Заев разговарал со еден од патниците, имало експлозија


Премиерот Зоран Заев и министрите Венко Филипче и Бујар Османи се пред болницата „Пигоров“ каде што се згрижени преживеаните од несреќата во Бугарија. Заев даде изјава за новинарите во која рече дека зборувал со еден од патниците во автобусот кој му соопштил дека сите спиеле кога се случила експлозија.

Тројца од нив според премиерот успеале да искршат еден од прозорците и неколку да се спасат. Тој им порача на бугарските власти дека ќе бидеме благодарни ако ги откријат причините за инцидентот и ги споделат со македонската јавност.  

Тој исто така соопшти дека меѓу загинатите има едно цело семејство како и двајца странски државјани – еден со белгиско и еден со српско државјанство.