Недостасува мерна опрема и квалификувани кадри за хидролошкиот мониторинг врз езерата и реките


Недостатокот на човечки капацитети и основни мерни инструменти се главните причини за недоволно развиениот хидролошки мониторинг на природните езера, реките и акумулациите во Македонија. Оттука, се доведува во прашање колку е адекватна и како се спроведува законската регулатива за управување со водните ресурси, колку се ефикасни јавните политики и дали соодветно се распределуваат јавните средства […]

Ќе се разгледа можноста македонските државјани да можат да прават ПЦР – тест на граница


Македонските државјани кои ќе се затекнат на граница од 1 септември натаму, а не се вацинирани или немаат ПЦР – тест ќе мора да одат во седумдневна изолација, но властите најавуваат дека би можело повторно да се разгледа оваа мерка. Министерот за здравство денеска најави дека ќе се размисли за тоа дали може вакви тестови […]

Спасовски: Бидете спокојни, нема безбедносен ризик од Авганистанците


Министерот за внатрешни работи,Оливер Спасовски, порача денес дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи сите бегалци од Авганистан, што ќе дојдат организирано во земјата, ќе бидат проверени и одобрени, при што нашите служби се во постојана комуникаците со меѓународните. Колку е апсурден стравот од нивното доаѓање тој го илустрираше со два факта – дека за […]

Заврши пасошката голгота на иселениците, амбасадите отсега ќе земаат податоци


Министрите за надворешни и внатрешни работи, Бујар Османи и Оливер Спасовски, денес промовираа 15 базни станици кои почнаа да се инсталираат во дипломатско-конзуларните преставништва на Македонија во странство и со кои ќе се реши, како што рекоа, 30-годишната голгота на нашите иселеници при вадењето патни исправи. Досега, нашите иселеници мораа да дојдат во земјата за […]

Глигорова: Дали детето ќе учи во училница или онлајн, да биде одлука на родителот


Дали детето ќе следи настава во училница или, пак, ќе следи часови од дома, да биде избор на родителот, побараа денеска пред Владата претставници на движењето „Поддршка за онлајн настава“. Оваа група на Фејсбук има 15.000 членови, кои секојдневно реагираат за начинот на кој е најавено дека ќе започне реализацијата на часовите од 1 септември. […]

Иницијатива за ставање на името и делото на Мајка Тереза под заштита на државата


Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје покренува иницијатива со која се бара да се стави под заштита на државата името и делото на Мајка Тереза со што сметаат ќе и се даде заслуженото место на нејзиното наследство во нашата колективна меморија.   Директорот на Институтот Скендер Асани на денешната Свечена академија […]

Скопје се гради со усул


Премиерот Зоран Заев не се согласува со констатацијата дека Скопје продолжува да се гради без почитување на урбанизациски начела, туку напротив смета, дека сега Скопје се гради со усул. – Скопје сега е поинаква приказна зашто застана мегаломанството. Ветивме дека Скопје ќе продолжи да се гради, но дека ќе се откажеме од мегаломанските проекти. Сега […]

Недостасува мерна опрема и квалификувани кадри за хидролошкиот мониторинг врз езерата и реките


Институциите кои вршат хидролошка дејност немаат доволно техничка опрема и човечки ресурси за мониторинг на езерата, реките и акумулациите во земјава, покажува извештајот од мониторингот спроведен од страна на Центарот за економски анализи и Институтот за комуникациски студии. Мониторингот направен врз четирите институции задолжени за хидролошка дејност покажува дека Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) не […]

Не се разговара за карантини или посебни ограничувања


Премиерот Зоран Заев денеска рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава. – Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по […]

Заев: Со згрижувањето на Авганистанците ќе ја испратиме пораката за хуманост и солидарност


Вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава зашто бројката постојано се менува како што вчера се откажаа дел и заминаа на други дестинации, рече денеска премиерот Зоран Заев. Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, напомена Заев, ќе ја испратиме клучната […]

Попис ќе има! За Заев тој живот значи


Пописот н на населението е предвиден да се одржи од 5 до 30 септември годинава, а иако до денеска едвај се присобраа попишувачи, премиерот Зоран Заев уверува дека и тоа е надминато.  – Пописот почнува на 5 септември. Само, ве молам дајте да бидеме сериозни. Попис има, мора и ќе има. После 20 години, сме […]

МЗ: Вчера 13.303 граѓани се вакцинирале против Ковид-19


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.303 граѓани.   Како што соопшти Министерство за здравство, во државата […]

(Видео) Автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ ќе биде нов симбол на Скопје


Во наредните 18 месеци се очекува да биде готов автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ што ќе ги поврзува улицата „Скупи“ со булеварот „Илинденска“. Мостот вреден шест милиони евра, ќе биде широк 24 метри и четири коловизни ленти, пешачки и велосипедски ленти од двете страни, а ќе значи нова врска и спојување на градот, граѓаните и нивна […]

(Во живо) Почеток на изградбата на висечки мост – изјава на Заев


Проследете ги изјавите на премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев на почетокот на изградба на висечки автомобилски мост преку Вардар од „Љубљанска“ до „Скупи“.

МОН: Годинава трошоците за набавка на учебници намалени за 10 милиони денари


Педагошката служба и преговарачкиот тим на Министерството за образование и наука оваа година успеаја по пат на преговарање за 10 милиони денари да ја намалат вкупната цена за набавка на учебниците кои согласно актуелното законско решение кое ја регулира оваа област се одобрени да се применуваат во училиштата во државата, а за кои МОН не […]

Од денеска вакцинација и во малата сала на A1 СЦ Борис Трајковски


Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала на A1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.   Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин.   Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови […]

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 10.600 места за идни студенти


На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места. Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021, а на оние кои се рангираат според успехот […]

Младите на удар на четвртиот бран од пандемијата, се апелира на вакцинација


Четвртиот бран на пандемијата зема се поголем замав. Почина 21-годишно момче во Тетово кое немало хронични заболувања. Од Министерството за здравство апелираат младите да се вакцинираат за да не развиваат тешки форми на болеста, а од Лекарската комора, поради немање национални протоколи, побараа од надлежните институции и лекарските здруженија да споделуваат стручни совети за сите […]

Почнува изградбата на првиот автомобилски висечки мост „Љубљанска“ 


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со првиот заменик–премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и заменик–претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе направат увид на отпочнувањето на изградбата на мостот „Љубљанска“.  – Се работи за прв автомобилски висечки мост во Скопје вреден шест милиони евра обезбедени од програмата ТАВ, кој ќе ги […]

Променливо облачно, посвежо со повремен пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 […]