Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези извршени во комплексот клиники „Мајка Тереза“


Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези од починат донор се извршени денеска во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Трансплантацијата на срце е извршена кај 66-годишен пациент за кој немало друга алтернатива и чие срце работело со помалку од 20 проценти, а трансплантациите на бубрези се извршени кај двајца 40-годишни пациенти кои […]

Од Ковид-19 починаа уште 29 пациенти, новозаразени се 1.166


Во последните 24 часа се направени 6.458 тестирањe, а регистрирани се 1.166 нови случаи на Ковид-19:   • Скопје – 375 • Тетово – 159 • Гостивар – 105 • Струмица – 76 • Струга – 75 • Охрид – 53 • Куманово – 44 • Кичево – 43 • Штип – 24 • Кавадарци […]

Шекеринска: Секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне ќе биде регистриран


Секое пристигнување, секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне, секој ќе биде регистриран и за сите ќе бидете информирани, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Тоа се се луѓе на кои треба времено престојување пред да заминат во земјите на нивната крајна одредница, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека е многу […]

Симовски: Небитно е дали попишувачите се вакцинирани кога следат протоколи


 Државниот завод за статистика (ДЗС) е целосно подготвен за отпочнување на најголемата и најзначајна статистичка операција Попис на населението, домаќинствата и становите во 2021 година. Донесени се многу строги протоколи, како да се однесуваме во услови на пандемија и ние гарантираме дека целосно ќе ги почитуваме, изјави на денешната прес-конференција во Влада директорот на ДЗС, […]

Кузевски: И медиумите треба да имаат офицери за заштита на лични податоци


Со новиот Закон за заштита на лични податоци, институциите и фирмите треба да назначат офицер за заштита на личните податоци. – За да го усогласисме нашето законодавство во делот на заштитата на лични податоци со европската легислатива потребни беа Законот за заштита на лични податоци, што започна да се применува денеска, ратификација на Протоколот 223 […]

Земјава ќе згрижи 780 Авганистанци, најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје


Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски. Одговорајќи на новинарско прашање, Арсовски рече дека најголем дел од Авганистанците ќе бидат сместени на периферијата на Скопје. -За толку граѓани Владата презема обврска да обезбеди сместување и да ги згрижи, да помогне полесно да го поминат овој период […]

Посетете ја „Бостание“ – првата урбана градина во Скопје


Првата урбана градина во Скопје, сместена во паркот во Ново Лисиче, од денеска ги отвора вратите за посетители. Градината „Бостание“ е работена согласно со проектот на здружението на граѓани „Зелена арка“, реализиран со финансиска поддршка на Град Скопје, а во соработка со Општина Аеродром, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, Градежниот институт и повеќе општествено […]

МЗ повикува: Млади, вакцинирајте се


 Министерството за здравство денеска соопшти дека се повеќе млади развиваат тешка клиничка слика од Ковид-19 и апелира младите да се вакцинираат.   -Недоволно високиот степен на имунизација, особено кај младата популација, е причина и за сè поголемиот број на хоспитализации во светски рамки. Потпирајќи се на природниот имунитет и добрата здравствена состојба, младите лица ја […]

До вторник трае аплицирањето за субвенциониран студентски оброк


До 31 август трае аплицирањето за субвенциониран студентски оброк, нова бенефиција за студентите во износ од 2.400 денари. Досега аплициале околу 12 800 студенти и првата исплата се очекува на 5 октомври, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска која ги повика студентите да се пријават на конкурсот кој завршува во вторник. За кандидатите […]

(Видео) Хаос на протестот во Холандија против бегалците од Авганистан


  Синоќа во Холандија е одржан протест против бегалците од Авганистан. Протестот во еден момент стана хаотичен па полицијата мораше да ги разбива со сила, јави Би-би-си. Локалните медиуми јавуваат дека околу 250 демонстранти се собрале пред приемниот центар на воениот камп во Харскамп, село источно од Утрехт. Протестот почна мирно, но тензиите пораснаа откако […]

