Бектеши: Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се!


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот. Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да […]

Доаѓа нова екипа бугарски пожарникари


Откако повеќето бугарски пожарникари си заминаа домаа по жестоките напори во гаснењето на пожарите во Делечвско, од градот Смолјан доаѓа нова екипа. Таа се состои од девет пожарникари. Месното население, функционерите и политичарите изрекоа многу пофалби за ангажирањето на 25-те бугарски пожарникари во борбата со огнената стихија.

Автобусите 5, 11 и 11А со изменет режим во Дексион


Од денеска линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион, имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот, поради градежни зафати на улица „Кузман Шапкарев“. Возилата од посочените линии ќе возат по посочениот режим, се до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје. ЛИНИЈА 5 *автобусите од семафорите на булевар […]

ЦУК: Селата околу кои има пожари се безбедни


Пожарот кај пехчевското село Будинарци и натаму е најсериозниот од неколкуте активни пожари во Македонија и во неговото гаснење учествуваат и екипите од Словенија и Австрија, како и хеликоптер на АРМ. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека непристапниот терен и променливото темпо на пожарот се факторите кои го отежнуваат гаснењето. „Пожарот не […]

Натпросечни температури и висок УВ индекс и во наредните денови


Топлото време и високите температури ќе продолжат и во наредните денови. До крајот на неделава ќе биде сончево и многу топло со натпросечни температури кои ќе надминат 40 степени. Од УХМР велат дека со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја портокалова фаза за опасност од високи температури. Во среда ќе […]

Д-р Даниловски: Место потврда за вакцинација, за в кафеана треба да се бара негативен антигенски (рапид) тест


Новата мерка која почнува да важи од 16 август нема никаква епидемиолошка смисла!, смета професор д-р Драган Даниловски, епидемиолог. Даниловски во пост објавен на доктори.мк објаснува дека предмет на постот е само сегментот што се однесува на потврдата за извршена имунизација. „Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва […]

„Јана“ и „АВТ“ за малите пациенти на Детската Клиника во Скопје


„Јана“ и „АВТ“ започнаа хуманитарна акција „Капка радост за малите херои!“ со цел собирање на средства за Детската Клиника во Скопје. Со купување освежителни пијалоци од асортиманот на брендот „Јана“ во период од 01 Август до 31 Октомври 2021 год. во сите маркети на „Тинекс и Космо“ помагате да се соберат средства за Детската Клиника […]

Во земјава активни десетина пожари, благодарност од државниот врв до сите вклучени во справувањето со огнената стихија


На територијата на целата држава до синоќа беа активни дестина пожари, од кои дел беа локализираани или ставени под копнторла. На терен продолжуваат напроти за справување со огнените стихии во кои се вклучени припадници на противпожарните единици од земјвва и тимови од Австрија, Бугарија, Словенија и Романија, припадници на Армијата и МВР, вработени во шумските […]

Активни 1.994 ковид случаи – најмногу во Скопје и Тетово, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат


Во очекување на стапувањето во сила на новите рестриктивни мерки кон средината на месецов, бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно расте. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје при направени 6.383 тестирања, регистрирани се 398 нови случаи со Ковид-19, 18 оздравени пациенти и четворица починати. Со ова вкупниот број активни случаи достигна 1.994 […]

Сончево и многу топло, температурата до 41 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 31 до 41 степени. УВ индексот ќе биде 9, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло […]

Активни десетина пожари во Малешевијата, Штипско, Светиниколско, Скопско, Прилепско и Кумановско


Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 19 часот на територијата на државата се активни десетина пожари и тоа кај делчевското село Разловци, над пехчевското село Будинарци, кај штипско Драгоево, кај светиниколско Богословец и кај Богословски рид , над скопските села Раовиќ и Буковиќ, близу во Катланово кај Дивље и Крушје, на планината […]

Филипче: Новите мерки не го „делат народот“, ничие лично право не е над правото на колективна заштита на здравјето на граѓаните


Јавното здравје и колективната заштита се приоритет, а мерките кои се донесени се исклучиво во таа насока. Тие не го „делат народот“ како што изненадувачки изјави лидерот на опозицијата, туку се нужни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека овие мерки се […]

Заев во опожарените места во Малешевијата


Премиерот Зоран Заев денеска ги нарече „херои“ пожарникарите, полицајците, војниците и обичните граѓани за сите напори во справувањето со пожарите за време на обиколката на неколку места во малешевијата кои беа најмногу погодени од огновите. Премиерот, кој беше заедно со министерката за труд и социјала, Јагоад Шахпаска, како и градноачалниците на Берово и Пехчево, Звонко […]

Од компликации од Kовид почина 29-годишна родилка од Куманово


    Дваесет и деветгодишна родилка од Куманово почина од компликации на ковид-19. Неколку дена била во тешка здравствена состојба, а последните три дена била хоспитализирана на Инфективната клиника. Таа претходно се породила во седмиот месец од бременоста и бебето е во инкубатор. Од Министерството за здравство за „360 степени“ потврдуваат дека родилката починала и […]

Шекеринска: Армијата дава клучна поддршка во справувањето со пожарите


Армијата дава клучна поддршка на сите централни и локални институции и во прилепскиот регион, каде што веќе неколку дена се активни на повеќе локации. Успеаја да ги локализираат и да ги изгасат голем дел од пожарите, но за жал и денеска чув и од нив дека нови жаришта се појавуваат, дел достапни, дел недостапни, истакна […]

Активни пожари во Малешевијата, Штипско, Скопско, Прилепско, Велешко, Тетовско и Кумановско


Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на државата се активни дестина пожари со разлилчен итензитет и тоа кај месноста Бајаз Тепе, кај селата Нов Истевник, Разловци, Драгоево, Топлица и Романовце, на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селото Дивље и месноста Крушје, кај селата Дрен и Смолани, […]

Во Прилеп одбележана 20-годишнината од Карпалак


 Со достојна почит денеска во Прилеп, пред споменикот во центарот на градот се одбележа 20-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кои при заседа на армискиот конвој загинаа на патот Скопје-Тетово кај месноста Карпалак. Свежо цвеќе положија и пред споменикот се поклонија претседателот Стево Пендаровски, делегација на Владата предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, […]

Четворица починати, нови 398 случаи со Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – […]

Социјална помош ќе стигне за најпогодените од огнената стихија


Барањата за помош на најпогодените од огнената стихија ќе влезат во системот на добивање на социјална помош, најави денеска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која заедно со премиерот Зоран Заев, со пожарникарите и со граѓаните кои се справуваат со пожарите изутрината го посетија беровско-пехчевскиот крај По скенирањето на состојбата со пожарите од […]