Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до […]

Се укинува забраната за движење во шуми, засилени контроли за спречување пожари на отворено


Се укинува забраната за движење во шуми и шумски предели, одлучи Владата на денешната седница. За заштита и за спречување пожари на отворено, ќе се спроведуваат засилени контроли од страна на МВР и Шумската полиција. -Како што соопшти владината прес-служба, врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за […]

Од 1 септември влез во земјава само за вакцинирани, прележани до 45 дена или негативен ПЦР тест


Од 1 септември домашните и странските државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19, Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, […]

Тежок вторник: 32 починати, 1210 новозаразени со Ковид-19


Нови 1210 случаи на КОВИД-19 од 7084 тестирања  се регистрирани во изминатите 24 часа, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Починале 32 пациенти на возраст од 32 до 79 години, а оздравени се 451.   Како што соопшти вечерва Министерството за здравство, 464 од новозаразените се од Скопје, во Тетово – 177, Гостивар – […]

УСС на УКИМ: Комбиниран модел на предавања во зимскиот семестар од 2021/2022


Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објави дека за предавањата во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 гоидна ќе се применува комбиниран модел на настава (онлајн и со физичко присуство). Испитната сесија која е во тек исто така продолжува комбинирано, посочува УСС, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн […]

Локализиран пожарот на планината Готен, помали интервенции и на други локации


 Регионалниот центар за управување со кризи на Штип информира дека е локализиран пожарот во атарот на селото Владимирово, општина Берово на планината Готен. Во однос на другите градови, забележани се помали интервенции, при што противпожарните екипи дејствувале веднаш, информира Илија Бојаровски од ЦУК на денешната прес-конференција. -Во врска со пожарот на планината Готен, станува збор за […]

Аеродром редовно ја чисти станицата за кабаст отпад


Општина Аеродром, согласно со своите капацитети и можности, редовно ја одржува станицата за собирање кабаст отпад. Чистењето на оваа станица се одвива според определен распоред и динамика.   Комуналните служби на општината постојано се на терен и согласно со процените, го чистат просторот.   „Општинската администрација вложува максимални напори да ја одржува хигиената во општината […]

МЖСПП почнува кампања за Малешевијата да стане заштитен предел


Под мотото „Да го зачуваме Малешево за идните генерации!“, Министерството за животна средина, заедно со Македонското еколошко друштво, „Национални шуми“ и со општините Берово и Пехчево, започнаа кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел. Кампањата ќе трае во следните десет дена, ќе опфати промоција на видеа, илустрации и други промотивни содржини, по што ќе […]

(Видео) Прес на ЦУК


Проследете го пресот на Центарот за управување со кризи во врска со пожарите:

Попладне и утре повремен пороен дожд и грмежи


Кон крајот на денов и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму посочуваат дека утре и в четврток ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од […]

МЗ: Вчера се аплицирани 14.712 вакцини, прва доза примиле 13.108 граѓани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 674.510 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.108 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.712 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.177.911 дози вакцини, а […]

Почина академик Иван Доровски, неуморен промотор на македонската литература и култура во Чешка


Рано изутринава почина Иван Доровски, професор на Катедрата за балканистика на универзитетот во Брно и голем и неуморен промотор на македонската литература и култура во Република Чешка, преведувач на бројни македонски литературни дела на чешки јазик. Доровски е роден во 1935 година во костурското село Чука, Егејска Македонија. Споделувајќи ја судбината на многу негови врсници, […]

МОН: Првиот дигитален учебник по математика е инклузивен, го јакне натпреварувачкиот дух и тимската работа


Внесена е иновација во приодите за учење математика во функција на остварување повисоки постигања на учениците и зголемување на функционалната писменост по математика. Ова го велат авторите на првиот дигитален учебник по математика за четврто одделение, проф. д-р Татјана Атанасова – Пачемска и наставниците Валдета Алија и Добри Јовевски. -Приодот кој го има низ целиот […]

Изменет сообраќаен режим на делниците Бучим – Радовиш и Маврови Анови – Жировница


Поради изведување градежни активности на експресниот пат А4 Штип-Радовиш, денеска од 17:00 часот сообраќајот на потегот Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена бризна од 30 до 60 километри на час, информира АМСМ. Пренасочувањето, прецизира, се врши поради изведување на асфалтерски работи на овој потег на главниот пат. Поради асфалтирање на […]

Стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци


Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените. Со примената на овој Закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 […]

Подготовки за одбележување на Успение на пресвета Богородица во Матка


Православните христијани на 28 август го одбележуваат еден од најголемите празници Успение на пресвета Богородица. Во предвечерието на празникот и на самиот ден Скопјани најчесто го посетуваат манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, каде и годинава одбележувањето ќе биде согласно со мерките за Ковид-19. Одбележувањето започнува на 27 август во 17 часот со Вечерна […]

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност […]

Црна ковид статистика: 27 починати и 333 новозаразени


Во последните 24 часа се направени 3.022 тестирањe, а регистрирани се 333 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 206 • Гостивар – 33 • Куманово – 19 • Кичево – 13 • Струга – 10 • Струмица и Дебар – по 9 • Прилеп – 7 • Тетово, Кавадарци и Охрид – по 5 […]

Ги пресекле цевките за довод на кислород во тетовската болницата и им го загрозиле животот на 120 пациенти


Вработените во тетовската болница утринава увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа нема последици по пациентите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка. -Изгледа имавме среќа сите […]

Лекарската комора ги следи написите на докторите антиваксери и ќе излезе со став


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека Лекарската комора ги следи написите на оние доктори кои се против вакцинацијата и најави дека ќе излезе со свој став. – Лекарската комора сериозно ги анализи овие написи и ќе излезе со свој став, истакна Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали има законска можност да се санкционираат […]