со ДЗС и Рафинерија ОКТА, […]