Синдикатите бараат да им ги платат слободните денови за вакцинирање и ПЦР тестовите


 

 

-Разговаравме за некои нивни предлози. Мерките  да важат 15 денови по моментот на донесување заради едукација на членството во синдикатите, да бидат дадени два платени слободни денови за вакцинација и ПЦР тестот кој треба да се прави да не биде на сопствен трошок, туку на сметка на работодавачите. За сите овие предлози ќе дискутираме на утрешната седница на Владата, рече министерот Филипче.

 Со претседателот на синдикатот за здравство, исто така, била утврдена правната основа врз основа на која може вакцинацијата кај здравствените работници да биде задолжителна, а тоа се одредбите во правилникот за имунопрофилакса, имајќи ја предвид специфичноста на ситуацијата, врз основа на кој сите здравствени работници во наредните 30 дена би се вакцинирале.

Претседателот на Сојузот на синдикатите, Дарко Димовски, изјави дека тој лично е вакциниран и не гледа зошто и другите не би се вакцинирале.