Возачот носел туби со нафта во предниот дел на автобусот

„Автобусот излетал и пукнала предната десна гума, па се влечел, имало излевање гориво и бидејќи работело парното на автобусот, оттаму дошла до несреќата од која настанал пожарот. Пожарот настанал од предниот дел на автобусот бидејќи задниот дел е речиси зачуван“, изјави за БНТ Васко Пиргов, експерт за мотори со внатрешно согорување, кој пристигна во првите минути по несреќата на автопатот Струма.

Според Пиргов, возачот по се изгледа имал туби полни со нафта (најверојатно дизел)  до предните седишта поради што дошло до екплозијана и се запалил автобусот.

-Од кај парното почнал пожарот. Патот беше полеан со нафта, рече Пиргов.

Дваесет минути претходно автобусот правел пауза на бензиска станица, па според проценката на Пиргов, веројатно потоа го згрешил патот и нагло свртел, бидејќи во тој дел немало како да се излизга од патот.

-Автобусот удрил во предната десна гума на знак што леташе 45 метри напред. Површината на патот беше совршена, автобусот не можел да се лизне. Нема знаци за сопирање, нагласи тој. Исклучуваме дека возачот заспал. Од бензинската пумпа до местото е околу 20 минути. Претпоставувам дека го погрешил патот, нагло го свртел воланот, ја забил предната гума во знакот и таму се случила трагедијата, додаде тој.

 Причина за несреќата, според него, најверојатно е грешка на возачот, кој се изгубил на заобиколен пат за да се одмори на автопатот, разделен со „остров“ со заштитна ограда.

-Возел со над 100километри на час, врнеше дожд, температурата беше околу 9 степени, немаше лизгави делови, објасни Пиргов.

-Сосема е можно знакот (за „островот“) да недостасува или возачот заспал и не го видел“, изјави за БТВ Дијана Русинова од Центарот за европска транспортна политика.

-Овој знак, дури и да е скршен, треба да биде некаде на местото на несреќата, но не се гледа, истакна таа. Мора да се види и степенот на рефлексија на светлината на знаците и зошто работ на „островот“ е толку висок. Знаците кои предупредуваат на овие „острови“ се поставени превисоко, објасни Русинова.

Друг експерт за бугарските медиуми изјави дека возачот поминал 350 километри од границата со Турција  до местото на несреќата за помалку од четири часа, при што правел и пауза, и тоа во ноќни услови, сугерирајќи дека се движел со големи брзина. 

Со патниците се сретнал и бугарски туристички водич кој изјавил за медиумите дека повеќето од патниците биле од албанско потекло и биле државјани на Македонија што работат во странство.