„Лајка“ сака да затвора бездомни кучиња во КПД Идризово


По многубројните реакции од граѓани за држењето во заложништво на кучиња со сопственици, по ловењето веќе истретирани кучиња со маркици, сега в.д. директорката на ЈП Лајка сака да затвора бездомни кучиња во КПД Идризово каде што според сите извештаи од македонски и странски набљудувачи, како и Годишниот извештај од Народниот правобранител за 2019 година – […]

Ангелов: Пожарот над Будинарци, Беровско денеска може да биде изгаснат


Четири пожари се активни во моментот низ земјата, на првиот пресек во врска со пожаритена Центарот за управување со кризи (ЦУК), во 10 часот. Првиот човек на Центарот, Стојанче Ангелов, очекува дека барем еден од нив ќе биде изгаснат до крајот на денешниот ден. „Вчера имаше 14 активни пожари, во овој момент има само четири. […]

МОН: 17,3 милиони денари за нодернизација на научните лаборатории


МОН: по цела деценија повторно достапни можностите за факултетите и научните установи за модернизација на лабораториските услови и ресурси По цела деценија, актуелното раководство на Министерството за образование и наука со согласност од Владата повторно ја отвори можноста за факултетите и научните установи во државата да аплицираат за средства од државниот буџет со кои ќе […]

Вакцинацијата добива побрзо темпо, две дози досега примиле над 439 илјади граѓани


Значително зголемен интерес за вакцинација од  граѓаните имало вчера, соопшти Министерството за здравство и посочува дека вакцинирањето се одвива непречено на сите пунктови низ државата и на терен во помалите места и руралните средини. Заклучно со вчера, вакцина примиле вкупно 543.597 граѓани, ревакцинирани се 439.048, односно аплицирани се 982.645 дози. Вчера се вакцинирале 17.679 граѓани, […]

Апел за рационално користење на водата


Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви. Поради енормно зголемената потрошувачка на водата за пиење се соочуваме со сериозни проблеми при водоснабдувањето во одредени делови од […]

Во гасењето на пожарите вклучени 1.500 војници и 588 полицајци


Во изминатите десетина дена од избувнувањето на пожарите, 1.500 припадници на Армијата се вклучија во справувањето со огнената стихија, како и 588 полициски службеници. Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР […]

Активни осум пожари, ЦУК преку системот НИКС дигитално ја следи состојбата


Во земјава до синоќа беа активни осум шумски пожари, а останатите се делумно локализирани. Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи преку системот НИКС, кој ги дигитализира сите податоци од терен, од вчера раководи со справувањето со шумските пожари. – Преку овој систем имаме просторно прикажување на ситуацијата на терен […]

Детектирани триесетина случаи со делта варијантата на Ковид-19, апел да се вакцинираат што повеќе граѓани


Во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта варијанта на Ковид-19, која, како што посочуваат од Министерството за здравство, рапидно се шири насекаде во светот и во регионот, па многу веројатно е истото да се случи и кај нас. Затоа, како што апелираат, граѓаните треба да се вакцинираат во што поголем број за да […]

Сончево и многу топло – активирана жолта, а на југоистокот портокалова фаза за опасност од високи температури


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 9. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот […]

Заразени младоженци во Тетово правеле свадба, пола од гостите завршиле на кислородна поддршка


Врв на неодговорно однесување е последниот случај од Тетово, кога младоженци правеле свадба и покрај тоа што имале симптоми на ковид-19. Случајот го потврди и доктор Илчо Ефкоски од тетовската болница во изјава за порталот СДК. -Зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадба. Од дома се напиле парацетамол и не […]

Воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија ослободени од плаќање за услуги на воздухопловна навигација


Владата на Република Северна Македонија денеска преку видео-конференциска интернет врска ја одржа 98-та седница на која е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за услуги за прелети и за терминални услуги во воздушниот простор на Република Северна Македонија на летовите на воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија. Ослободувањето од […]

Максути: Механизмот на ЕУ за цивилна заштита е активен од самиот почеток на пожарите


Механизмот на ЕУ за цивилна заштита е активен уште од самиот почеток на пожарите. Со помошта од Австрија, Словенија и Бугарија и воздухопловот од Романија досега држиме се под контрола, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, кој заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го посетија кампот на австриските пожарникари во пехчевско. […]

На ГП Табановце зголемена фреквенција на возила за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце, информираа од АМСМ, се бележи зголемена фреквенција на возила за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања […]

Нови 143 случаи со Ковид-19, двајца починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи со Ковид-19, што е 4,6 отсто од примероците. Бројката на активни случаи сега е веќе 2.099. Најголем број од новозаразените се од Скопје – 79, по што следат Гостивар – 16, Кичево – 12, […]

Општина Куманово почна со проценка на штети од пожарите


Општина Куманово ќе определи локации за нови бушотини за вода кои ќе им користат на пожарникарите, најави денеска градоначалникот Максим Димитриевски по завршување на 88-та седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Штабот предложил да се формира тричлена комисија од претставници од ТППЕ Куманово, ЈП „Водовод“ и „Чистота и зеленило“, да извршат увид и […]

(Видео) По пожарите волци слободно шетаат на нивите во Малешевијата


Волци кои слободно шетаат во малешевските ниви барајки храна и засолниште од пожарите е само еден од примерите за огромната катастрофа која го снајде Малешевскиот регион. Димче Беќарски од село Умлена кој утрово ја забележа појавата, вели дека по пожарите волците шетаат слободно и се закана за сточарите и нивниот добиток. -Волкот го забележав утрово […]

Центар за деца со попреченост во Општина Карпош


 Општина Карпош ќе добие Центар за деца со попреченост. Неговото отворање е новиот проект во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги што го спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и Светска банка. Од Општина Карпош информираат дека во рамки на овој центар ќе бидат опфатени 32 деца со попреченост, од кои 16 […]

Состојбата со Ковид-19 во Кичево се влошува


Последната седмица состојбата со Ковид-19 во Кичево е се полоша. Бројот на заболени е во континуиран пораст, како и бројот на хоспитализирани во модуларниот ковид – центар. Здравствената состојба на хоспитализираните е тешка и сите се на кислородна подршка. -Од почетокот на месец август состојбата со Ковид-19 во нашата општина секојдневно се влошува. Бројот на […]

Жената за која се тврди дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане се уште не е пронајдена


Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција информираше дека сѐ уште не е пронајдена жената за која се тврдеше дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане. – Сѐ уште не. Немаме одговор дали жената е побегната и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор. Тоа е […]

Нов тим бугарски пожарникари доаѓа во Пехчево


 Нов тим од девет пожарникари од Смолјан замина за Република Северна Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Софија. Првите четири тима бугарски пожарникари со противпожарна опрема од градот Смолјан на Родопите заминаа за С Македнија на 4 август. Тие ги гасеа пожарите во реонот на градовите Делчево и […]