Речиси 70 отсто од родителите се против скринигот на децата за Ковид-19


Речиси 70 отсто од родителите не би се согласиле нивното дете да биде тестирано за ковид-19, како дел од скринингот на учениците во основните и во средните училишта, кој пред една недела го најави Министерството за здравство, покажа анкетата што изминатите денови ја спроведоа порталите Факултети.мк и Деца.мк.

Иако, според здравствените власти, засега состојбата во училиштата е стабилна, ваквото тестирање треба да даде точни информации и сознанија за понатамошно управување со пандемијата во образованието.

Најголемиот дел од родителите сметаат дека децата не треба да носат маски на часовите. Учениците седат еден до друг со маски кои несоодветно ги носат или воопшто не ги носат. Да се скрати бројот на часови. Вака се премногу групирани во мала просторија и заразата е неминовна. 

Има и такви што се сомневаат во овие мерки. Така родител на дете од 8 до 10 вели дека преку тестирањето им внесуваат наночестички на децата директно во мозоците.
– Се работи за отров, не треба да се дозволи ова – посочува родителот.

Резултатите од анкетата погледнете ги ОВДЕ