Одрони го попречуваат сообраќајот на магистралата А3 од Делчево кон М.Каменица


Ситни и поголеми одрони го попречуваат сообраќајот на магистралата А3 во правец од Делчево кон Македонска Каменица. Одроните се најизразени веднаш по свиокот кај делчевскот село Очипала, додека појавата е забележлива на околу 20 места долж патниот правец.

Поради ова сообраќајот се одвива отежнато, на места возачи прават пат да се овозможи движење на едниот дек од коловозот.

Екипи на Македонија пат веќе се на терен и дополнително ги отстрануваат помалите одрони на дел од патот. Оттаму апелираа на крајна внимателност и прилагодување на брзината со условите на патот.