Крушево се разбуди под снег, вее и во Пехчево


Илустрација

Утрово снежна покривка е забележана во Маврово, Попова Шапка и Нижо Поле. Според видео камерите на страницата skimacedonia.mk најдебел слој на снег има на Стрежево и на Попова Шапка.

Снежната покривка се очекува да достигне до 15 сантиметри. Вее и во крајниот источен дел во земјава, Пехчево и околината.

Според најавите на УХМР денеска и утре не очекува студенот време, со врнежи од дожд, додека за време на викендот се очекува мал пораст на температурите и сончеви периоди.

Една читателка објави фотографија на Фејсбук, за есенски предизвик на читачи на книги, но вели дека во Крушево е снежно.