Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз правеше ајвар во резиденцијата (видео)


Фото: Б. Грданоски

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз како и повеќето македонски граѓани, ги практикува обичаите на земјава. Таа, како и поголем дел од населението подготвува ајвар во месец октомври.

– Сезона на ајвар во резиденцијата на нашата амбасадорка со специјалниот „Ред Дог“ ајвар. Кои се вашите омилени традиции за храна? – пишува американската амбасада на Фејсбук.

Теглите ајвар „Ред дог“ ќе бидат подарени на пријателите на Мери Брнз, странски дипломати, посетители.