Последен ден за пријавување за реонски попишувачи и инструктори


 Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август. Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на […]

Активни три поголеми пожари, во справувањето со огновите се вклучија и експерти од Франција, Црна Гора и САД


На територија на земјава до синоќа имаше шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други беа локализирани, а еден е ставен под контрола. Во Центарот за управување со кризи состојбата со пожарите се следи преку системот НИКС (Next generation incident command) кој дава податоци во реално време и кои потоа се дигитализираат, […]

Вакцинирани околу половина милион граѓани, бројот на активни случаи надмина 3.000


Се засилува четвртиот бран. Вчера, по долго време, беа регистрирани осум починати од Ковид-19 во едно деноноќие и 588 новозаразени. Паралелно со зголемување на бројот на новоинфицирани и в пресрет на најавените рестриктивни мерки, значително се зголемува интересот за вакцинација. Досега се вакцинирани над половина милион граѓани. Од Министерството за здравство завчера информираа дека досега […]

Сончево и малку посвежо 


Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од  31 до 37 степени, информираат од УХМР. Во Скопје, претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе […]

Средба Ангелов – Брнз: Тим од Шумската служба на САД ќе пружа поддршка во справување со пожарите


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов попладнево во ЦУК оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.   Целта на средбата, како што информираат од ЦУК со објава на фејсбук-профилот, била претставувањето на тимот од Шумската служба на САД, којшто како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со […]

Охридските угостители бараат адаптација на најновите мерки за справување со коронавирусот


Адаптација на пакетот мерки што ги определи Владата за работењето на угостителските објекти. Тоа е барањето што до властите ќе го достави Општина Охрид по денешната средба на охридските угостители со градоначалникот Константин Георгиески и претставници на Локалната самоуправа. Угостителите од Охрид се на став дека најновите мерки за заштита од Ковид-19 не се добро […]

Активни три поголеми пожари: близу „Јасен“, над селата Дивље и Крушје и во прилепско Топлица


Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи до 16 часот на територијата на земјава има шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други се локализирани, а еден е под контрола. Активни се пожарите над селата Раовиќ – Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје […]

Експерти за пожари од Франција на увид на пожарот кај Ласкарци


Во земјава пристигнаа експерти за високо ризични пожари од Франција, од Црна Гора и од САД, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски. Тој нагласи дека со француксите експерти имале конструктивна средба и тие веднаш стапиле во акција. – Ги однесовме на лице место од тло да го видат […]

Времето до крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд, од утре сончево и посвежо


Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град. Нестабилното време ќе се задржи и во вечерните часови, локално во форма на невреме. Во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен […]

Починаа осуммина од ковид, 588 нови случаи


Новиот бран на инфекции не запира – вчера се регистрирани нови 588 случаи од 5.780 тестирања, што е веќе 10,1 отсто од примероците. До пред само две недели, бројот на позитивни беше под еден процент. Починаа осум лица, а оздравени се само 26 пациенти. Бројката на активни случаи надмина 3.000. само во Скопје веќе има […]

Вакцина вчера примиле 14.928 граѓани, досега вакцинирани 552.263 лица


Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација меѓу граѓаните. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се 552.263 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 […]

МОН: Учебната година почнува на први септември, досега вакцинирани околу 60% од кадарот


Министерството за образование и наука интензивно се подготвува за започнување на новата учебна година од 1 септември, во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје. Дополнително информираат од МОН дека досега од вкупно 31.447 лица вработени во училиштата, вакцинирани се околу 60% […]

ЦУК: НИКС системот овозможува размена на информации, слики и видео во реално време


Преку НИКС (Next generation incident command) системот во реално време ги добиваме сите податоци и потоа ги дигитализираме. НИКС системот служи за просторно прикажување податоци во реално време, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференцијата на која беше промовиран НИКС системот. – Имаме визуелна претстава, ја имаме картата на […]

На Табановце за излез од државата се чека околу еден час


На Граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција, а времето на чекање за излез од државата е околу еден час, информира АМСМ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Количествата врнежи во јули 2021 многу под просечните


УХМР соопшти дека количествата врнежи во јули 2021 биле многу под просечните. Најмногу врнежи имало во Лазарополе 83,9 милиметри, а најмалку во Струмица 0,4. Во Маврово се измерени 76,7 милиметри, во Охрид 44,2, во Битола 53,4, во Прилеп 37,8, во Крива Паланка 34,6, во Скопје 31,4, во Берово 3,3, во Штип 2,6, а во Гевгелија […]

Кадриу: Новите материјали за учење албански јазик одговараат на возраста на првачињата


За професорот Вехби Кадриу, изработката на новите наставни материјали за албански јазик за прво одделение била предизвик во кој ги споил теоретското знаење со наставното искуство стекнато во повеќедецениска работа со студентите на Педагошкиот факултет во Скопје, кои се подготвуваат за учители и воспитувачи. На огласот на Бирото за развој на образованието се пријавил заедно […]

Комплекс од десеткатници и бизнис-центри се гради кај новиот мост на Вардар


На површина од 9.440 метри квадратни покрај Вардар, кај новиот мост што се гради зад хотел „Русија“ никнува нова населба со сопствена катна гаража и дури три бизнис-центри. Комплексот го гради „Саник инженеринг“, компанија со 15-годишно искуство. На својата веб-страница, проектот го најавуваат како „рапсодија во зелено и сино“ со оглед на близината на реката […]

Уште гори од Топлица до селото Крстец, пожарот во Катланово со намален интензитет


Активен е пожарот во делот од Топлица кон селото Крстец, и тоа во тешко пристапен терен. Намален е интензитетот на горење кај пожарот во Катланово, а целосно е локализиран оној кај м.в. Бејаз Тепе. На терен е и екипата од Словенија и Австрија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).   Согласно состојба со […]

Ангажирани 623 полициски службеници во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите  


Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.08.2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР се ангажирани околу 650 полициски службеници. Од МВР денеска соопштија дека меѓу нив се и припадници на сите специјални единици на […]

Уште два дена пријавување за реонски попишувачи и инструктори


Утре завршува јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите. Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори беше објавен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август. Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да […]