Шекеринска ќе го отвори Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители


Фото: Б. Грданоски
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе го отвори традиционалниот централен Меморијален турнир во мал фудбал, во чест на загинатите бранители. Турнирот ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, под покровителство на Министерството за одбрана.
 
Меморијалниот турнир е во организација на Здружението на членовите на семејствата на загинатите припадници на вооружените сили и во соработка со Министерството за одбрана и Министерството за  внатрешни работи.
 
На турнирот ќе настапат екипите од Генералштабот на Армијата, од Министерството за внатрешни работи и победнички екипи од одржани локални турнири низ општините.
 
Најавено е и присуството на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.