Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“


Општина Центар во наредните денови ќе ги заврши третата и четвртата фаза од целосната реконструкција на улицата „Орце Николов“. Двете фази го опфатија делот од раскрсницата со улицата „Наум Наумовски – Борче“, до првиот влез на Министерството за одбрана. Во овие две фази стариот и оштетен коловоз е заменет со нов, високо-квалитетен асфалт, реконструирани се […]

Поради градежни работи утре времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид


Поради изведување градежни работи на пат – минирање и дупчење на косини во двата правци, ќе има прекин во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан. Како што информира ЈП „Македонија пат“, прекинот на сообраќајот ќе биде во времетраење од 15 до 20 минути во периодот помеѓу 11 и 14 […]

Активни 13.412 случаи, надлежните повикуваат невакцинираните да се вакцинираат


Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.412 од кои најголем број или 5858 се во Скопје. Во Тетово има 1184 активни случаи, во Куманово – 898, во Гостивар – 688, во Струга – 620, во Охрид- 590, во Струмица – 565, во Кичево – 483… Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, […]

Сончево со мала облачност, температурата до 32 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб слаб до умерен, а во северниот дел од Повардарието и засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја можна е ретка појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе се движат од 26 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. […]

ЦУК: Утре и задутре без струја дел од корисниците во Волково, Лисиче, Карпош и Сарај


В понеделник и во вторник без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров, Аеродром, Карпош и Сарај. Од Центарот за управување со кризи информираат дека утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на село Волково улица „24“, општина Ѓорче Петров и тоа во период од 10 до 14 […]

„Тиквеш“ продолжува со откупот на грозје според објавените критериуми и цени


По отстранувањето на синоќешните блокади „Тиквеш“ денеска продолжи со откуп на грозје од оние кооперанти кои согласно утврдената динамика беше планирано и беа повикани да го предадат грозјето во текот на вчерашниот ден, информираат од компанијата. – „Тиквеш“ е единствената винарница во земјава која и оваа година дефинираше највисока цена, ја почитуваше договорената цена за […]

Регистрирани 464 нови случаи на Ковид-19, починале 23 лица


Во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје – 225, Куманово – 42, Струмица – 35, Штип – 27, Велес – 24, Охрид – 21, Прилеп – 15, Тетово – 10, Свети Николе – 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Кавадарци, Кочани и Кратово […]

До вчера попишани над 300.000 граѓани


Процесот на попишување продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, со што заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, попишани се 308 551 лице, информира денеска Државниот завод за статистика (ДЗС), додавајќи дека само вчера биле попишани 114 308 лица. – Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги […]

Првиот дигитален учебник по историја и општество за 4-то одделение нуди учење преку ситуации од секојдневниот живот


Материјалот за учење по предметот историја и општество за четврто одделение којшто е во дигитална форма нуди ситуации и примери од секојдневниот живот коишто се блиски до возраста на дечињата. Неприметно и на интересен начин преку содржините се воведуваат во критичкото размислување и учење од искуство, велат авторките Гликерија Илиоска и Анита Ангеловска. Илиоска истакна […]

Стевановиќ: Модуларните болници спасија многу животи, верувам дека се безбедни


Илјадници пацинети кои се лекуваа беа спасени, вели во интервју за РСЕ директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, откако пожарот во Тетово однесе 14 животи. – Видете, јас верувам дека се безбедни. Сите тие имаат свој технички прием и градежни документи без никаква замерка. Еве да зборувам за модуларната болница која има капацитет дури од 70 […]

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа денеска 10 часа без струја


Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа денеска од 8:00 до 18:00 часот ќе бидат без напојување со електрична енергија, поради реконструкција на дистрибутивната мрежа. Како што информираат од „ЕВН Македонија“, во вој период екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во […]

Сообраќајот умерен по суви коловози, нема подолги задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост, почнувајќи од петокот, па во наредните 10 дена, собраќајот ќе се одвива […]

Бројот на активни случаи со корона-вирус се искачи на 13.406


Продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјава, па така во претходното деноноќие се регистрирани 609 нови случаи со што вкупниот број на активни на корона-вирусот се искачи 13.406 лица. Во истиот период регистрирани сe 347 оздравени пациенти, како и 22 починати лица, сите во болнички услови. Надлежните со постојани апели за вакцинација, […]

Едукативна интерпретациска тура низ неолитското село и музеј Тумба Маџари


Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ денеска организира интерпретациска тура низ неолитското село и музеј Тумба Маџари. Во рамките на прошетката преку интерпретација и игри и загатки сите посетители на оваа невообичаена едукативна тура ќе имаат можност да се стекнат со искуство од прва рака, додека во живо ги посетуваат реконструираните домови […]

Времето облачно, на југозапад со услови за дожд, температурата до 29 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно, при што во југозападните делови на земјата ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Максималните температури ќе се движат во интервал од 20 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 5. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со дневна […]

(Фото) Тетовци им одадоа почит на починатите во пожарот и побараа одговорност


Тетовци денеска преку марш им оддадоа почит на починатите во пожарот што ја зафати модуларната болница и побараа одговорност за 14 згаснати животи. Тие на плоштадот во Тетово симболично засадија 14 дрвја, а во изгорената модуларна болница поставија венец, свежо цвеќе, а во чест на жртвите во пожарот имаше и едноминутен молк. Инаку, откако пристигнаа […]

Пожарот кај Велес се уште активен, гори нискостеблеста шума, трња и габер


Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, кај село Сл’п, кој започна вчера во 13 часот и нaтаму е активен, информира Центарот за управување со кризи, додавајќи дека огнот зафаќа површина од околу 200 хектати и дека горат нискостеблеста шума, трња и габер. Моментално на терен се екипа од Шумското стопансрво „Бабуна“ со 10 вработени и шест пожарникари […]

Без вода три згради во скопската населба Аеродром


 Поради уличен дефект на цевка Ф-200 милиметри на булевар „Јане Сандански“ број 107 во Општина Аеродром, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците на три згради на овој булевар и тоа броевите 113А, 107 (први влез) и 111, додека останатите згради ќе имаат намален притисок. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето е прекинато […]

Со Ковид-19 заразени се уште 609 луѓе, а починаа 22 пациенти


Во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 276 • Куманово – 50 • Струмица – 36 • Штип – 21 • Велес – 20 • Охрид и Кавадарци – по 18 • Гостивар и Битола – 17 • Кичево, Струга и Радовиш – […]

Се реконструира улицата „АФЖ“ во Бутел


Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, направи увид на тековните работи поврзани со реконструкција на дел од улицата АФЖ, во Радишани. Работните активности се во полн ек, при што ќе се афсалтираат речиси петстотини метри од оваа улична инфраструктура во населбата. – Патната инфраструктута, креирање на нова и оджувањето на постоечката, е од клучно значење […]