Лекарска комора: Пријавувајте ги докторите кои шират невистини за вакцините


Здравствените работници да се воздржуваат од промоција и споделување на шпекулации и непроверени сознанија, порачува Лекарската комора. Ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат таквите случаи. Објавувањето шпекулации и невистини за вакцинацијата и коронавирусот од страна на медицински работници треба да сопре, апелира Лекарската комора. Реакцијата доаѓа по бројните постови на социјалните мрежи и изјави во […]

Почина 21-годишник од Ковид 19


  Дваесет и едногодишно момче е меѓу шестмината пациенти кои починаа од КОВИД во тетовската болница изминатите 24 часа. Како што вели координатор во Ковид центарот, Гзим Нуредини, од седум часот вчера до седум часот утрово, на болничко лекување се примени вкупно 17 лица, а деветмина се отпуштени од болничко леквање. Имаме починати шест лица […]

Донирани срце и бубрези од почината пациенка – исполнета нејзината последна желба


Уште една пациентка решла своите органи, по смртта да ги донира на оние кои им се потребни. Информацијата ја сподели министерот за здравство Венко Филипче, кој напиша дека утрово, на клиниките за кардиохиругија и урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор. – По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше […]

Нема седење и пиење кафе со попишувачите


Обемната статистичка операција треба да започне на 5 септември и да трае до крајот на месецот. Се очекува со пописот да се види точната бројка на граѓани. После две декади ќе дознаеме и каков е составот на населението по возраст, образование, миграциски, ќе имаме информации и за економските карактеристики, државјанство, вера, мајчин јазик, но и […]

Становите во Битола станаа луксуз, куќите одат за џабе, но никој не ги сака


Битолчани најчесто купуваат станови во градба за да постигнат подобра цена, па за стан од 50 квадрати попустот достигнува и до 5 илјади евра. Куќите најчесто ги купуваат индивидуални инвеститори и градат мали колективни згради, само така можат да ги продадат Анета Блажевска БИТОЛА – Да купиш стан во нова градба во Битола стана луксуз […]

Вчера се аплицирани 14.554 вакцини, досега ревакцинирани 507.443 граѓани


До вчера се вакцинирани вкупно 685.775 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.688 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.554 граѓани.Во државата вкупно се аплицирани 1.193.218 дози вакцини, а ревакцинирани се 507.443 граѓани, информираат од Министерството за здравство, додавајќи дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. […]

Лекарската комора повикува да се пријават лекарите кои шират невистини за вакцините против Ковид-19


Четвртиот бран на Ковид-19 зема сериозен замав, расте притисокот врз здравствениот систем за обезбедување на потребен третман на зголемениот број на новозаболени. Во такви услови Лекарската комора на РСМ се обраќа до пациентите, здравствените професионалци, стручните здруженија и надлежните институции да преземат итни чекори за да се намалат штетните последици по здравјето на луѓето. Во […]

Последен ден за пријавување за реонски попишувачи


Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите трае уште денеска. Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk. Конкурсот беше отворен на 20 јули, но потоа беше продолжен до 25 август. Државниот завод за статистика, информира дека ќе биде […]

Расте бројот на Ковид-болни и на починати


Секојдневно е во пораст бројот на починати како последица од коронавирусот – во изминатото деноноќие беа евидентирани 32, од кои најмладиот на 32 години од Делчево. Владата вчера на седница ги дополни важечките антиковид-мерки. Донесена е одлука нашите граѓани кои по 1 септември ќе влегуаат во државата да поминат седум дена во карантин доколку немаат […]

Македонија и Косово ќе склучат договор за правна помош во граѓанските предмети


Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово и на средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу ќе потпише договор за заемна правна помош во граѓанските предмети. Министерството за правда соопшти дека помеѓу двете држави постојат тесни економски, политички, културни и други врски, поради кои е потребно олеснување […]