Техничките застои за пописот се надминати


Заклучно со вчера до 20 часот попишани се 512.457 лица, 158.519 домаќинства и 212.464 станови. Масовниот одѕив покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе за собирањето податоци, важни за креирање на заедничката иднина. Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември, информира […]

Завршува вториот дел од реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“


Општина Центар го завршува и вториот дел од улицата „Народен Фронт“ во населбата Капиштец. Со реконструкцијата целосно се уредува коловозот, на површина од вкупно 11.542 метри квадратни, а опфатени се и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите. Покрај коловозот, на „Народен Фронт“ се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и […]

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено


Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ повикува на проактивност и мобилност од страна на Министерството за образование во образовниот систем, и бара да се воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата за да се спречи неконтролирано ширење на вирусот во училиштата. -Свесни сме и имаме голем број  информации кои до нас пристигнуваат како […]

Почувствуван земјотрес во Виница и околината


Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,4 степена е регистриран ноќеска во 00 часот и 21 минути во епицентралното подрачје Делчево-Берово, на 100 километри источно од Скопје. Земјотресот е почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Шекеринска на средба со министрите за одбрана за одбрана од Западен Балкан и Австрија


Министерката Радмила Шекеринска денеска во австрискиот град Кремс учествува на конференција на министрите за одбрана од Западен Балкан и Австрија, посветена на соработката во регионот и неговите перспективи во ЕУ. На конференцијата министрите ќе потпишат заедничка Декларација за соработка и дијалог која опфаќа повеќе активности за одбранбена соработка во јакнењето на отпорноста на регионот, едукацијата, […]

Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид


Поради изведување градежни работи на пат – минирање и дупчење на косини во двата правци, денеска ќе има прекин во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан. Како што информира ЈП „Македонија пат“, прекинот на сообраќајот ќе биде во времетраење од 15 до 20 минути во периодот помеѓу 11 и […]

Сончево со локална облачност, температурата до 35 степени


Времето денеска наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност, претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје времето ќе […]

Скопје го пречека „Европскиот воз“ на неговото патување низ градови во 26 земји


„Европскиот воз“ вечерва пристигна на железничката станица во Скопје, во рамки на глобалниот настан „Connecting Europe Express“ со кој се одбележува Годината на железницата, како еден од најодржливиот, најбезбеден и иновативен начин на транспорт. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој со возот вечерва пристигна од Белград каде учествувше на Самитот посветен на развој […]

ДЗС: Заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица


Заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица, објави денеска Државниот завод за стаистика и информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. – Попишани над 500.000 граѓани! Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат […]

Регистрирани уште 183 заболени од Ковид-19, починаа 18 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 132 • Куманово – 13 • Кавадарци – 6 • Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3 • Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2 • Гостивар, Штип, Кочани, […]

Нуредини: Со црногорскиот министер Митровиќ разменивме искуства и најдобри практики за заштита на животната средина


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска е домаќин на висока делегација од Министерство за животна средина, просторно планирање и урбанизам на Република Црна Гора предводена од министерот Ратко Митровиќ. На официјалната средба министерот Нуредини изрази задоволство што, иако досега не е остварена поголема соработка со Црна Гора на полето животната средина, […]

Одржани пензионерски спортски натпревари во Аеродром


Вчера на спортското игралиште во основното училиште „Александар Македонски“ во Општина Аеродром се одржаа 25. регионални спортски натпревари, на кои учествуваа над 200 пензионери од пензионерските здруженија од Град Скопје. Пензионерските спортски игри, што ги организираше здружението на пензионери „Солидарност – Аеродром“ со поддршка на Општината, содржеа 5 дисциплини – трчање на 60 метри за […]

ОЈО ќе ја анализира целокупната документација за градбата на модуларната болница во Тетово


Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во модуларната Ковид болница, кога 14 лица го загубија животот во пожар. И покрај досега издадените мерки и писмени наредби за вештачења, донесена е писмена наредба до Министерството за здравство на Република Северна Македонија за предавање на целокупната документација по однос […]

Шахпаска: Со измените во Правилникот за исхрана придонесуваме за правилен раст и развој на децата во градинките


Работната група формирана со цел ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска го одржа првиот работен состанок во Клубот на пратеници. Иницијативата е на Министерството за труд и социјална политика во соработка со компанијата Ново Нордиск и поддршка на УНИЦЕФ. На состанокот, како што информира МТСП, се разговарало за изнаоѓање […]

Температурите до 35 степени, кон крајот на неделата услови за пороен дожд


УХМР најавува дека следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела, како што информира, ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер. Утре минималната температура ќе се движи од 4 до 15 степени, а максималната ќе достигне 35. Во Скопје […]

Во среда ќе се прска против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда ќе почне авионска и терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје. Авионското прскање против комарци ќе се врши на 15.09.2021 година (среда) и на 16.09.2021 година (четврток), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 15.09.2021 година (среда) до 19.09.2021 година […]

Илир Хасани се врати во операциона сала


Денес д-р Илир Хасани сподели фотографија на социјалната мрежа Фејсбук со која ја извести јавноста дека им се враќа на своите работни обврски, но овојпат како лекар специјалист по општа хирургија со субспецијалност трауматологија. По пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени, оставка од морални причини поднесоа […]

Заев не гледа одговорност за цела влада во Тетово


Премиерот Зоран Заев  не мисли дека цела Влада треба да си поднесе оставка поради несреќата во Тетово, а за понудените оставки на министерот Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани, директорот и економскиот директор на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми ќе се произнесе откако ќе заврши истрагата. Тој посочи дека нема информации до каде […]

Тетовчанец тврди дека во тетовската болница немало апарати за заштита од пожар


Ибин Емшиу, кој во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат, тврди дека плаќал на персоналот по 1.000 денари дневно за да се грижат за нив, дека во болницата немало апарати за противпожарна заштита и дека пожарот избувнал под креветот на соба 3.   Неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална […]

ДЗС: Попишани вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови


Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до […]